Види, промените се неодминливи, но да се складни и практични. И на секоја промена реагираме нормално. Како дете играв сега кај што е народна банка, идевме на излет сега кај што е Аеродром-на ливадите, учев во Браќа Миладиновци, дотаму беше светот, понатаму ни беше место за играње, немаше згради-како сега, убаво ни беше. Оттаму не иселија и ставија бетонско ладно здание-НБРМ, изградија згради, се се промени. И на нас ни беше отпрвин тешко, ама ете се навикнавме, што знам.
Само велам, да не се претерува со висина, кичерај, натрупаност. Затоа што пред се плоштадот е за граѓаните, а не обратно, но и ваков празен плоштад е само (погоре споменав) за воени паради.
А за градење на Скопје... од кога почна да се прави трговски наваму сум гледал како се гради. Се натрупува со згради, стамбени објекти за пола Македонија, мегаломански проекти, со микроманска инфраструктура. Градски Ѕид-баш пеколен ѕид. Изградбата беше многу исполитизирана-и тогаш.