lady_QUEER
I love life.
- Член од
- 28 март 2009
- Мислења
- 521
- Поени од реакции
- 28
Оооо убавке,другата верзија ја знам:smir:Неколку жени допатувале на одмор и влегуваат во хотел на чии врати пишува " САМО ЗА ЖЕНИ ". На рецепција симпатично момче им објаснува на присигнатите гостинки:
- Хотелот има пет спратови. Одете спрат по спрат нагоре и изберете го оној кој Вам Ви одговара и собите на него. Но мора да знаете едно - кога веќе еднаш ќе прејдете на повисок спрат, веќе неможе да добиете соби на пониските спратови.
Тргнале жените по степеници и на првиот спрат стои натпис "НА ОВОЈ СПРАТ ЌЕ ВЕ СЛУЖАТ МАЖИ СО КРАТКИ И ТЕНКИ". Ха, рекле жените иронично и тргнале понатака. На вториот спрат стоел натпис: "ОВДЕ ЌЕ ВЕ СЛУЖАТ МАЖИ СО КРАТКИ И ДЕБЕЛИ". Сватиле они дека работите тргаат кон подобро и продолжиле понатака. На третиот спрат стоел натпис: "ОВДЕ ЌЕ ВЕ СЛУЖАТ МАЖИ СО ДОЛГИ И ТЕНКИ". Уште подобро, си рекле, но сепак тргнале кон четвртиот кат каде ги дочекал натпис: "ОВДЕ ЌЕ ВЕ СЛУЖАТ МАЖИ СО ДОЛГИ И ДЕБЕЛИ". Тука жените се воодушевиле и почнале да си нагаѓаат каква убавина ги чека на последниот спрат. Се качиле на петтиот спрат а таму ги чекал натпис на кој пишувало:
"НА ОВОЈ СПРАТ ВООПШТО НЕМА МАЖИ, ТОЈ Е ПОДИГНАТ САМО КАКО ДОКАЗ ДЕКА ЖЕНАТА Е НЕВОЗМОЖНО ДА СЕ ЗАДОВОЛИ".
-неодамна се отворил маркет,во кој жените можеле да си најдат и купат маж.На влезот имало табела со правила на работа на маркетот со содржина,
1.вие можете да го посетите маркетот само еднаш.
2.маркетот е на 6 ката,квалитетот на мажите се покачува со секој нареден кат.
3.можете да си бирате маж од било кој кат и да се качувате нагоре.
4,не се дозволува враќање на подолен кат.
Една жена решила да го посети истиот маркет,..за да си најде партнеррр....Откако прочитала на влезот на првиот кат ,,мажи кои имаат работа,,-таа веднаш се качила на вториот кат.Табелата тука гласела,,мажи кои имаат работа и обожаваат деца,,,жената отишла на третиот со надпис,,мажи со работа,обожаваат деца и необично убави,,
-Боже!!!...се израдувала жената,но сепак се качила на четвртиот кат.Табелата била,,мажи со работа,кои обозаваат деца,ослепително убави и помагаат дома,,.
-Неверојатно!-воскликнала жената.ТЕшко и било да одлучи,но сепак се качила на петиот кат.Табелата таму била,,мажи со работа,обожаваат деца,со ослепителна убавина,помагаат дома и се романтични,,.На жената многу и се сакало да остане на 5 кат и да си одбере партнер,но сепак се преборила со чуствата и се качила на последниот кат.Надписот бил,,вие сте 31 867302,тука нема мажи,овој кат постои,за да докаже дека е невозможно да се удоволи на една жена,,Ви благодариме,што не посетивте.!
А точно од другата страна на тој маркет бил отворен маркет за жени.На првиот кат се нуделе жени кои обожаваат да имаат секс.На вториот-богати жени кои обожаваат да имаат секс.А од третиот до шестиот кат ДОСЕГА НИКОЈ НЕ СЕ КАЧИЛ.