Љубов со магија

  • Креатор на темата Креатор на темата Eddie_rebel
  • Време на започнување Време на започнување
Сте слушнале за чаробни љубавни мишиќ?
 
Сте слушнале за чаробни љубавни мишиќ?
Ne
Raskazi ni

Ова ме потсети на мојата тетка.
Кога била млада била многу убава,а тетин ми не можел никако да ја освои.
Па така,тогаш биле многу популарни маѓиите и решил тој да и направи магија.
И откако некој човек баел за да го засака,тетка ми одма се заљубила во него.
Толку била занесена што само неговото име го изговарала,како замаена била.
И се земале,па после на тетка ми толку и се влошило здравјето,до умирачка,едвај ја спасиле.

И ден денес,се заедно имаат три деца,се сакаат и лично тие ми имаат кажувано за ова.
Ама тетин ми вели-не сакам да слушнам никогаш за магија!
Колку се интересни толку се и штетни,а дека постојат-постојат,секој во што сака нека верува.
A ja trgnale magijata ili...?
I sea si ziveat zaedno.
Neznam kako da kazam... kako reagira taa na toa deka nejziniot maz i napravil magija?
 
Ок господине Куркосалама, те сфативме, олади.
 
Постојат вакви работи, и според тоа што сум слушнал биле ефикасни, но не сум тука да осудувам.
Како и да е, нема задоволство во тоа некој вештачки да се затреска по тебе, глупаво е,освен ако сакаш само авантура да има имаш со најјаката у маало не се исплати депримирањето.
 
Ne
Raskazi ni

A ja trgnale magijata ili...?
I sea si ziveat zaedno.
Neznam kako da kazam... kako reagira taa na toa deka nejziniot maz i napravil magija?
Магијата имала кратко дејство и трае еден период,после ја нема.
И како сакаш да реагира,нормално е дека е лута,но со тек на времето тоа избледнува.
Но и до ден денес му приречува за тоа.
 
Порано со дедо ми посетувавме разни верски објекти и мистериозни места и луѓе, дека дедо ми беше запален по натприродни појави, скриени богатства, мистериозни лекови... Еднаш додека во џамија чекавме да не прими оџата се запознавме со еден човек кој исто така чекаше да биде примен. Онака ни раскажа дека со помош на оџата кој направил некоја магија или незнам што жена му го засакала и друг маж не ни погледнувала ама сега пак имале некој конфликт па овој за тоа бил дојден. Пред некое време оваа случка ја раскажав на еден мој пријател кој е муслиман и на тоа ми рече дека е точно. Рече дека оџата имал такви моќи да направи некоја девојка да се вљуби во некој маж. Ми раскажа и дека во неговото село кое е муслиманско многумина се ожениле со девојките со кои сакале благодарение на таква магија. Ми кажуваше дека магијата била едноставна и дека не мора баш да се прави од оџа, кажа и како се прави ама не памтам баш. Ми раскажа дека и тој порано на шега и направил магија на некоја девојка и оваа лудо го засакала, едвај после ја отарасил. Сеа незнам дал е коенциденција во неговиот случај. Детево е симпатично не е невозможно и без магија некоја да се вљуби лудо во него, ама сеа незнам кажуваше дека и на други луѓе им успевала магијата ... Истовов муабет го имам правено и со други што имаат слушнато за вакви работи меѓу кои и едни муслимани од Турција кои потврдија дека вакви работи се можни и дека и самите биле сведоци. Во еден весник дури и наидов на оглас дека оџа правел магија за љубов. Што мислите вие за ова? Можно ли е да се вљубиш во некој поради некаква магија. Сте слушнале ли за некои вакви случки? Затоа што по кажување на оние со кои сум правел муабет не се реткост

A да дадеш ти број, меил од оџата? Не дека ми треба, туку да не затреба...
 
Инаку имам другар кој едно време беше заразен со проучување и ''правење'' love potion ама колку му успеаа е друга работа... хаха се гледа по него ;)

A да дадеш ти број, меил од оџата? Не дека ми треба, туку да не затреба...
:aplauz::smeshko:
 
A да дадеш ти број, меил од оџата? Не дека ми треба, туку да не затреба...

:) Темата ја отворив чисто да размениме искуства околу таа мистерија (или глупост според некои форумџии). Некој можда бил сведок или пак нешто слушнал. Јас се што знам за тоа пишав, а за број немам ама ако случајно ти затреба ќе отидеш до најблиската џамија и ќе си прашаш.
 
абе Џини од Aладин не моеше да напрај Џесмин да се заљуби во аладин, не па некој си оџа таму :)
 
:) Темата ја отворив чисто да размениме искуства околу таа мистерија (или глупост според некои форумџии). Некој можда бил сведок или пак нешто слушнал. Јас се што знам за тоа пишав, а за број немам ама ако случајно ти затреба ќе отидеш до најблиската џамија и ќе си прашаш.

Мојата нога не стапнува на другата страна на Вардар, а не па во џамија!

Размена на искуства. Значи, свиѓаш типка. Се упознавате. Излегувате n-пати, или се мувате или станувате најдобри другари. Тука нема некоја филозофија, мене прашај ме, ја ќе ти кажам како да и се пуштиш на некоја, немора оџи да прашуваш.
 
Тетке ако пишеш бар пиши по темата, а ако не ти се допаѓа не мора ни да ја читаш. Ако мислиш дека е општествена закана за моралот на младите побарај да ја затворат еве не ми пречи. Само немој да тролуваш !!!
 
Не можеш со магија да натераш некој да засака некого, ни да не го сака више. Љубовта е над сите тие работи. Љубовта е магија сама по себе и таа не контролира нас, а не ние неа, така да ова се глупости.
 
Тетке ако пишеш бар пиши по темата, а ако не ти се допаѓа не мора ни да ја читаш. Ако мислиш дека е општествена закана за моралот на младите побарај да ја затворат еве не ми пречи. Само немој да тролуваш !!!

Прво, пази како се обраќаш.
Второ, пишуваш некои апсурдни работи, ти ги читам мислењата и гледам дека никој од толку членови на форумов не е запознаен со твоите истрипани моменти.
Трето, не реков нигде дека е закана за моралот на младите.
Четврто, дај поконкретни информации за да веруваме. Мојата атеистичка природа не ми дозволува да верувам во нешто напишано на форум а не го имам ни видено, ниту пак имам слушнато за истото. Ако ти веруваш - верувај. Ама дека има многу луѓе кои праат магии за да фатат женска, не ми е многу логично. Не е ова sci-fi филм.
 
Се што знам пишав, а ти дали веруваш баш ме заболе. Нигде не инсистирам некој да верува, а најмалку ти. Целта ми е да има дискусија, со доживувања, сознанија, а не со мислења јас верувам, јас не верувам. Ако знаеш нешто што ќе ја збогати темата пиши, не со твоите атеистички фрустрации да замараш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom