Македонија VS Шпанија

Тип

  • Македонија победник

    Гласови: 207 43,7%
  • Шпанија победник

    Гласови: 138 29,1%
  • Нерешено

    Гласови: 129 27,2%

  • Вкупно гласачи
    474
Статус
Затворена за нови мислења.

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Јас си имам карти за на јужна јеееее:vozbud:
Не ни сакав северна, што е сигурно сигурно си е. Проверена работа е јужна :):):)

Битно да ме информирате кога се отвараат вратите и ако некој дознае тренинг дали ќе имаат да ме извести (иако нема да се дознае али ај :))
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Пуштена во употреба Северната трибина на Националната арена Филип 2-ри
вторник, 04 август 2009
На 02 Август 2009 година, во употреба беше пуштена Северната трибина на Националната арена Филип II
Предавањето на Северната трибина го означи завршувањето на првата фаза за реконструкција на Националната арена Филип II.
Во следната фаза ќе се изврши реконструкција на Јужната трибина, а целосно ќе се изградат Источната и западната трибина, со што ќе се заокружи целосната изградба и реконструкција на Националната арена Филип II. Приодот кон Северната трибина, и по половина од Источната и Западната трибина е обезбедено прку два пешачки моста, кои го поврзуваат шеталиштето на кејот на реката Вардар со пристапната платформа, од која преку 7 (седум) излези на Северната трибина се исполнува 60 % од гледалиштето. Мостовите всушност се благи рампи со приближно 5% нагиб со што е овозможен непречен пристап за инвалиди.
Северната трибина е проектирана како главна трибина со 9556 седишта со наслон, секторирана на 12 сектори.
Покрај овие седишта, трибината има уште 456 ВИП седишта и 248 новинарски седишта.
За новинарите е обезбеден и затворен новинарски простор со коментаторски кабини и мониторинг, со обезбедена вертикална комуникација со приземјето.
Приодот за спортисти е решен со новопроектирана сервисна улица. Со оваа улица овозможен е и гарантиран директен, приватен и заштитен пристап на играчите до соблекувалните и до игралиштето, како и нивно безбедно заминување од стадионот.
Соблекувалните се пространи и ги содржат сите потребни простории за оптимално користење од страна на играчите.
Во непосредна близина на соблекувалната за домашните играчи, лоцирана е сала за тренинг во зимски услови.
Покрај ова, постојат и простории за судии, делегат, прва помо и медицински третман на играчи и службени лица, како и станица за допинг контрола.
Во рамките на поттрибинскиот простор на северната трибина, преку новопроектираната сервисна улица предвиден е посебен влез за новинари и медиуми. Таму е лоцирана салата за прес конференции со 100 места за седење.
Приодот за ВИП гости е решен со внатрешна улица и централна влезна партија каде што преку скали и лифт се доаѓа до излезот кон трибината за ВИП гостите.
На источниот агол на севрната фасада се сместени просториите за управата на стадионот. Во склоп на истите проектирани се приемно одделение, просторија за секретар, директор, сала за состаноци, шест канцеларии и помошни простории.
Во поттрибинскиот простор е сместена и управата на МОК.
Изведени се и две трафостаници, машински сали, перална, просторија за атлетски реквизити, просторија за обезбедување, просторија за боравок, гардероба за вработените, работилница и разни магацини.
Нивото + 5.80 на северната трибина е главна артерија за полнење на гледалиштето. На истото ниво, согласно стандардите на УЕФА се проектирани машки и женски санитарии, два тоалета за инвалиди, бифеа за брза храна и пијалоци, простории за прва помош и помошни простории.
Најголемиот дел од подтрибинскиот простор на северната трибина е од комерцијален карактер.
Од причина што Националната арена треба да биде единствена целина, конструктивното решение на новопроектираните трибини е идентично со постоечката конструкција на јужната трибина.
Предвидената конструкција е скелетна, од армирано бетонски столбови и ригли, а кровната конструкција е од челични носачи.
Во северната трибина се вградени 28.000 м3 бетон, 3.000 тона арматура и 600 тона челик.
Архитектонското естетско обликување е условено со постојната Јужна трибина.
Покривот е изведен делумно од ребрест лим, а остатокот со лексан.
 

MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Да се надеваме и дека среќа ќе не следи на стадионов и дека ќе се оди секогаш само на ПОБЕДА!!!
 
П

Паган-др

Гостин
Барам карта за на запад. Сериозно. Ако има некој, или низ градовиве ако може да ми најде вечно благодарен ќе му бидам.
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Имам карта лалалааала:icon_cool

Едвај чекам да дојде тој ден.
Мислам од сабајлето ке дремам само прв ред да фатам:)

И мора да го видам Торес и да го убијам Перез:pishtoldz
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Имам карта лалалааала:icon_cool

Едвај чекам да дојде тој ден.
Мислам од сабајлето ке дремам само прв ред да фатам:)

И мора да го видам Торес и да го убијам Перез:pishtoldz
Можеби и ќе дојде :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.628
Поени од реакции
14.532
Granero, en los planes de Del Bosque

Дај боже овој да дојде :vozbud: Си имам карта за на југ, па очекувам да си ги видам Арбелоа, Албиол, Каси, Рамос и Чаби Алонсо. :back:
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Барам карта за на запад. Сериозно. Ако има некој, или низ градовиве ако може да ми најде вечно благодарен ќе му бидам.
Сега ќе пробам да ти најдам за на запад ќе те известам
Инаку ја си земав за на запад да ја навивам за Македонија...
:oeoeoe:
 
Член од
16 октомври 2007
Мислења
59
Поени од реакции
1
lele na mene kako mi se pogodi na 10-ti poagjam na odmor a na 12-ti mkd-esp e ne e fer :'( steta nema da mozam da ja gledam ni na tv :S
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Сега ќе пробам да ти најдам за на запад ќе те известам
Инаку ја си земав за на запад да ја навивам за Македонија...
:oeoeoe:

еден другар ја продава за север 300 ако сакаш
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom