Seat Ibiza vs. Hyundai i20 vs. новата Ford Fiesta

  • Креатор на темата Креатор на темата petx
  • Време на започнување Време на започнување
мој конечен одговор-фиестата. само ради клиповите, а со оглед дека ја добиваш горе-доле истата опрема во трите модели =) пошто изгледот тука ми е негде, и двете(fiesta и ibiza) се убави.
 
фордот и сеатот ми се тука, изглед и опрема би била пресудна за мене. хјундаито од старт иде off.
знај, секогаш на фабричката потрошувачка на гориво која што ја наведуваат произведувачите, додај плус 1 до 1,5 литри. тогаш ја добиваш реалната потрошувачка.
фордот е мааааааааалце понов, што не е многу битно. мала разлика. како и да е, фиестата и ибицата ептен ми се допаѓаат! најубаво е, да седнеш во двете(или трите) на тест возење и да си одлучиш.
ко некој што напомна погоре, сеат се со vw мотори и мука немаат, добра внатрешност и така. кај фиестата конечно помодерен и футуристички дизајн.
пиши кога ќе се одлучиш =))
едит-глеј да е со 4 клипа, незнам овие модели со колку се =) обавезно 4, никако 3.
и уште нешто. хјундаито е пљукнато корса. многу слична е! пишав и во друга прилика.
Е зошто така збориш што е разликата од 3 до 4 клипа ? Ај земи го за пример тикото, велес кога испаднаа тиковците градов се преполни мака немаат корнат по тесните улици и како што е велес цел со угорници мака немаат ги утепуваат од возење а се со 3цилиндричен мотор за глисер на вода па што смрт немаат сега разликата во 3 и 4 клипа е тактот како е подесена радилицата цо 4 клипа мислам дека идат 2 по 2 или на четвртини не сум сигурен а кај 3 клипа маваат сите различно така е направена радилицата така да влегува прво едниот клип па кога стасува до поле другиот па третиот .Поздрав..........
 
Е зошто така збориш што е разликата од 3 до 4 клипа ? Ај земи го за пример тикото, велес кога испаднаа тиковците градов се преполни мака немаат корнат по тесните улици и како што е велес цел со угорници мака немаат ги утепуваат од возење а се со 3цилиндричен мотор за глисер на вода па што смрт немаат сега разликата во 3 и 4 клипа е тактот како е подесена радилицата цо 4 клипа мислам дека идат 2 по 2 или на четвртини не сум сигурен а кај 3 клипа маваат сите различно така е направена радилицата така да влегува прво едниот клип па кога стасува до поле другиот па третиот .Поздрав..........
Не е муабетот која како работи... Силата и издржливоста е различна на 3 и 4 цилиндричниот мотор. Тико со шасија од 500 кг и Ибица од 1300 кг не е исто.

Што е разликата во 3000 кубици 6 и 8 цилиндри? Иста кубикажа, ама тука разликата во кс е 40 во предност на 8 цилиндричниот.
 
Не е муабетот која како работи... Силата и издржливоста е различна на 3 и 4 цилиндричниот мотор. Тико со шасија од 500 кг и Ибица од 1300 кг не е исто.

Што е разликата во 3000 кубици 6 и 8 цилиндри? Иста кубикажа, ама тука разликата во кс е 40 во предност на 8 цилиндричниот.
Хех сега да не правиме муабет за тоа ама сега кога веќе почна да ти кажам бугатито колку цилиндри има ? 16 колку коња има 1001 или еве да речеме и повеќе нека има а има 7993cc а SSC Ultimate Aero носи мотор V8 а колкава коњажа вади ?кубикажа исто така има помала од вејронот 6345 cc а си чул за таа кола ? 1183ks а има помалку цилиндри ама ај ова нема веза со темава така да само сакав да ти кажам дека коњажата не се гледа во тоа колку цилиндри има колата значи најјака ќе биде се е во тоа како е подесен моторот така да. :smir:
Поздрав.......
 
Според мене, фиестата. Дилемата е меѓу сеат и форд...и двете се добри коли само останува да си ја земеш таа што повеќе ти праи мерак. Јас би го зел фордот и ич око не ми лази:icon_mrgr
 
Земај ја ибицата!!!:helou:
 
Не му мисли Фиестата ти е најдобар избор.Сеатот е добар но сепак Фиестата е многу подобра како на лик така и во возни својства.
 
Вчера ја видов Ibiza-та во живо и не бев баш импресиониран. Внатрешноста ми изгледаше евтино и едноставно, задните седишта барем за мој вкус беа премали и не пружаа добра подршка, не успеав, барем за мој вкус, да најдам добра положба зад воланот, цело време рачката за подесување на висината и длабината на воланот ми сметаше на колената. Не успеав да направам тест возење бидеќи дилерот немал тест возило, односно имал само една изложбена Ibiza.

Но, како што кажав погоре Ibiza-та ми е интересна најмногу заради страничните воздушни перници за глава и гради. Тоа е нешто што Fiesta-та го нема, а мене ми е искклучително важно. Јас поголем дел од денот сум на пат и имам видено многу несреќи и можеби тие странични перници психички го прават автомобилот посигурен. Можеби во реалноста и нема некоја голема корист од нив.

Според EuroNcap Fiesta од 2002 година опремена само со 2 предни воздушни перници остварува 14 поени за страничен удар, додека Fiesta-та од 2009 година со 6 воздушни перници остварува 15,6 поени.
При преден судар каде и двете возила се опремени со предни воздушни перници Fiesta-та од 2002 година остварува 11 поени додека Fiesta-та од 2009 година 14,9 поени. Од ова ми изгледа дека страничните воздушни перници не играат баш и некоја посебна улога.
Споредбено, Ibiza-та и Fiesta-та, со еднаква опрема остваруваат поедеднакви резултати на овие тестово.

Утре заминувам во Mi-Da да ја видам Fiesta-та во живо па ќе ви ги пренесам впечатоците.
 
До душа кога ќе размислам... секој си има свое размислување. Јас имам еден другар кој дома има Hyndai Getz, Hyndai H100 kombe i Hyndai Sonata и од сите три е презадоволен и сега ќе купува Hyndai i20. Јас пример сум фан на VW, таткоми цел живот вози форд и е задоволен, еден мој чичко вози Seat Ibiza од претходниов модел и е задоволен така што, што и да купиш нема да згрешиш.
А како што гледам ти е важна сигурноста па тогаш раководи се спрема резултатите постигнати на crash тестовите. Мој избор би бил VW polo а од овие три понудени би ја земал фиестата.
 
Денеска бев да ја видам Fiesta-та. Од она што го видов не бев премногу воодушевен. Надворешниот изглед е добар но не е како што ја замислував. Исто важи и за внатрешноста. Внатрешноста ми изгледаше исто квалитетна како и на Ibiza-та и можеби малку по разиграна. Е сега Fiesta-та во кабината е малку поголема и поконфорна, со повеќе простор на задните седишта.

Според виденото би ја одбрал Fiesta-та.

Но ми се појави поинаков проблем.

Во Mi-Da имаат само едно возило со пакет на опрема која јас ја сакам и плус тоа е во "Hot Mangenta" металик боја која воопшто не ми се допаѓа а на сетоа тоа и се доплаќа 500 EUR. Доколку сум сакал специфично Trend ниво на опременост ќе требало да ја чекам новата пратка на возила која можеби ќе пристигне за едно 2-3 месеци.
Друга варијанта која ми ја предложија е за истата цена колку што би ме коштал Trend пакетот на опременост да земам возило со Ambiente пакет на опременост кој покрај сериската опрема има и доплата за клима уред и далечинско централо заклучување. Значи ја плаќам истата цена а останувам без електрика на предни стакла, висинско подесување на возачко седиште и без команди за радиото на воланот.

Заради ова најверојатно за земам Ibiza-та до крајов на неделава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom