Факултет, мака моја!!!

  • Креатор на темата Креатор на темата Gebieterin
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 август 2008
Мислења
48
Поени од реакции
0
Исфрустрирана од мојава сегашна ситуација, решив да отворам тема и да ја споделам.. Ќе почнам од почеток..
ЕКТС САКС!!!!!
Полагав испит од втор семестар си го положив си земав оценка во индекс и си запишав 2 ра година.. Дојде фебрурска сесија за полагање испити од 3 ти семестар, и јас пробав да ги пријавам преку тоа електронско досие, ама не сакаше, имаше некаков проблем.. Кој е на правен сигурно го знае познатиот ни наш мил Драги, кај кој се обратив јас веднаш, и на кој му го кажав проблемот. Драги, ладно крвно ми рече зошто не сум дошла за некои 10 години.. Пробуричка и ми кажа дека податоците во електронското досие за испитот ми ги нема.. Зачудена го прашав како може да ги нема, а сепак имам земено оценка и запишано веќе година, и што да правиме сега.. Ми рече дојди утре, дојдов утре, утрето ми рече дојди задутре, дојдов и задутре.. и така цел месец.. Во меѓувреме отидов до ЕКТС канцеларијата (зошто Драги ме мавташе) каде што прашав дали може да ги полагам испитите од 3 ти семестар, иако неможам да ги пријавам, зошто има проблем, добив позитивен одговор.. И така си ги положив јас сите испити од 3 ти семестар, за кои подоцна ми кажаа дека не ми се важечки.. И згора на тоа ми го поништија и испитот од 2 риот семестар! Со што веќе немав услов за 3 ти семестар.. Некако успеав да се приберам и смирам, и повторно го полагав испитот од 2 от семестар.. Си го положив, арно ама требаше да ми се внесат уште поените од есеј и да земам оценка.. Бев кај астистентката зошто таа е задолжена за поени од есеј, и она ми рече дека ги ставила.. После уште 3 недели се тегневме дали или не ги ставила.. и нормално испадна дека воопшто не ги внела во електронското досие.. Во меѓувреме се ближеше Мартовска казнена сесија во која сакав да ги полагам испитите од 3 ти семестар и да си продолжам понатаму.. Меѓутоа неможев поради тоа што асистенката имала премногу работа!!!! Секојдневно ја посетував и и се јавував и и кажав дека ми зависи цела година поради нејзината неодговорност.. на што добив одговор добро јас во понеделник ќе ти ги ставам.. Ги немаше ни во понеделник поените.. Бев пак кај Драги и он фати да се заебава на сета моја заебанција.. Ми рече ајде до вечер пробрај и ќе ги пријавиш.. Пробав и ги пријавив, но не и еден предмет кој мора да го имам предходниот испит кој го полагав по втор пат, за да го пријавам тој.. Денес, ги полагам во казнена испитите од 3 ти семестар, но сеуште ми ги нема поените од есеј внесено асистенката.. Којзнае што ќе биде и со овие..
И кого да убијам јас?!?!!!? Изгубив волја...
 
Си слушнала ти за ДЕКАН ?
 
Буни се кај Самоил Малчевски.
 
Сочувство од студент изгорен на ист начин!
 
Си слушнала ти за ДЕКАН ?

Сум слушнала јас за декан :smir: .. Текстот ќе беше 10 страни, па го скратив.. На целиот мој бес му кажав на Драги дека ќе идам кај деканот и ќе му кажам што се случува, почнав да се дерам..!! И Драги ми рече ај седи си мирна ќе се среди, џабе ќе идеш, ништо нема да се смени.. И така јас не отидов...
 
Сочувство од студент изгорен на ист начин!

На ист начин?

Па луѓе во толкав период од 3 семестри како што сфаќам деканот под земја да бил ќе изникнел од некаде да ве сослуша и да ви помогне, и веќе ако го нема него, мора да има 2-3 продекани за настава :toe:

Сум слушнала јас за декан :smir: .. Текстот ќе беше 10 страни, па го скратив.. На целиот мој бес му кажав на Драги дека ќе идам кај деканот и ќе му кажам што се случува, почнав да се дерам..!! И Драги ми рече ај седи си мирна ќе се среди, џабе ќе идеш, ништо нема да се смени.. И така јас не отидов...

Да одиш и тоа веднаш ако уште си заглавена... како си можела да не одиш бе?
 
И после ќе слушам:
Студент во Германија изврши масакр на 7 професори....блабла...не би ме зачудило ова и кај нас:pos2:

Шала на страна него шо викаат погоре побарај си чаре, Деканат, Декан, Малчевски...Само можам да те потапкам по рамо, а тоа знам дека ништо нема да ти помогне
 
Да одиш и тоа веднаш ако уште си заглавена... како си можела да не одиш бе?

Немав многу останато време, требаше да пишувам жалби и молби, а за таа процедура треба поише време да помине.. мене ми беше све кнап.. Работата беше да идам кај деканот и дали воопшто ќе се средеше тоа, а доколку не се средеше ќе изгубев цела година.. Или да почнам да полагам све од почеток.. за пак негде да се заебам..
 
На ист начин?

Па луѓе во толкав период од 3 семестри како што сфаќам деканот под земја да бил ќе изникнел од некаде да ве сослуша и да ви помогне, и веќе ако го нема него, мора да има 2-3 продекани за настава :toe:
Епа во ЕКТС ако имаш положено предмет од погорните семестри а немаш положено од помалите за кои како услов ти се да ги имаш ислушано едните за другите, после 3 сесии ти се бришат положените испити. Значи мораш по ред да полагаш прво од помалите семестри па од поголемите. Ако ме сфативте добро, ако не пак добро.
 
Девојче, колешке, батали го драги и љубиша, прашај го Аце, тој е малку поразбран од нив двајца. Де објасни шо имаш за полагање, кои предмети условни ли се или не? Ај да развиеме дискусија...
 
Немав многу останато време, требаше да пишувам жалби и молби, а за таа процедура треба поише време да помине.. мене ми беше све кнап..
Не требаат никакви молби и жалби ако одиш директно во деканат било кај продеканите или деканот, разговорот оди очи во очи а ако веќе требало молба истата ќе си ја предадела директно на рака.
 
Иди бегај...каков Борче-деканот, какви продекани. Поима немаат тие. На постдипломски имаме предавање пред некоја недела Интелектуална сопственост и и викаме на една професорка, дека треба да запишеме поени за активност, а таа со цел памет се чудеше "па деца вие постдипломци сте"? Ауу не сум знаела".:tv:
 
Девојче, колешке, батали го драги и љубиша, прашај го Аце, тој е малку поразбран од нив двајца. Де објасни шо имаш за полагање, кои предмети условни ли се или не? Ај да развиеме дискусија...

Кој е Аце?? А конкретно е предметот Македонски 2.. , ништо страшно 100 пати го положив али не ми ги става поените од есеј кучката!!!
 
Епа во ЕКТС ако имаш положено предмет од погорните семестри а немаш положено од помалите за кои како услов ти се да ги имаш ислушано едните за другите, после 3 сесии ти се бришат положените испити. Значи мораш по ред да полагаш прво од помалите семестри па од поголемите. Ако ме сфативте добро, ако не пак добро.
Јасно е де :) по тоа и го завршив факултетот... само малку пола пола ми беше :) експериментираа нешто :)
Иди бегај...каков Борче-деканот, какви продекани. Поима немаат тие. На постдипломски имаме предавање пред некоја недела Интелектуална сопственост и и викаме на една професорка, дека треба да запишеме поени за активност, а таа со цел памет се чудеше "па деца вие постдипломци сте"? Ауу не сум знаела".:tv:
Еее тие поените за активнсот дури од годинава се во промет :) цела оценка носат ако ги имаш :)
 
Јас си завршив факултет на традиционалниот начин. Ама ова кредит-трансфер ич не го разбирам... бетер малтретирање е... Јас си идев на испит. Ако положиш супер, ако не здравје :tv:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom