Што ако не ја прифаќаат вашата врска?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Чекај сега, како тоа те ожениле - и ти збореле против девојката?! (n)

Па ако во нивно време значело ако си во врска на твојте 18/19/20 год треба да се омажиш/ожениш со таа личност... сега грешат ...21 век сме...колку што знам од партнерите се очекува да си одлучат сами кога им е време за брак ... Ме убедуваа како јас неа ќе ја земам за жена -.- ...па ако ми биде супер зашо па и да не :D ... Дознале дека нејзините родители биле дел од различни религии ... и почна да им смета одеднаш...А до предтоа кога и да дојдев со неа им беше супер и само добри и позитивни зборови слушав . Ја си го бирам партнерот со кој треба да бидам во врска и да продолжам да живеам , а не они ...

Чести исклучоци на постари луѓе што немаат вакви предрасуди...
 
90% врска немате за што правите муабет, што е нормално зошто никогаш не сте се ставиле во таква ситуација, што најверојатно е и полесен начин. Вие паѓате под стереотипи, не зошто верувате во нив, туку зошто е тешко да се живее против нив. Значи, коа си во врска која општеството во кое живееш не ја прифака бидејки живее во некоја си ретардирана идеологија за да верува дека не е бедно, процесот иде вака:
- Единствени луѓе што нема ни да им текне да те осудат се оние кои или ич не ги интересира пошо не патат од малограѓански синдром, или се спремни да закопуваат мртов труп со тебе. И меѓу овие луѓе што те подржуваат, дали двајца би се осмелиле да го направат истото што и ти.
- Прво по што ќе приметиш дека нешто не е во ред е прашањата: А дали знаат твоите?; Што е?; и одговори како аха, ок, ти си знаеш. Никој од луѓето што те осудува нема да те праша А како ти е, дали е добар? Тоа што повеќе ќе те изненади е тоа што се фаќаш себе си како се правдаш и се срамиш, не од партнерот, туку од овие ограничени анонимуси и од тоа дека ќе те осудат. И чувствуваш вина, константно, зошто партнерот не го заслужува тоа.
- Јас им кажав на моите не затоа што планирам да се мажам, туку зошто стојам позади тоа дека немам апсолутно ништо да кријам, затоа што не правам ништо лошо. Тука иде процес на убедување и секој си стои на своето. И чувтсвуваш срам од нив, константно чувство дека си ги разочарал а и они те разочарале тебе. И за да се помрдне ова, доаѓа период на игнорирање на фактот дека си во врска, што е случај кај мене, или ти забрануваат да се гледаш, па почнуваш од почеток со криење или прекинување на врската.

Јас тргам од тоа дека морам да бидам подобра од моите родители, и дека тоа што тие имаат аргументи против мојата врска е неприфатливо и недозволиво, и тоа мора да се смени! Затоа и продолжувам и покрај константно чувство на срам и вина. Не смее обидот за идеално функционирање на некој човек да претставува револуција, тоа е срамно за општеството и мора да се промени.
 
Родител ко родител си дозволува во се да контролира па сака да држи контрола и во бирањето на партнерите.
"На кого е тој сине? " И ред такви прашања и подпрашања.
Мене ме прашувале но не и да делувале врз мене.За се сама сум су одлучувала.
Но ете во една ситуација можам да речам дека биле во право.
 
Имам 5 годишна врска во која немам видено еден бел ден... Моите не сакаат ни да чујат за мојот дечко.Тој е од село па сега зошто е од село,не е запишан на факултет ... бла бла бла ... и уште ред други работи што не можам веќе ни да ги зборам ... Незнам уште на кој форум не сум пишала за овој мој 5 годишен проблем ... И веќе приметив дали тоа веќе само ми доаѓа од постојано зборење не е за тебе,не е за тебе ... почнав некои рачки да наоѓам да се карам,да се расправам со него за да дојде до крај на врската незнам како да му раскинам ... А кога сме скарани-раскинати(неколку пати така на краток период) не можам без него,ќе се смириме ли и пак нешто се закачам јас едно,друго ... и веќе незнам кој пат да го фатам искрено да ви кажам ... Прочитав слична приказна како мојата по горе напишана од Шмекерот и се препознав во неа,туку речи иста е ... Јас веќе дури незнам ни дали го сакам како предходно...едноставно незнам како се чувствувам после оваа 5 годишна тортура врз мојата врска(ако навистина може да се нарече ВРСКА)... На никој господ да не му даде вакво нешто!!! :(:(:(
 
Врските не се за глупи луѓе.
Не се форсирај, живеј си за твоите, за комшиите, за фејсбук... ко сите нормални.
Раскини.
 
Јас за среќа имам такви родители кои никогаш не ми се мешале во изборот на девојка, само ми дадоа еден совет во врска со изборот на девојките, а тој е: Сине внимавај со каква ќе се фатиш, зошто ако не ти се погоди, ти после ќе си ги трпиш јадовите од неа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom