- Член од
- 18 јануари 2009
- Мислења
- 1.407
- Поени од реакции
- 339
Порано со дедо ми посетувавме разни верски објекти и мистериозни места и луѓе, дека дедо ми беше запален по натприродни појави, скриени богатства, мистериозни лекови... Еднаш додека во џамија чекавме да не прими оџата се запознавме со еден човек кој исто така чекаше да биде примен. Онака ни раскажа дека со помош на оџата кој направил некоја магија или незнам што жена му го засакала и друг маж не ни погледнувала ама сега пак имале некој конфликт па овој за тоа бил дојден. Пред некое време оваа случка ја раскажав на еден мој пријател кој е муслиман и на тоа ми рече дека е точно. Рече дека оџата имал такви моќи да направи некоја девојка да се вљуби во некој маж. Ми раскажа и дека во неговото село кое е муслиманско многумина се ожениле со девојките со кои сакале благодарение на таква магија. Ми кажуваше дека магијата била едноставна и дека не мора баш да се прави од оџа, кажа и како се прави ама не памтам баш. Ми раскажа дека и тој порано на шега и направил магија на некоја девојка и оваа лудо го засакала, едвај после ја отарасил. Сеа незнам дал е коенциденција во неговиот случај. Детево е симпатично не е невозможно и без магија некоја да се вљуби лудо во него, ама сеа незнам кажуваше дека и на други луѓе им успевала магијата ... Истовов муабет го имам правено и со други што имаат слушнато за вакви работи меѓу кои и едни муслимани од Турција кои потврдија дека вакви работи се можни и дека и самите биле сведоци. Во еден весник дури и наидов на оглас дека оџа правел магија за љубов. Што мислите вие за ова? Можно ли е да се вљубиш во некој поради некаква магија. Сте слушнале ли за некои вакви случки? Затоа што по кажување на оние со кои сум правел муабет не се реткост