Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
„Чевлите на другата жена„-Адел Паркс...мноогу уба книга.Едвај чекам да го видам крајот:vozbud:
 
толкин - недовршените приказни. знае да ме забега човеков
 
Ден Браун - Ангели и демони
Нели, сеа ЦЕРН е актуелно, ова, она... :)
 
Тринаесеттата приказна од Дајан Сетерфилд. Не сум спиена два дена ради неа, ептен ми е интересна, мамата. Едвај чекам да си одам дома, да ја завршам и да се наспијам ко човек.:vozbud:
 
Страданијата на младиот Вертер. Бог да чува еј, ја стигнав да имам потреба да препрочитувам дело. :icon_conf
 
Богородичната црква во Парис - Виктор Иго
Бадем - Неџма (книгата е интимна исповест на една арапка, инаку полна со еротика и тоа претерува.., ама има одлична приказна)
 
Под Мермерно небо од Џон Шорз... ММи изгледа интересно за почеток, подоцна ќе дадам оценка...
 
Само што ја дочитав ЧЕВЛИТЕ НА ДРУГАТА ЖЕНА од Адел Паркс
и можам да кажам дека е одна од најубавите книги што сум ги прочитала во последно време
 
Ми деца са станице Zoo - Кристијана Ф.
:wub:
 
Решив да исчитам се што напишал Шелдон,па имам уште малку четива од него,моментално ја читам Ветерница на Боговите(Windmills of the Gods) и сум воодушевен,човекот е ѕверка кога се работи за напнат трилер,не можам да се отргнам.При крај сум со романов,па веднаш потоа се "фаќам" за The Doomsday Conspiracy,ми ја препорачаа и едвај чекам да ја почнам.Ако има друг фан на форумов кој го сака пишаниот збор на Шелдон нека пише овде или на ПМ,да си поделиме мислења.(Ми требаат луѓе во живототв кој читаат добра литература,за коментирање),anibody?!:toe:
 
Судбината на човекот од Шолохов, уствари е повест и брзо се чита така да вреди да се прочита. Хинт, маалце unbelievable but true, у мој клас викаа дека плачеле на ова, така да, земете ја колку да видите дали(или колку?:) ) можете да плачете на книга :tv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom