Тупурковски осуден на три години затвор

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Го “осудив“ од страв да не се кандидира за председател,само тој можеше да им плукне во лице и на најизвиканите меѓународни фактори а тие да “гувеат“ како млада невеста пред свекорот,ним Џорџе може единствено добро да им одглуми само “космодиск“,итоа оној малиот дел,за на колено.:smir:
На секој потенцијал мора да му се најде нешто, но се мислам дека тука длабоко ќе одработи плугот се разбира ако сака тупурко да заора онака длабоко ко што знае...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Циле сите го бранеа, а сепак го осудија

Пресудата од три години затвор за поранешниот директор на Агенцијата за обнова и развој (АОР) и некогашен претседател на Демократската алтернатива доаѓа како големо изненадување, особено поради тоа што во текот на судскиот процес сите сведоци го бранеа познатиот професор.

Другите кривични пријави за тајванските кредити поднесени против Сашко Станинов и Антони Биков, исто така шефови на АОР, сè уште се во истрага.

Најстара е пријавата против Станинов поднесена уште во 2003 година. Пријавата за злоупотреба на службената должност при пласманот на тајванските кредити против Тупурковски беше поднесена во 2005 година, истрагата траеше во текот на 2006-та, а судскиот процес почна во 2007 година.

- Ако сакам да бидам сериозен, ќе речам дека нема, ако сум несериозен, ќе речам дека ова е една битка почната многу одамна и доаѓа до своето финале. Двајца претседатели, Киро Глигоров и Бранко Црвенковски, го контролираат обвинителството, тие стојат зад оваа работа. Професионално гледано, пријавата не држи, но има своја политичка корист - со неа сакаат да ги коментираат моите дела. Не е време за големи изјави, но мислам дека причината е што Глигоров и Црвенковски не обезбедија развој на земјата и направија серија груби политички грешки. Јас им пречам затоа што сакаат други луѓе да одговараат за тоа, а тие да бидат фактори на историјата. Сакаат на човека и физички да му ја земат слободата - изјави Васил Тупурковски на 27 март 2006 година, веднаш по распитот кај истражниот судија.

И покрај нашето инсистирање, Тупурковски, кој вчера беше надвор од Скопје, одби да коментира што било.

Во очи паѓа и фактот што неговиот долгогодишен адвокат Лорија Ваневска се повлече од одбраната на две рочишта пред пресудата. Бидејќи сега не е негов бранител, таа одби да коментира. Нејзиното место го зазема Антонио Апостолски, познат по одбраната на Јохан Тарчуловски.

Според обвинителниот акт, Тупурковски се товари по осум точки на обвинението, односно тој ќе треба да одговара за комерцијалните кредити што им биле доделувани на неколку правни лица без за тоа да се обезбедат гаранции. Обвинителството го товари за кредити дадени во периодот септември - октомври 1999 година, за живинарските фарми „Породин“ од селото Бистрица, „Дихово“ и „Гевгелија“, фирмите „Пикон“, „Интерунија“, „Био Охрид“, „Алмако биовино“, за кочанската фирма „ИФВ“ за која имало активен стечај. За оваа последнава Тупурковски се изјасни дека воопшто и немало дадено кредит од Стопанска банка, која управувала со тајванските кредити.

Покрај ова, неговата одбрана пред судот беше и дека во тој период бил отсутен од државата, дека АОР не е правно лице и според тоа не можел да дава кредити. Тој се повикуваше и на Законот за банки, каде што стои дека за кредити и гаранции за нив одговара банката што располага со тие пари.

Сепак обвинителството смета дека тој ја оштетил државата за околу 3,7 милиони американски долари. Одбраната тврдеше дека договорите се меѓу АОР, тајванската банка и Стопанска банка и на нив јасно стоело дека за пласманот и гаранцијата на кредитите ќе одговара банката. Сега со првостепената пресуда, Тупурковски ќе треба да врати 88 милиони денари, а Јован Андонов-Реган, кој беше осуден на две години затвор, ќе треба да врати 61 милион денари.

Во одбрана на Циле застана и поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. Тој на судењето рекол дека навистина министерите меѓусебе се договарале за тоа каде да се насочат кредитите, но крајната одлука зависела од банките. Истото го тврдеше и Марјан Ѓорчев, тогашен министер за земјоделство.

А.Б.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Moжеби обвинителство има непобитни докази дека Васил лично им ги дал 3.7 милиони долари на пропаднатите фирми,во куферче на рака како што многумина имаат обичај во државава.:toe:
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43

Три години затвор за Васил Тупурковски и 2 години затвор за Јован Андонов. Вака судијата Јани Ниче го затвори досието „Тајвански кредити“.

Освен затворската казна за Васил Тупурковски и Јован Андонов Реган, нареди и враќање на парите. Поранешниот директор на Агенцијата за обнова и развој и неговиот заменик ќе треба да вратат речиси 2 и пол милиони евра.

Обвинителството е задоволно од пресудата.
- Задоволни сме што има затворска казна, а особено од тоа што треба да бидат вратени парите - рече Вилма Русковска.

Пресудата беше прочитана во полупразна судница во скопска единица. Ни Тупурковски ни Андонов ни нивните бранители не дојдоа да ја чујат пресудата. Во телефонски разговор Тупурковски најави реакција на официјална прес-конференција која ќе ја свика неделава.
Тупурковски беше обвинет за злоупотреба на службената положба како директор на Агенцијата за обнова и развоја, а Андонов како негов заменик. Во 99-та потпишал штетни договори со 8 фирми на кои како кредит им одобрил 3 милиони долари без гаранција. Парите не биле вратени.

Тупурковски во прцесот тврдеше дека никој не претрпел штета од тајванскиот кредит. Дека работел во соработка со Владата потврди и тогашниот премиер Љубчо Георгиевски кој како сведок во судот го бранеше својот поранешен коалиционен партнер.

ИЗВОР.
Бабини и деветтини.Колку Бучко што одлежа толку и Циле.
 
BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
мене нека ми дадат 1 милион 5 години ќе лежам ко ништо :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
мене нека ми дадат 1 милион 5 години ќе лежам ко ништо :)
Сите што размислуваат вака ко тебе треба да ги стават 7 дена затворени во 3х3m (без да им кажат дека ќе бидат само 7), и после да ги пуштат и да ни ги пренесат нивните искуства...

Нема љутиш :smir:
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
179
Поени од реакции
3
NEMAM BAS NEKOE PAMTENJE,PA ZATOA PRASUVAM :STO RABOTESE ODNOSNO NA KOJA FUNKCIJA BESE VO TOJ PERIOD GRUJO??
DALI MINISTER ZA EKONOMIJA ,ILI MINISTER ZA FINANSII ILI MOZEBI NESTO TRETO??
OD ISTA PARTIJA SE GRUJO I CILE ,PA KE BIDE INTERESNA PRES KONFERENCIJATA!!!

A I OVA E DOBRA MAMKA ZA GRAGANITE DA IM SE ODVLECE VNIMANIETO,NE SEGA DA PRASUVAAT ZOSTO NE GLASALE ALBANCITE I STO E DOGOVORENO SO SELMANI????
ILI PAK DA PRASUVAAT KAKO MOZE NEKOJ SO SAMO 25 % GLASOVI DA MI JA VODI DRZAVATA??
VO SITE MOMENTI OD ZIVEENJETO MNOZINSTVOTO GO NADVLADUVA MALCINSTVOTO
SAMO KAKO PRIMER I VO PARLAMENT MNOZINSTVOTO ODLUCUVA ,A NE MALCINSKIOT BROJ NA PRATENICI

KAKO SEGA 25 % KE NI KAZUVAAT ILI KE VLADEAT SO NAS STO SME MNOZINSTVO ODNOSNO 75%
MISLAM DEKA KE PROPEE CILE.
DO KOGA CE OBVINUVATE NEKOGO ZA NESHTO? DALI IMATE NEKOI SOZNANIJA ZA NEKOJ KRIMINAL SHTO GO STORIL GRUEVSKI.
MISLISH AKO PROCITASH VO NEKOJ VESNIK SHTO E OPOZICISKI I SVE ZNAESH.:tapp:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
DO KOGA CE OBVINUVATE NEKOGO ZA NESHTO? DALI IMATE NEKOI SOZNANIJA ZA NEKOJ KRIMINAL SHTO GO STORIL GRUEVSKI.
MISLISH AKO PROCITASH VO NEKOJ VESNIK SHTO E OPOZICISKI I SVE ZNAESH.:tapp:
Па имаше некој потписи за ОКТА,ама не може туку така премиер да се обвинува само за некој потписи.Васил може да биде осуден,затоа што не е политички активен и без потпис,кај гледал кога ги одбирал банките што давале кредити?Нека си ги отвори очите.Инаку сигурен сум дека ќе има и други пресуди за аферата Тајвански кредити.Доколку се најдат луѓето што ги зеле кредитите а не ги вратиле,веднаш во Шутка,ако не тие тогаш парите треба да ги врати банката која не си ги побарала назад преку активирање хипотеки.:toe:
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
-------------------------
Како новинар кој жестоко го критикуваше проектот „Тајванска милијарда”, имам морално право да го кажам следново - воопшто не сум убеден дека Васил Тупурковски и Јован Андонов Реган се кривично одговорни и дека треба да се најдат зад решетки.
Напротив. Се сомневам дека оваа пресуда нема никаква врска со борбата против корупцијата и дека таа е дел од проектот на оваа власт за физичко истребување и за бришење на „транзициските” и на „комунистичките” политичари од меморијата на македонскиот народ.
Да се затвори Циле ќе значи акт на одмазда, неправда, политичка неодговорност и нехуманост.
-------------------------

Геро кој серко е, едвај го чекам моментот кога максимално ќе биде неговото брукање. Толку јадења на непријатни супстанци, ќе вроди со плод набргу.
Навистина не ми е јасно зошто се курчи до толку, знае дека е истрошен и унишен и како новинар и како човек.
 
osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
tebe rezultative izborive definitivno te razbolija.:toe:vo temava za tupurkovski 90 % napisa za legitimetetot na izborite c c c c

nego kaj e ``bratot`` be go nema da kaze nesto veke nedela dena????
ne ni pomisliv deka ke razberes sto i zosto pisuvam.
sekogas koga saka vlasta da sokrie nesto mnogu GOLEMO pred graganite ,ja upotrbuva istata finta,odnosno ke plasira nekoe apsenje ili apsurdna presuda ne tolku vesto izrezirana ,za da go odvlece vnimanieto vo drug pravec,pa zaradi toa i pisuvav okolu izborite ,sto vsusnost saka vlasta da prikrie so presudata za topurkovski.

pocna da vi nedostasuva BRATOT ,ili plukanjeto po BRATOT?????
 
Fcu

Член од
10 август 2007
Мислења
585
Поени од реакции
2
SAMO NAPRED VLADA SITE VO ZATVOR DA GI STAVITE.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Тупурковски оди кај Јанко во моментов...
Ај да видиме шо ќе каже...???
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Тупурковски оди кај Јанко во моментов...
Ај да видиме шо ќе каже...???
Е кај Јанко ќе сврши работа,тој е закон во државава,заедно со Миленко и Латас,и по некоја Мирка Велиновска.Само Томич ми го нема некако,да не замина за калуѓер?
 
R

RAYTHEON23

Гостин
SAMO NAPRED VLADA SITE VO ZATVOR DA GI STAVITE.
NEMOJ...ke recat posle fasizam:vozbud:

inaku krediti bez pokritii e ne se delat taka pa neka odgovara tupurko,no ako ova zastane ovde togas sramota a mislam deka i ke zastane...pa ima luge koi ja unistija ekonomijata i ispokradoa se i ne odgovaraat-zatoa treba arsinot da bide ostar kon site inaku ne e zatvorskata kazna TUKU ostetata koja treba da ja plati e vaka treba i za tie bosovi od vremeto koga prezemavme american live and dream treba konfiskacija na imot i TOTALNA OTSTETA OD TAKVITE.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom