delboy
кршач на огледала
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 1.358
- Поени од реакции
- 24
види либералу.....ракија не пијам многу, реков ли негде дека оправдувам насилство , за да заклучиш дека бранам некого.
контра реакција на реакција, организирано од обете страни. искористено за дневна политика.
сега слободно фурајте филм.....
копуци бе знаете ли дека пред 8 дена дома ми се јавуваа типови и ми се закунува за локалниве избори, жена ми око не склопе цела вечер..знаете ли на сличен начин од сите страни кизнајт уште на колку ``наши`` , ваши`` им е претено за ебани избори и политики...на цело општество му треба релаксација алооооооо, реков јас индирекно се искористени студентите..во нивната идеја не ни сакам да сумњам...сега јасно ти е.
будала ли сум во мојава земја да се ситам некој ако дроби друг а?
да треба...никогаш не реков дека не треба.
Ах бе мој скап друже, прво прашаш ЗОШТО сега се решиле на протестот,па на тоа ЗОШТО додаде нешто од утрински за уривање на цркви и така муабетов го вртиш на твојата воденица сето ова е масло на оние другите ама пази не директно туку индиректно демек,за на крајот, као добро ги подржуваш студентиве,ама пак индиректно се искористени.Па дрвце едно до вчера и ти беше студент бе,како тебе ќе ти беше ако некој на оваков начин како твојов те нападнаше и сакаше да ти стави етиката дека си бил на некој студентски протест затоа што си обоен? И на крај кулминираш со притисокот што се врши врз тебе,па ти како човек кој тоа го осетил на своја кожа треба да се бориш против оваквите појави бе дрвце,а не на едните да им придаваш огромна важност (кога се работи за тебе) а на другите као не бил тајмингот и нешо индиректно смрдело во цел протест.:nenene:
Јас како прво сум згрозен од начинот на кој двете цицалки (сдсм и вмро) успеваат сето ова да го пренасочат во сосема друг правец а никако во оној вистинскиот.Оние кои до вчера ги користеа истите методи против некој протести што нив не им се бендисуваа,денес ги гледаме како бурно на нивните пресови се борат за некакви си демократии,другиве пак во недостиг на послух од некои кои поразлично размислуваат од нив ,почнаа Грчевци ,Мрчевци да спомнуваат ,само за да си го обелат образот од она што се случи денес.
Некој спомнаа го виделе Милчин и компанија меѓу студентите и со тоа го оправдаа насилството врз студентите,ја би рекол овака ако бевте гневни на Милчин и тие соросоидите зошто тогаш не фативте да мавате по соросоидите туку по студентите?
п.с Многу работи почнуваат и завршуваат со студентите не го заборавајте тоа никогаш