Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Warcraft: War Of The Ancients Trilogy... Тежок Blizzard фан сум. :kesa:
 
Оглед за Распаѓањето од Ерик Сјоран.

Вистинска престава на апсурдот на нашата егзистенција, на постоењето на човекот во суровиов свет, кулминативно со неговите антирелигиозни ставови кои ги принесува.
Критичар кој не остава простор да биде критикуван.
 
Декодиран Кодот на Да Винчи-Еми В.
Критики на глупостите(според писателката и многу други кои се согласуваат дека тоа се глупости) што ги тропал Ден Браун во
"Кодот на Да Винчи".Интелектуалката сакала да направи убава реплика,и успеала до некаде во тоа... за мене книгата е шит.
Сум читала и многу подобри,сега ја зедов Дракула...ме мами насловов!
 
Времето на лалињата од Дебора Могах. Ми изгледа интересно засега но ова е само почеток. Сепак предвидувам одличен роман.
И да предвидуваш,мене книгата ме воодушеви и сеуште ја сметам за омилена,не знам за тебе али ај... секој чоек башка будала!
 
Помеѓу - Ирена Јорданова

Инаку типката има дипломирано на Факултетот за општа и компаративна книжевност, а овој и е прв роман. Многу сум задоволен од романот, има некаков за мене досега непознат, чуден стил на нарација во прво лице, со менување на личностите и местата на одвивање на дејствието спонтано до степен на лудило. И посакувам успех и многу вакви дела.
 
лектира Клетници од Виктор Иго....до сега скоро и да немало некоја асална лектира ама оваа е стврано интересна и убава...далеку сум од крајот ама до таму кај што сум е супер....ке ви кажам целосно мислење кога ке ја прочитам цела
 
Евгениј Онегин.....Пушкин... по трет пат .....по дома све што најдов препрочитав:vozbud:

Дај кажете некоја интересна.....:raz:
 
ох....фала Engy......:smir:

ќе ја побарам да ја купам.....или ќе си ја земам од библиотека......уште утре!
 
ох....фала Engy......:smir:

ќе ја побарам да ја купам.....или ќе си ја земам од библиотека......уште утре!

Ајде...и искоментирај дали ти се допаднала...вамте тамте.
Иначе моментално ја читам Демијан од Хесе... не поради избор,туку поради обавеза од училиште,ни ја дадоја како лектира.Според неа има и филм,го имам гледано мнооогу одамна...колку што се сеќавам нема некои јаки допирни точки со филмот.
 
Јустејн Гордер-Девојката со портокали :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom