Извине те ми ама мислам дека вакво препукување мегу себе за ваков случај кој се случи денес е непотребен.
Препукување? Абе луѓе не работата што ке се препукуваме овде на форумов...можеме да јадеме г...а цел ден. Проблемот е многу поголем одошто ви се чини ама тоа на некои воопшто не им е грижа. Тие се убедени во некои свои идеи и идеали и како овци преку река кога една ке почне да ја гази...сите по неа. ррррррррррррррррр..
Јас се сочувствувам со секоја трагедија што ке се случи во Македонија па и со оваа.
Барајќи информации за случајот наидов на усте една трагедија.
Трагедија во Битола, два млади животи згаснаа, а 4 малолетни деца останаа на улица. Фатени за раце невенчаните сопружници Ерџан и Ариета, се фрлија во 30 метри провалија, над населбата Баир во Битола.
Осум часа заробен во овој тоалет, така ја поминал ноќта чуварот на велешката библиотека, кога доцна синоќа разбојник му вперил пиштол во главата.
Според информации од истрагата, Сенат Мифтари се обесил во приемното одделение на тетовскиот затвор, околу 12 часот напладне. Полицијата го привела вчера во тетовската населба Дреновец во која Мифтари живеел.
Брат го уби родениот брат во Куманово, а потоа си пресуди самиот со куршум во глава. По четириесет години хармонија во семејната куќа на Алексоски, утрово околу 6 часот, истрели од пиштол ги разбудиле најблиските.
50-годишниот Иван Божинов, вознемирен од одлуката на Основното обвинителство во Кочани да ја отфрли пријавата против возачот на камионот што учествувал во сообраќајната несреќа во која загинал неговиот син, реши да се пресмета со институциите.
Машки труп изутрината во 8 часот е изваден од водите на реката Вардар кај новиот мост од страната на населбата Ќерамидница во Скопје.
Скоро една година телото на 51-годишниот Тодор Ангелески се распаѓало во близина на мариовското село Чаниште.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата И.В. (1973) и З.В.(1991), двајцата од селото Велешта, за “насилство,, и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.
На улицата „Џон Кенеди“ во скопската населба Чаир ноќеска околу 3 часот и 30 минути по полноќ е потпален дел од маркетот „Кам“.
Ова се секојдневните информации кои можеме да ги видиме и прочитаме по вестите. Ова е нашата реалност која некој или неможе ама најверојано не сака да ја согледа затоа што така му одговара. Епа каде ги гледаш овде партиските препукувања ти се молам??