Три години затвор за Васил Тупурковски и 2 години затвор за Јован Андонов. Вака судијата Јани Ниче го затвори досието „Тајвански кредити“.
Освен затворската казна за Васил Тупурковски и Јован Андонов Реган, нареди и враќање на парите. Поранешниот директор на Агенцијата за обнова и развој и неговиот заменик ќе треба да вратат речиси 2 и пол милиони евра.
Обвинителството е задоволно од пресудата.
- Задоволни сме што има затворска казна, а особено од тоа што треба да бидат вратени парите - рече Вилма Русковска.
Пресудата беше прочитана во полупразна судница во скопска единица. Ни Тупурковски ни Андонов ни нивните бранители не дојдоа да ја чујат пресудата. Во телефонски разговор Тупурковски најави реакција на официјална прес-конференција која ќе ја свика неделава.
Тупурковски беше обвинет за злоупотреба на службената положба како директор на Агенцијата за обнова и развоја, а Андонов како негов заменик. Во 99-та потпишал штетни договори со 8 фирми на кои како кредит им одобрил 3 милиони долари без гаранција. Парите не биле вратени.
Тупурковски во прцесот тврдеше дека никој не претрпел штета од тајванскиот кредит. Дека работел во соработка со Владата потврди и тогашниот премиер Љубчо Георгиевски кој како сведок во судот го бранеше својот поранешен коалиционен партнер.
ИЗВОР.