Ме дриблаш или се трудиш? Не...најискрено одговори ми, сакаш да ти поверувам?
Види римз за мене тоа е така, знамето на етничките македонци е де факто различно за мене од државното знам, за разлика од албанија каде дефакто знамето на етничките албанци е и државното знаме на албанија.
Стварно си пицајзла малку

Сега очекувам трн да биде искрен како што сум јас во моите искази и да ти каже дека и 8 кракото сонце е македонско (национално). Имам негови теми-постови читано за тоа.
На крај краишта, ако не го гледате воопшто како национално дај да го смениме во нешто што сите ќе го гледаме како свое наместо вака ти половично го гледаш како твое а јас ич.
Абе јас реков државното знаме не го гледам нит цело нит половично како знаме на етничките македонци туку го гледам како државно знаме знаме кое ја претставува историјата на македонија а не на етничките македонци или албанци или кој и да било друг етникум.
Пораката е едноставна народите во македонија со векови се бореле и пролевале крв (црвената боја) за да денес ја имам македонија каде сите народи во македонија ќе можат слободно да ги уживаат своите права, а со рамковниот договор уште подобро се покрепува симболиката на сонцето.
Освен тоа веќе ова знаме со годоини наназад е знаме на државава па стана знак на препознатливост, знаме преку кое сите однадвор повеќе или помалку веќеќ можат да ја идентификуваат Република Македонија, па сега, а со оглед на тоа дека никој однадвор не го заболе за симболиката туку бара во знамето една слика преку која полесно ќе ја азпамти државата, малку би било глупост сега го менуваме.
Еве кажувам државното знаме не е и знамето на етничките македонци па не си го змеме при срце зошто и дугите етникуми би си ги земале тоа при срце.
Точно, меѓутоа Македонците се борат за своите правдини, се сеќаваш? Не сакам сега мене да ми интерпетирате и кажувате што и како е кога Princ бил пионер (имам марама и значка уште) и ја пеел химнава многу пати во неговиот живот, зборуваме искрено и отворено. Ако мислите таква дискусија да водиме, да повелеме. Во спротивно јас навистина не гледам зошто воопшто би учествувал на оваа тема. Прашањето е зошто Албанците, државјани на РМ не ја чуствуваат химната и знамето како свое и се обидувам да одговорам на тоа од моја гледна точка. Крушевската република е сегмент само од целата химна. Прочитај таму Даме Груев, Гоце Делчев... немој само за Крушевската да се фатиш.
Јас само доборнамерно сакав да се обидам да укажам дека албанците не се целосно исклучени од химната. за да не мора толку омразено да се гледа кон сегашната химна.
Интересно, Албанската химна (на републиката) не вика "Албанците се борат за своите правдини" нит пак спомнува Албански херои. Ја најдов на Англиски
Значи хероизам, патриотизам... но не и национализам, така да се изразам. Плус, во Македонија е јасно дека 25% од населението се декларираат како Албанци, имаме и други националности, да речеме 15% не знам како вели статистиката... Навистина е мултиетничка земја.
Дали тоа значи дека ако во текстот имињата „Гоце делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“ се заменат со „Македонците, Власите, Албанците, Ромите и останатите“ би било прифатливо за тебе?
Јас не
Нормално тука кога без дополнително објаснување на што се цели во дадениот контекст со одредницата Македонци , можеме до 1000 и 1 и назад да се караме и пак да не се сложиме бидејќи под одредницата Македонци може да се подразбира:
1. Етнички Македонци, кои етнички не се поистоветуваат со никој друг народ кој живее во соседството и што имаат свој засебен мајчин јазик македонски
2. Човек роден во регионот Македонија, географска одредница и според не и ти и римз сте скратено Македонци
3. Државјанин на Репубплика Македонија, и тука и ти и римз, и кварк и пикасо и крејзи појол сте Македонци (тука е повеќеќ од јасно зошто во химната со маекдонци не се мисли на државјани на Република Македонија)