Ми се плаче кога гледам како умира демократијата во оваа земја...
Ми се плаче кога гледам како ти е забрането да го искажеш своето мислење...
Ми се плаче кога гледам како се манипулира и залажува народот...
Ми се плаче кога гледам верници кои во името на Бога тепаат некого...
Ми се плаче кога гледам дека ни оддалеку не заслужуваме да влеземе во европското семејство...
Ми се плаче од фактот што сум дел од ваква држава...
Ми се плаче сега кога ги прегледувам снимките од денешниот протест и „контра-протест“ на плоштадот Македонија, и кога гледам како група верници во името на Бога удираат на студенти кои излегле да го искажат своето „не“ на изградба на објект на плоштадот.
Ми се плаче кога гледам како се враќаме стотици години наназад кога црквата ги спалувала на клада сите кои размислувале различно од неа.
Ми се плаче кога гледам како полицијата гледа сеир додека една група граѓани тепа друга група сограѓани.
Ми се плаче кога гледам дека многумина ги делат моите сомнежи за вмешаноста на власта во „контра-протестот“.
Ми се плаче кога гледам јавни фаци како го повикуваат и охрабруваат народот на „контра-протести“ кои завршуваат со тепачки.
Ми се плаче кога гледам како може на картата „Исус“ да си го кренеш рејтингот. Ми се плаче кога гледам толку многу луѓе кои се слепи при очи и не сфаќаат што се случува. Уште повеќе што тоа се мои сограѓани.
Ми се плаче што се тероризираат оние малкуте кои се осмелуваат јавно да го дигнат својот глас против случувањата во државава.
Ми се плаче кога гледам како верниците го вртат и другиот образ...
Ми се плаче кога читам некои кои се ситат на денешните случувања.
Да, ми се плаче...