Seat Ibiza vs. Hyundai i20 vs. новата Ford Fiesta

  • Креатор на темата Креатор на темата petx
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 март 2009
Мислења
14
Поени од реакции
0
Нареднава недела ќе купувам нова кола и сеуште се двоумам помеѓу овие три модели, па ајде дадете ваши мислења која е најдобра опција како и ваши искуства со овие марки на коли.

Значи на избор ми се:
Hyundai i20 1.2 GL Active за 10.990 EUR (http://www.hyundai.com.mk/?m1=21&m3=6&m2=27)

Seat Ibiza 1.2 Reference за 10.890 EUR (http://www.seat.com.mk/new_ibiza/seriska reference oprema.html)

Новата Ford Fiesta 1.25 Trend за 11.900 EUR и за која ми ветуваат добар попуст.

Hyundai-то ми е интересно заради долгата гаранција од 5 години и најмалата декларината потрошувачка во град од 6,5 л/100 км.

Ibiza-та ми е интересна заради подобрата опременост (таа е единственото возило кое има и странични воздушни перници за глава и гради)

Ford-от ми е интересен заради најдобрата опременост од сите (сепак, нема странични воздушни перници за глава и гради) и најдобрите возни својства (барем според тестовите во странските магазини и на интернет сајтовите)

Кои се Вашите мислења за овие возила?

Доколку овдека има некој сопственик на Ibiza нека ги сподели неговите искуства со ова возило. Посебно ме интересира квалитетот на внатрешна изработка, моторот (имам слушнато дека се премногу бучни и дека имаат слаба изолација) и реалната градска потрошувачка, како и искуството со дилерите на Seat.

За оние кои имаат искуство со Hyundai нека ги пренесат генералните впечатоците за овие возила, работата на дилерите и сервисерите како и искуството со овој мотор кој веќе се вградува во Hyundai i10.

За оние кои имаат искуство со Ford нека ги пренесат генералните впечатоци за овие возила како и впечатоците од дилерите и сервисерите.
 
Ako zboris za novata najnovata Fiesta sto izleze sega togas ne mu ja misli mnogu odi vo MI-DA i kupija zatoa sto koliceto e mnogu ubavo a i e kvalitetno jas pred nova godina kupiv nov Ford Focus vo MI-DA i mnogu sum zadovolen od kolata.Neva da se zafrknes ako zemes Ford ti garantiram
 
Било кој модел од форд да го земиш нема промашај. Форд е препознатлив по возните карактеристки, подвозјето и прецизниот управувач. Ентериерот е со висока завршна обработка а надворешните линии се агресивни.

Сеат има мотори од фолсваген, прилично крута вожнња и груба пластика
 
Епа вака еве едно мое мислење иако сум сеуште мал за да зборам за коли ама колку толку се разбирам во нешто. Прво ќе почнам со i20 јас ти викам да не се залетуваш затоа што во скоро време е испадната така да сеуште не е докажана напазаро со своите перформанси i20 е наследник на getz ама времето ке покаже дали ке биде како getz или подобра или полша за фордот ке ти кажам од искуство на татко ми не се залетуј не зимај форд бидејќи фордот е многу големо сра*е така да од форд кола јас мислам дека полоша не може да направи некој види како стојат во светската финансиска криза и со каков минус работат а и уште најголем попуст даваат. Е сега за ибицата одлично количе мотор од wv земи дизел господ да те види дизелот на wv нема смрт голфовите 1 2 3 па и 4 се како магариња зборам за дизелот им нема смрт најиздржлив мотор до сега направен што сум го видел ова е од мене одлуката е твоја. Поздрав.........
 
Сите 3 во перформанси се рамо до рамо.
Така да немаш промашај.
Гледај чиј дизајн највеќе ти се допаѓа.
Според мене Хјундаито не ми се свиѓа. А останативе 2 би му дал предност на Фордот затоа што е малку понов, и можеби ќе бидеш прв со таква кола, "најбоЉи шизик у маало".
Кај нас во Велес веќе има 2 Ибици, а Фиеста гледам една со Грчки таблици, изгледа ењ на некој Егеец дојден нагости, па така да немаме уште од новата Фиеста.
 
Hjundai не, Сеатот или Фиестата - Фиесата е понова, не дека сеатот е стар, една година нема моделот, сепак фордот.
 
Па вака бато ако стварно зборуваш за новата фиеста според мене нема двоумење а и20 мислам дека ти е промашена инвестиција за сеатот мислам дека е добар ама од позади е некако едноставен...а виеста исто така спага во спортските модели кои ги препорачуваат заедно со мазда 2..


росечната емисија на CO2 изнесува 132 г/км што е подобрување за 1.3% во однос на претходниот модел на Фиеста кој веќе имаше одличен резултат во однос на потрошувачката.Новата Фиеста се комплетира со почетната трилогија на Фордовите ECOnetic модели која е најавена во основната понуда на возилата на европскиот пазар. Овој модел на Фиеста превзема нова водечка позиција во класата на малите градски автомобили со емисија на CO2 од само 99 г/км.Сите заинтересирани купувачи за Фиеста со три врати со 1.25 литарскиот мотор Euro IV со 82к.с. ќе мораат да издвојат од 10.990 до 13.650 евра во зависност од пакетот на опрема, односно од 11.290 до 13.990 ако сакате модел со 5 врати. Најјаката Фиеста со мотор 1.6 TDCi Euro IV и 90 к.с. изнесува од 14.770 до 16.370 евра за верзијата со 3 врати односно 15.110 до 15 970 евра за верзијата со 5 врати во зависност од одбраниот пакет опрема.
 
Па вака бато ако стварно зборуваш за новата фиеста според мене нема двоумење а и20 мислам дека ти е промашена инвестиција за сеатот мислам дека е добар ама од позади е некако едноставен...а виеста исто така спага во спортските модели кои ги препорачуваат заедно со мазда 2..


росечната емисија на CO2 изнесува 132 г/км што е подобрување за 1.3% во однос на претходниот модел на Фиеста кој веќе имаше одличен резултат во однос на потрошувачката.Новата Фиеста се комплетира со почетната трилогија на Фордовите ECOnetic модели која е најавена во основната понуда на возилата на европскиот пазар. Овој модел на Фиеста превзема нова водечка позиција во класата на малите градски автомобили со емисија на CO2 од само 99 г/км.Сите заинтересирани купувачи за Фиеста со три врати со 1.25 литарскиот мотор Euro IV со 82к.с. ќе мораат да издвојат од 10.990 до 13.650 евра во зависност од пакетот на опрема, односно од 11.290 до 13.990 ако сакате модел со 5 врати. Најјаката Фиеста со мотор 1.6 TDCi Euro IV и 90 к.с. изнесува од 14.770 до 16.370 евра за верзијата со 3 врати односно 15.110 до 15 970 евра за верзијата со 5 врати во зависност од одбраниот пакет опрема.
Како некоја хостеса во МИДА си :pos2:
 
не затворено е ова време..
 
Јас би рекол фиестата, НО!!!!! Обавезно разговарај со некој што ја има и да ти ја каже РЕАЛНАТА потрошувачка на гориво низ град. Малце трошкајлии се бензинците на форд во споредба со истата кубикажа од своите конкуренти.
 
Фордот дефинитивно, едноставно со попустото кој ти го нудата многу повеќеќ те се исплати, многу повеќеќ вреди за парите отколку ибицата и хјундаите. И тоа страничните воздушни перници можеш само да ги заборавиш.
А возните својства, никој од другиве дури и во целиот сегмент има само многу малку примероци кои имаат приблично добро подвозје.
 
Hyundai и Ford Исклучи ги, по мое земај Seat.
 
фордот и сеатот ми се тука, изглед и опрема би била пресудна за мене. хјундаито од старт иде off.
знај, секогаш на фабричката потрошувачка на гориво која што ја наведуваат произведувачите, додај плус 1 до 1,5 литри. тогаш ја добиваш реалната потрошувачка.
фордот е мааааааааалце понов, што не е многу битно. мала разлика. како и да е, фиестата и ибицата ептен ми се допаѓаат! најубаво е, да седнеш во двете(или трите) на тест возење и да си одлучиш.
ко некој што напомна погоре, сеат се со vw мотори и мука немаат, добра внатрешност и така. кај фиестата конечно помодерен и футуристички дизајн.
пиши кога ќе се одлучиш =))
едит-глеј да е со 4 клипа, незнам овие модели со колку се =) обавезно 4, никако 3.
и уште нешто. хјундаито е пљукнато корса. многу слична е! пишав и во друга прилика.
 
од искуство на татко ми не се залетуј не зимај форд бидејќи фордот е многу големо сра*е така да од форд кола јас мислам дека полоша не може да направи некој види како стојат во светската финансиска криза и со каков минус работат а и уште најголем попуст даваат.
Види вака... дома имам 3 форд возила, и неможе никој да ме убеди дека фордот е срање. зновиве како ке се докажат незнам, ам старите се одлични. Дури и Мазда ја користи истата платформа за нивните возила.
Е сега за ибицата одлично количе мотор од wv земи дизел господ да те види дизелот на wv нема смрт голфовите 1 2 3 па и 4 се како магариња зборам за дизелот им нема смрт најиздржлив мотор до сега направен што сум го видел ова е од мене одлуката е твоја. Поздрав.........
колку што разбрав, прајме муабет за основен бензимски модел (со некое парче екстра опрема која се добива на попуст). Во тој сегмент, сеатот носи 3 цилиндричен 1.3 бензински мотор што се вградува во поло. Фиестата има 4 цилиндричен :baeh: кој е со некој КW посилен.

кога веќе ги спомна дизелите, исти курац! Во ибицата вградуваат 1.4 ТДИ (со 3 клипа) превземен од поло. Фиестата има 1.4 ТДЦИ со 4 клипа кој е со некој КW посилен. Тие мотори што ги каша погоре, не се вградуваат во мали атомобили, така да 1.9 ТДИ се наоѓа во Леон.

Е сега на темава: Ако се прашувам јас, би избирал помеѓу Фиеста и Ибица. Незнам зошто, ама корејските возила ми се бош, и во секоја споредба први ги елиминирам. Така да И20 отпаѓа одма.

Како што напишав погоре, сеатот има минус за 3 цилиндричниот мотор. Остатокот е ствар на вкус.
09-fiesta-s-f3q-st.jpg

ford-fiesta_09.jpg


VS

08-seat-ibiza-f3q-st.jpg

seat-ibiza-interior1.jpg



Се на се тежок избор.
 
зами хјундаи или форд ако сакаш поголем дел од времето да поминиш под неа одколку во неа, од овие тука сеатот(барем е волксваген групација) никој не се пожалил од сеат колку што јас слушам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom