Да му кажеме ЗБОГУМ на плоштадот Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

Гоне куќата на сликата е далеку пред 63та,изградена во време кога знаеле многу повеќе каде се градат цркви.Разбираш ли ти дека архитектите немаат ама баш ич против изградба на црква на плоштад,само што се против локацијата токму на тоа место кое го определија подметнатите дебили во владата на Грујо,чии работодавци всушност ја узурпираа единствената погодна локација за изградба на црква на плоштадот во Скопје,која сега е заградена со “тараби„ и каде си градат деловен објект од кој ќе штекнат по 20 милиони евра во џеб.
А некои “верници“ ќе се кошкаат наивно штитејќи ги нивните интереси и пари од узурпација на твојот и мојот плоштад,со црква како параван пред нестручната и неука јавност.:toe:
 
Momak, ne go sramoti Ohrid, site sto dosega sum gi sretnal se prilicno inteligentni momci.
A ti, od celiot moj post, ne uspea ama ni 1% od poentata da ja sfatis.
Ne e do karakterot na objektite, ne...... do vremeto e, faktorot vreme, ona so se meri so casovnik.
Gledas tamu na mojot post sto stoi... 2000 godini stoi.

Aj sea ukluci toa klikerot i razmisli sto sakal avtorot da kaze.

прво користи кирилица, второ и Охрид го напраја ко Скопје со градски ѕид и слични работи, трето мене лично ми се пријатели Скопјани, ама стари Скопјани шо знает да се понашет, трето не е 2000 година туку 2009 година, а времето ќе покажит кој бил во право со црквата на плоштад. Туку шо прајме ако фатит уште еден земјотрес??

Ај не бркај ни ги туристиве и не срами ни го градон молимте.
Фала.

Ак си од Охрид зборви (пиши) охридски, а ак си од по селава сејси рат на г’зот.
 
А која е разликата во решението на планот за Скопје?

Меѓу ВМРО и СДСМ?

За да знаеме конкретно, кој за што се залага.

Ова е планот на Грчев, од СДСМ:
DSC00195.jpg

Објектите во црвена боја се оние кои тој планира да ги изгради.

И кажи ми која е разликата?
Браво!!! Црно на бело! Насочив претходно на темава кој е идеен творец на ДУП за Малиот ринг и го посочив СЕРПИКО како форумџија кој сигурно знае, но он не најде доблест да се појави на темава и да одговори како што најде доблест да се појави на протестот на нивната веќе индоктринирана Архибригада. Единствено нешто што е додадено е маркицата за црквата, друго се е идеја на деканот и професорот на СЕРПИКО... Маката е во тоа, зошто на нечиј труд од 15 години друг да го јаде кајмакот...
 
Може ли да ми кажеш, што разбираш од архитектура? И фала на повикот, не сум ти го забележал. Да, точно е дека Грчев, Сиљаноска и Коробар го нацртале тој план. И дека додаденото е локацијата за црквата. А ако е индоктријација што токму тие професори ми предавале на факултет, или ако пак и други професори по урбанизам кои исто така ми предавале, а не се автори на проектот за мал ринг и се против поставувањето на новата парцела - тогаш ќе заклучиме дека целиот мој факултет е индоктриниран. Сите се индоктринирани.

Само ти си во право.
 
Збогум плоштаду, иаонака одамна не личиш на ништо.:helou:
 
црква ако има,тогаш ЖИВ ПРОМАШАЈ!!!!!
-каков-таков,убав е плоштадот Македонија.....нема место за цркви таму!
 
Може ли да ми кажеш, што разбираш од архитектура? И фала на повикот, не сум ти го забележал. Да, точно е дека Грчев, Сиљаноска и Коробар го нацртале тој план. И дека додаденото е локацијата за црквата. А ако е индоктријација што токму тие професори ми предавале на факултет, или ако пак и други професори по урбанизам кои исто така ми предавале, а не се автори на проектот за мал ринг и се против поставувањето на новата парцела - тогаш ќе заклучиме дека целиот мој факултет е индоктриниран. Сите се индоктринирани.

Само ти си во право.
За твоја информација!!! Она што јас разбирам од Архитектура е многу повеќе од тоа што ти можеш да го претпоставиш. За разлика од тебе, немам потреба да се експонирам... Меѓудругото: Дали ти е јасно зошто денеска немаше никакви проблеми околу анти-нато протестот за разлика од твојот протест??? Или тешко е да се признае она што беше очигледно!!!
 
За моја информација и љубов,
што тогаш имаш да кажеш околу локацијата.

За анти-нато протестот поентата не ти ја разбирам...Нити ти мене. Неисе, твое право. Ајде да зборуваме стручно, тогаш.
 
За моја информација и љубов,
што тогаш имаш да кажеш околу локацијата.

За анти-нато протестот поентата не ти ја разбирам...Нити ти мене. Неисе, твое право. Ајде да зборуваме стручно, тогаш.
Ти ги оставам оние со кои и до сега си полемизирал. Сепак, за стручни работи, треба време , место и вистински соговорник. Дали ти си релевантен соговорник, ти оставам тебе да оцениш...
:smir::smir::smir:
 
Шо им е на политичариве бееееееееее:nesvest::nesvest:
Де бе мора ли на плоштад... кај ќе се иде после тоа бе... ае убаво хотели...големи...убави...али мани бар надвор од плоштад:tapp:
 
а да ја прашам таја прва архи бригада кај беше ко се градеја чудовиштата од згради во Охрид до Палас хотел, или во Струга го ја напраја ко “вашар“ да личит? Туку само за Скопје ве болит, море и аеродром да ви изградет на сред Скопје, то си заслужвите.

Искомплексирана личност која премногу ја боли тоа што Скопје е главен град на Р.Македонија а не Охрид како што мисли, а сред лето се лиже само СКОПЈАНИ во Охрид да дојдат на одмор.
Доста ни е од такви како тебе.
П.С. не се однесува на сите жители на град Охрид.:smir:

Сакам на својот плоштад да гледам:
-цркви
-официрски дом
-фонтани
-кипови
-гулаби
се што не е бизнис
Подржувам!
Види, промените се неодминливи, но да се складни и практични. И на секоја промена реагираме нормално. Како дете играв сега кај што е народна банка, идевме на излет сега кај што е Аеродром-на ливадите, учев во Браќа Миладиновци, дотаму беше светот, понатаму ни беше место за играње, немаше згради-како сега, убаво ни беше. Оттаму не иселија и ставија бетонско ладно здание-НБРМ, изградија згради, се се промени. И на нас ни беше отпрвин тешко, ама ете се навикнавме, што знам.

Само велам, да не се претерува со висина, кичерај, натрупаност. Затоа што пред се плоштадот е за граѓаните, а не обратно, но и ваков празен плоштад е само (погоре споменав) за воени паради.
А за градење на Скопје... од кога почна да се прави трговски наваму сум гледал како се гради. Се натрупува со згради, стамбени објекти за пола Македонија, мегаломански проекти, со микроманска инфраструктура. Градски Ѕид-баш пеколен ѕид. Изградбата беше многу исполитизирана-и тогаш. И од секогаш имало утнати проекти и градби, но навикнати сме на нив и не ни сметаат.
Почна да се гради и трупа со се и сешто затоа што се повеќе провинцијалци се населуваат и се ствара простор да можат да се населат како они така и нивните соселани.
Иако млад, гледајќи по слики и слушајќи највеќе од татко ми какво било Скопје порано и за разлика од денешната џунгла во права смисла на зборот многу полесно се дишело и се живеело.
На страна Груевски или некој опозиционен. И така од се макаат, па и од ова. Но кој е духот на Скопје? Погледни го маџармаало (скоро не сум бил, но до пред 10-15 години така беше), тоа беше духот на Скопје, старите маала. Калдрма по главната уличка и земјен пат/помали улички, накривени куќи од керпич, полски вециња. Впрочем сликата од претходната страна говори каков бил духот на старо Скопје. Зборам за почетокот на 70-тите од кога и памтам за околината (постаро више здравје, пред земјотресот немало ни толку). За да се врати тој дух ќе треба да се сруши градски ѕид, трговски, мнт и ред бетонски зданија.
Духот на тоа Скопје бил тогаш и со тие генерации (меѓу кои и мојата). Кој го гледал филмот Среќна Нова, ќе примети какво било тоа Скопје.

Назад нема, но градење со вкус и усул, не според нечиј ќеф. Но нели сега е криза, нели треба пари да се штедат... јас би оставил на некој постручен (и за архитектурни решенија и за буџет), ова е само мое граѓанско гледање.
Не е само Маџер маало, тука се и Пајко маало, Дебар маало(денеска комплетно променето) и други, сите тие беа духот на градот но неможат ни луѓето да живеат веќе во тие "керпич" куќички и мора се да се менува се да се обновува
Сите сељачаана и власи симнати од планина да си се вратат како што дошле од Подржикоњ и останати ридско планински предели - а Битола да се прогласи за главен град!
Moжеби тек тогаш Скопје ќе заличи на нешто и ќе може да прерасне во една голема метропола каде после ќе има место и за тие планински луѓе во цивилизацијата.
Нека се прогласи нема да смета воопшто само што тогаш битолчани ќе го имаат проблемот на Скопје.
 
Го подржувам предлогот за црква на плоштадот,со тоа плоштадот ќе добие една знаменитост што сега му недостасува,заедно со скулптурите и една фонтана, за стварно да се каше дека Скопје има убав плоштад,а не као сега празен и авионска писта,налик на плоштадите у СССР :toe:
 
Собра храброст и се појави конечно денеска ГУРУТО на Серпико, јавно да покаже дека не може било кој да си игра со неговото мезимче плоштад. Само он и никој!!!
 
Почна да се гради и трупа со се и сешто затоа што се повеќе провинцијалци се населуваат и се ствара простор да можат да се населат како они така и нивните соселани.
Ајдеее сега ние од другите градови ви сме криви оти вас ви се гради црква на плоштад. :tapp:
Хаха се изнасмеаввв .... лмфао .
 
Ајдеее сега ние од другите градови ви сме криви оти вас ви се гради црква на плоштад. :tapp:
Хаха се изнасмеаввв .... лмфао .

:pos2::pos2::pos2::pos2:
Не реков дека некој ми е мене крив, најмалце ти. Во многу погрешна конотација ме имаш разбрано, односно како тебе ти одговарало кога си прочитал.
И самиот знаеш дека третина и повеќе од цела Македонија е населена во Скопје.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom