Се кандидираат во Македонија, но со албанска химна

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Убава песна е навистина, меѓутоа во вакво мултиетничко општество мислам дека државните обележја треба да бидат "неутрални" за да бидат задоволени сите засегнати страни. Пример некоја музика без текст за химна, знаме со некои општи бои... Така веројатно поблиска ќе ја чуствуваме сите химната и знамето. Вака имаме химна во која Македонците се борат за своите правдини, и знаме на кое историјата ја знаеш совршено добро. Имаме и друга солуција, таа би била оваа сегашната: Македонците нека продолжат да се борат за своите правдини под 16 кракото сонце (или 8, сеедно) а Албанците, државјани на оваа земја одсекогаш нека не ја интонираат бидејќи навистина е тешко мене лично да ми се дига на химна во која Македонците се борат... знаеш за што? За своите правдини.
Ни требаат обележја кои ќе не зближуваат сите, преку кои ќе се означува дека во оваа прекрасна земја живеат сложно многу етникуми, земја во која единството а во исто време и различностите (во позитивна смисла на зборот) постоеле отсекогаш, кога американците различните од нив ги пукале со пушки или ги држеле робови. Да научат од нас како всушност се прави тоа
Ок де.И Албанија нека го смени знамето пошто и таму една-третина од населението се не-албанци.Биват???
И Америка,Шпанија,Холандија,Франција,Германија...сите тие да имаат неутрални знамиња.
 
Не МОРА да се смени знамето и химната, додуша јас и ви го препорачувам тоа. Само не ми мрчете што не ја осеќам блиска. Не ја осеќам блиска бе "македонците се борат за своите правдини" и крај!
 
Не МОРА да се смени знамето и химната, додуша јас и ви го препорачувам тоа. Само не ми мрчете што не ја осеќам блиска. Не ја осеќам блиска бе "македонците се борат за своите правдини" и крај!
Е то е веќе друго.То си е твое лично право.:smir:
 
Не МОРА да се смени знамето и химната, додуша јас и ви го препорачувам тоа. Само не ми мрчете што не ја осеќам блиска. Не ја осеќам блиска бе "македонците се борат за своите правдини" и крај!

А Македонци, како нација? Исто како што се Американците(црнци, ирци курци палци) така и Македонците(Македонците, Албанците, Турците итн од Македонија) се борат за своите правдини?
 
Знаеш и сам дека кај нас никогаш не се работело на такво градење на општество. Секогаш овде национално сме биле едни против други и тоа ни е длабоко влезено во традиција и коски, ама се надевам ќе се смени тоа во подалечна иднина, тоа е и мој сон. Во моментов, кога се вели "Македонците се борат за своите правдини" се мисли на Спасе, Гоце, Зоран, брат на Горан. Истото важи и за знамето.
Порано, пред 50-100 години било космополитизам да го знаеш јазикот на другиот. Кажуваат старите, кога ќе се сретнеле на чаршија се "карале" со чив јазик да се поздрават. Денес е срам да знаеш албански или македонски, чпиун ниеден, за шака долари го продаде гзот.
 
Абе.. воа нешто мутирале овие? Селмани гледам напреднал прилично... укапирал некои работи
 
А Македонци, како нација? Исто како што се Американците(црнци, ирци курци палци) така и Македонците(Македонците, Албанците, Турците итн од Македонија) се борат за своите правдини?

не кенкај, ТИ беше тој кој што мене ми рече дека проблематиките од типот Александров>Михајлов>Преговори за името не ме засегаат мене дека не сум бил македонец.

Да, сонувам за такво општество. Не, сеуште не сме. Нема ни да бидеме. Во такво општество и едните и другите се исти. Во Мајами џандар на хиспанос има хиспански да му збори, џандар е, во служба на народот, во служба на истиот тој хиспанос. Кај нас, македонец кога ќе ми прозборе мене на албански на улица тогаш јас ќе почнам да се крстам.
 
Ногу глеаш ЦСИ:Мајами.
Иначе тебе џандар на улица ќе ти прозбори албански(ако знае нормално) ако си Албанец од надвор,а не овдешен македонски Албанец.
 
Ногу глеаш ЦСИ:Мајами.
Иначе тебе џандар на улица ќе ти прозбори албански(ако знае нормално) ако си Албанец од надвор,а не овдешен македонски Албанец.

Како прво, сум живеел и знам како е, не ми требаат мене филмови, за разлика од тебе да видам како треба да се живее.

Ко второ, зашто албанец од надвор да има поголема почит отколку македонски Албанец? Попрво би испочитувал некој албанец од странство, отколку мене со кого што живееш? После прашуваш зашто не се сакаме...хех..

Гоце пер, џабе везеш. Џабе везам. Биче боље...некаТ
 
...Ама па...несфатливо ми е како македонската страна очекува албанската страна да го почитува македонското национално знаме кое што воедно е и државно, а не сакаат да го почитуваат национално знаме на албанците....

Знамето на етничките Македонци беше до 1994 и државно, после тоа го сменија и не е веќе државно.
Само за да не дојде до забуна ова знамето на етничките македонци:
180px-Flag_of_the_Republic_of_Macedonia_1991-1995.svg.png

А ова е државното знаме на Република Македонија:

125px-Flag_of_Macedonia.svg.png

Знам малку сум пицајзла ама токму занемарувањето на вавите детали само повеќе ја сплеткува дуискусијата, и со тоа драстично ја намалуваат можноста за наошење некое меѓусебно разбирање.
Имај на ум етничките македонци сегашното државно знаме (вентилаторот) не го гледаат како свое етничко знаме туку како знаме на државата во која живеат. А токму истото знаме поради неговата модерност дава поширока смисла за тоа како крв се пролеала во историјата на дражавата или во нејзиното градење, за да се добијат некои слободи и права (сонцето). Од тој гледен аспект и јас го гледам државното знаме како претставително за сите граѓани на Р. Македонија. Освен тоа не укажува директно на поврзаноста со античките македоци како 16 кракото знаме, така да не е причина да се чувствуваат другите народи како во некоај мера како дојденци или како „другите“.

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!

Во кој дел да се најдам себеси?
Не е баш во ред, ама малку заебано е... Малку повеќе од што мислите.

Па по една кратка анализа мислам дека албанците во оваа химна можат не експлицитно но имплицитно да се пронајдат. Имено:

„Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!“

укажува дека се вее знаме на држава која е базирана на манифестот на кружевската република во кој и самиот мислам дека знаеш дека се повикани сите албанци кои се создавање на македонска држава независна од кој и да било од нејзините комшии.

Не заебавај, барем татковина резервна не постои. Мојата татковина е Македонија во овие граници и со овие метри квадратни. Искрено и отворено, во Албанија (мојата резервна татковина според тебе) не сум бил никогаш досега во моите 26 години и не ме предизвикува ништо посебно за да ја посетам. Веројатно ќе ја посетам некогаш, ама повеќе од "туристички" побуди, слично како што верувам дека некогаш ќе ги посетам Белгија, Турција, Америка, сакам и Австралија да ја видам, имам чуено убави зборови за таа земја.
Додека пак Македонија сум ја посетил од што ја сакам и ми е татковина, без разлика на се. Прилеп, Битола, Струмица, Штип, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Охрид...

Дали со ова кажуваш дека химната на Р. Албанија не ти значи, ондсно сметаш дека не соодветствува на интересите на држава која кажуваш дека ја сакаш односно Макеоднија?

Не МОРА да се смени знамето и химната, додуша јас и ви го препорачувам тоа. Само не ми мрчете што не ја осеќам блиска. Не ја осеќам блиска бе "македонците се борат за своите правдини" и крај!

Јас во тој стих под „македонците“ подразбирам сите тие што се родени во Македонија а не сите тие кои се исклучиво етнички македонци.
 
Знамето на етничките Македонци беше до 1994 и државно, после тоа го сменија и не е веќе државно.
Само за да не дојде до забуна ова знамето на етничките македонци:

Ме дриблаш или се трудиш? Не...најискрено одговори ми, сакаш да ти поверувам?
 
Имај на ум етничките македонци сегашното државно знаме (вентилаторот) не го гледаат како свое етничко знаме туку како знаме на државата во која живеат.
Стварно си пицајзла малку :icon_lol:
Сега очекувам трн да биде искрен како што сум јас во моите искази и да ти каже дека и 8 кракото сонце е македонско (национално). Имам негови теми-постови читано за тоа.
На крај краишта, ако не го гледате воопшто како национално дај да го смениме во нешто што сите ќе го гледаме како свое наместо вака ти половично го гледаш како твое а јас ич.

Па по една кратка анализа мислам дека албанците во оваа химна можат не експлицитно но имплицитно да се пронајдат. Имено:

„Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!“

укажува дека се вее знаме на држава која е базирана на манифестот на кружевската република во кој и самиот мислам дека знаеш дека се повикани сите албанци кои се создавање на македонска држава независна од кој и да било од нејзините комшии.

Точно, меѓутоа Македонците се борат за своите правдини, се сеќаваш? Не сакам сега мене да ми интерпетирате и кажувате што и како е кога Princ бил пионер (имам марама и значка уште) и ја пеел химнава многу пати во неговиот живот, зборуваме искрено и отворено. Ако мислите таква дискусија да водиме, да повелеме. Во спротивно јас навистина не гледам зошто воопшто би учествувал на оваа тема. Прашањето е зошто Албанците, државјани на РМ не ја чуствуваат химната и знамето како свое и се обидувам да одговорам на тоа од моја гледна точка. Крушевската република е сегмент само од целата химна. Прочитај таму Даме Груев, Гоце Делчев... немој само за Крушевската да се фатиш.
Дали со ова кажуваш дека химната на Р. Албанија не ти значи, ондсно сметаш дека не соодветствува на интересите на држава која кажуваш дека ја сакаш односно Макеоднија?
Интересно, Албанската химна (на републиката) не вика "Албанците се борат за своите правдини" нит пак спомнува Албански херои. Ја најдов на Англиски
United around the flag,
With one desire and one goal,
Let us pledge our word of honour
To fight for our salvation

Only he who is a born traitor
Averts from the struggle.
He who is brave is not daunted,
But falls - a martyr to the cause.

With arms in hand we shall remain,
To guard our fatherland round about.
Our rights we will not bequeath,
Enemies have no place here.

For the Lord Himself has said,
That nations vanish from the earth,
But Albania shall live on,
Because for her, it is for her that we fight.
Значи хероизам, патриотизам... но не и национализам, така да се изразам. Плус, во Македонија е јасно дека 25% од населението се декларираат како Албанци, имаме и други националности, да речеме 15% не знам како вели статистиката... Навистина е мултиетничка земја.

Јас во тој стих под „македонците“ подразбирам сите тие што се родени во Македонија а не сите тие кои се исклучиво етнички македонци.
Јас не ;)
 
Ме дриблаш или се трудиш? Не...најискрено одговори ми, сакаш да ти поверувам?

Види римз за мене тоа е така, знамето на етничките македонци е де факто различно за мене од државното знам, за разлика од албанија каде дефакто знамето на етничките албанци е и државното знаме на албанија.

Стварно си пицајзла малку :icon_lol:
Сега очекувам трн да биде искрен како што сум јас во моите искази и да ти каже дека и 8 кракото сонце е македонско (национално). Имам негови теми-постови читано за тоа.
На крај краишта, ако не го гледате воопшто како национално дај да го смениме во нешто што сите ќе го гледаме како свое наместо вака ти половично го гледаш како твое а јас ич.

Абе јас реков државното знаме не го гледам нит цело нит половично како знаме на етничките македонци туку го гледам како државно знаме знаме кое ја претставува историјата на македонија а не на етничките македонци или албанци или кој и да било друг етникум.
Пораката е едноставна народите во македонија со векови се бореле и пролевале крв (црвената боја) за да денес ја имам македонија каде сите народи во македонија ќе можат слободно да ги уживаат своите права, а со рамковниот договор уште подобро се покрепува симболиката на сонцето.
Освен тоа веќе ова знаме со годоини наназад е знаме на државава па стана знак на препознатливост, знаме преку кое сите однадвор повеќе или помалку веќеќ можат да ја идентификуваат Република Македонија, па сега, а со оглед на тоа дека никој однадвор не го заболе за симболиката туку бара во знамето една слика преку која полесно ќе ја азпамти државата, малку би било глупост сега го менуваме.
Еве кажувам државното знаме не е и знамето на етничките македонци па не си го змеме при срце зошто и дугите етникуми би си ги земале тоа при срце.

Точно, меѓутоа Македонците се борат за своите правдини, се сеќаваш? Не сакам сега мене да ми интерпетирате и кажувате што и како е кога Princ бил пионер (имам марама и значка уште) и ја пеел химнава многу пати во неговиот живот, зборуваме искрено и отворено. Ако мислите таква дискусија да водиме, да повелеме. Во спротивно јас навистина не гледам зошто воопшто би учествувал на оваа тема. Прашањето е зошто Албанците, државјани на РМ не ја чуствуваат химната и знамето како свое и се обидувам да одговорам на тоа од моја гледна точка. Крушевската република е сегмент само од целата химна. Прочитај таму Даме Груев, Гоце Делчев... немој само за Крушевската да се фатиш.

Јас само доборнамерно сакав да се обидам да укажам дека албанците не се целосно исклучени од химната. за да не мора толку омразено да се гледа кон сегашната химна.

Интересно, Албанската химна (на републиката) не вика "Албанците се борат за своите правдини" нит пак спомнува Албански херои. Ја најдов на Англиски

Значи хероизам, патриотизам... но не и национализам, така да се изразам. Плус, во Македонија е јасно дека 25% од населението се декларираат како Албанци, имаме и други националности, да речеме 15% не знам како вели статистиката... Навистина е мултиетничка земја.

Дали тоа значи дека ако во текстот имињата „Гоце делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“ се заменат со „Македонците, Власите, Албанците, Ромите и останатите“ би било прифатливо за тебе?

Нормално тука кога без дополнително објаснување на што се цели во дадениот контекст со одредницата Македонци , можеме до 1000 и 1 и назад да се караме и пак да не се сложиме бидејќи под одредницата Македонци може да се подразбира:
1. Етнички Македонци, кои етнички не се поистоветуваат со никој друг народ кој живее во соседството и што имаат свој засебен мајчин јазик македонски
2. Човек роден во регионот Македонија, географска одредница и според не и ти и римз сте скратено Македонци
3. Државјанин на Репубплика Македонија, и тука и ти и римз, и кварк и пикасо и крејзи појол сте Македонци (тука е повеќеќ од јасно зошто во химната со маекдонци не се мисли на државјани на Република Македонија)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom