Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Само што ја завршив кратката повест: Чудните доживувања на Петар Шлемил од Адалберт фон Шамисо. Приказна за еден човек, кој во потрага по богатство, успех и слава склучува договор со ѓаволот и му ја продава сопствената сенка. За возврат добива "волшебно ќесе" со неисцрпно дно. По неколку мига на привидна среќа, почнуваат неговите неволји и тоталната неприфатеност од страна на општеството, на човекот без сенка.

Моментално ја читам Времеплов од Херберт Џорџ Велс. На секому добра позната, вечната стремеж на човекот да изгради временска машина/времеплов со цел подобро да ги запознае минатото и иднината.
 
Раскажи ми ги соништата- Сидни Шелдон... сплет на навидум неповрзани настани, кои на крај многу неочекувано се вклопуваат...
 
Виктор Иго - „Клетници“

Дури сега дојде на ред, но сепак за испит ја читам, една од 20те што се предвидени.

Што да се каже за „Клетници“, верувам на сите многу добро ви е позната приказната. Покрај тоа што книгата ги опфаќа сите општествени слоеви сепак се задржува некако на оние најниските класи во општеството, за страдалниците, за нивните доживеани страдања и неправди.
Романтичен занес, се чита во еден здив. :)
 
Кристофер Прист - Престиж

Некој член спомна дека била досадна. Не можам да се согласам со тоа. Книгава е премногу добра и возбудлива, баш вистински магионичарски трилер. Кој го гледал филмот, знае за што се работи.
http://www.imdb.com/title/tt0482571/
Книгава не се испушта од раце! Мастерпис!
 
Чевлите на другата жена - Адел Паркс
Интересна приказна има, те влече да ја читаш. Си замислив и филмска верзија :)
 
предложете добар бестселер.
по можност книгата да биде за самопомош.
во стилот на ог мандино доколку го имате читано

Малку нејасна ми а поентата да се чита книги (твајлајт, потер) без ништо да извадиш од нив, едноставно џабе тепаш време.
Селф хелп вреди.
„Розата од вода“-Едни македонци. Интересна замисла,езотеричен речник,не ми беше нај-нај. Добра страна- мејд ин македонија.
„Целестинското пророштво“-Џејмс Редфилд. Ако си љубител на жанрот, сигурно ти е прочитано книгичето. Потрага по енергија и слично, има продолженија.
 
Нема смрт додека ѕвони - Димитар Башевски.
Сторија за еден македонски печалбар, Спиро (Стив) Кондев кој по повеќе од половина век работа во Јужната Земја (Австралија) се враќа во родното и напуштено Сарајаново.
 
Орвел фаза.
Животниска фарма и 1984.
Имам потреба политички да се образУвам.
 
Борхес - Фикции.

Апсолутно не ме занима ама добро е дур вози автобус на релација Битпазар - Карпош 4.
 
Acheron од Sherrilyn Kenyon,
веројатно познат ви е ликот од Бакнеж во Нокта и Игра со Гаволот,
го спомнуваат во неколку страни како полу-бог, лидер на црните ловци и сл.
Па авторката реши да посвети книга само за него, каде се објаснува неговото рагање, убивање, па како станува полу бог и така натаму.
Книгата сеуште не ми се дочитана, но бев прочитала на некаде дека Шерилин изјавила дека ке следува уште едно второ продолжение посветено само на него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom