Во однос на пренаселеност и постојано доселување (тоа доселување што и Hellsing го спомена) моето мислење во однос на цело Скопје беше дека пред многу години требаше Скопје да се затвори како град за постојано живеење. Не нарекувам никого провинцијалец, затоа што и поите претци некогаш биле тоа истото. Тоа "затворање" на градот секако си има стандарди и според инфраструктура и според каков таков стандард за изглед на град. Но со пренаселеноста не само што нема више кај да дише човек во градов туки и грозотии од објекти се градеа и се градат низ градот, се со цел што повеќе да се збереме, не водејќи сметка за естетика, практичност и слично.