Ви недостигаат ли владините реклами ?

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување

Ви недостигаат ли владините реклами ?

  • Да

    Гласови: 42 33,1%
  • Не

    Гласови: 61 48,0%
  • Не ги приметувам

    Гласови: 24 18,9%

  • Вкупно гласачи
    127
Владините реклами продолжуваат

На дел од медиумите, се уште, се појавуваат огласи платени со државни пари. Иако, премиерот Никола Груевски, пред два дена, најави дека во овој период не се предвидуваат рекламни кампањи, дел од јавноста се сомнева дека владините реклами ќе престанат.

Претседателката на Транспарентност Нулта-корупција Слаѓана Тасева вели дека рејтингот на Владата покажува дека кампањите даваат резултати и затоа не очекува да престанат.
„Неопходно е да се одржува таа состојба на висок рејтинг, затоа што така може да опстојува една влада, која всушност не нуди вистински решенија за проблемите кои го притискаат народот.“

Владата потрошила нови 4 милиони евра од државниот буџет за да ги убедува граѓаните дека не се во криза, да ги „натера“ да бидат оптимисти, да ги научи да не пушат, да не пијат, да не абортираат, но да читаат книги и отпадоците да ги фрлаат во канта, објави весникот „Дневник“, минатата недела.

Тие кампањи се корисни затоа што влијаат на свеста на граѓаните за подобрување на некои општествени појави доколку се негативни или влијаат лошо врз луѓето, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Експеротот за политички маркетинг Иво Лауренчиќ вели дека дури и кампањите што директно не ја рекламираат Владата, влијаат на подигнување на нејзиниот рејтинг, зашто се добива впечаток дека Владата се бори против негативните појави.
„Се што огласувате, на некој начин, кај некои луѓе создава позитивна или негативна слика. На пример, ако имаш податок дека во Македонија има одреден број луѓе што се дрогираат и со тоа се загрозени одреден број семејства, а сигурно има многу такви, тогаш можеме да кажеме дека влијае.“

По огромниот интерес на јавноста, Државниот завод за ревизија, дури на крајот на јануари годинава, објави дека во 2007 година Владата потрошила 7,7 милиони евра за рекламни кампањи.
Првиот човек на Транспарентност Македонија Сашо Орданоски смета дека, за сопствена реклама, Владата троши меѓу 1 и 2 отсто од буџетот, што според него е незамисливо, особено во услови на економска криза.
„Со 17, 20 или 50 милиони евра можат многу други работи да се направат и тие пари сигурно можеа многу подобро да бидат решени.“

Радио Слободна Европа, во март годинава, повикувајќи се на податоците на агенциите за истражување на медиумскиот пазар, објави дека Владата, минатата година, потрошила околу 17 и пол милион евра за рекламен простор, само во весниците и на телевизија, и со тоа станува втор најголем огласувач, веднаш по телекомуникациската компанија Т-Мобиле. До сумата од 17,5 милиони евра Агенциите доаѓаат множејќи го времетрањеето на рекламите со цената на рекламниот простор според официјалните ценовници на медиумите. Владините институции ниту ги потврдија ниту ги демантираа овие тврдења.

http://www.makdenes.org/content/article/1738943.html

Наздравје :sekss: во здрав мозок.
17 и пол милион евра за рекламен простор, само во весниците и на телевизија :nesvest: Па дали се нормални???
Поради економскава криза(за која ни викаа дека нема нас да не фати) ги стопираа вработувањата,немало пари у буџет,а за реклами има пари :tapp::tapp:
 
Нели темава имаше коментари ?
 
17 и пол милион евра за рекламен простор, само во весниците и на телевизија :nesvest: Па дали се нормални???
Поради економскава криза(за која ни викаа дека нема нас да не фати) ги стопираа вработувањата,немало пари у буџет,а за реклами има пари :tapp::tapp:

Абе шо ве гледам чудни, каменот и оревот се кај нив , па кога сакат тогаш ке го кршат, шо ви е вам лајте колку сакате тие се глуви на вашето викање...........:zid:
 
17 и пол милион евра за рекламен простор, само во весниците и на телевизија :nesvest: Па дали се нормални???
Поради економскава криза(за која ни викаа дека нема нас да не фати) ги стопираа вработувањата,немало пари у буџет,а за реклами има пари :tapp::tapp:

Абе шо ве гледам чудни, каменот и оревот се кај нив , па кога сакат тогаш ке го кршат, шо ви е вам лајте колку сакате тие се глуви на вашето викање...........:zid:

Стока, и уште да биде потрагично ги гласа народ.
 
На дел од медиумите, се уште, се појавуваат огласи платени со државни пари. Иако, премиерот Никола Груевски, пред два дена, најави дека во овој период не се предвидуваат рекламни кампањи, дел од јавноста се сомнева дека владините реклами ќе престанат.
Нормално дека нема да престанат.
Што друго Гвујо ќе и понуди на Македонија, освен дебилни реклами со државни пари, од кои најголемиот, троен бенифит, оди на лично негово конто:
- Перење пари
- Перење мозок
- Контрола врз медиумите
Тие кампањи се корисни затоа што влијаат на свеста на граѓаните за подобрување на некои општествени појави доколку се негативни или влијаат лошо врз луѓето, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Дебил!!! Се прашувам кога 50 илјади ќе му се нацртат пред влада за да повлијаат малку на неговата е*ана свест, со која потценува огромен дел од Македонскиот народ.
 
Нормално дека нема да престанат.
Што друго Гвујо ќе и понуди на Македонија, освен дебилни реклами со државни пари, од кои најголемиот, троен бенифит, оди на лично негово конто:
- Перење пари
- Перење мозок
- Контрола врз медиумите
Дебил!!! Се прашувам кога 50 илјади ќе му се нацртат пред влада за да повлијаат малку на неговата е*ана свест, со која потценува огромен дел од Македонскиот народ.
За тебе треба специјална кампања да се направи, ќе се одвои од буџетот, каков таков граѓанин на Mакедонија си.
 
Не ми недостигаат.Зошто не ми недостигаат???Зошто има и други начини со кои може да се дигне свеста на народот, а тоа е со дела и работа.
 
Vo bezidejnost na eden aparatcik mora da ima mnogu mnogu reklami.
 
Mene iskreno strashno mi nedostiga reklamata za platezhnata kartichka za koja shto Gruevski kje treba da odgovara.
 
Кој вели дека се укинати дека ги нема во етерот, та сеуште зрачат на малиот екран, само кој ги приметува???
 
Вака сега.
Имам еден проблем :)
Во последните неколку недели, се' нешто како да ми фали...се' нешто како да ме копка.
Имено, откако секнаа владините реклами, мојата самодоверба е преполовена.
Животот ми стана пекол!
Секоја вечер си легнувам во страв и дилема, дали сабајле кога ќе се разбудам, пак ќе бидам Македонија!?
Секое утро се будам со истото прашање ?
Дали верувам во себе? Дали верувам во своите одлуки и верувам во својот народ ?
Страшно ми фалат зборовите: Тргнав да го ослободам светот, а не да ги учам неодлучните што е храброст и одговорност! (реклама Александар ака Грујо)
Се прашувам..? Како ли сега ќе си ја вратам самодовербата која ја стекнав во времето кога владините рекламми беа составен дел од мојот живот ?
Страшно.....ужас!!!
И да е само ова, арно ќе да е.
Агонијата навлезе во сите пори од општествениот живот на граѓаните.
Па дури и во сексуалниот!

Седам така пред некој ден со двајца пријатели на кафе муабет.....
- Како е - го прашувам едниот.
- Шо како е вика. Никако.
- Сексуалниот живот ми е катастрофа.
- Откако нема веќе реклами за трето дете, жена-ми ја изгуби желбата за секс.
- А откако пак разбра дека субвенцијата се разгледува пред уставен....либидито ептен и падна.
- Нема веќе иднина - се жали.
- Абе криза нема за тебе - му велам - Муваш ти нешто и на страна.
- Што мувам бе.
- И швалерката ме откачи откако разбра дека се крчкало некој закон со кој ќе плаќала пенали ако не била мажена до 28, а она на граница... 27.
- Како бе така те откачи - го прашувам изненадено.
- Е така де.
- Ми рече дека повеќе не и требал швалер...туку маж.
- Еее... и јас си имам сличен проблем - се надоврзува вториот пријател.
- Е што проблем па имаш ти ? Немаш жена, немаш швалерка...имаш сериозна врска - зачудено прашува првиот.
- Абе се утепав пари давајќи по кондоми - одговара овој.
- Зашто кондоми ? Па нели сте веќе 4 години заедно - зачудено констатирам.
- Епа сме, ама во последно време нонстоп ми префрла дека абортусот бил убиство, а ние сеуште не сме во брак. Така да стариот добар секс без кондом за мене веќе е минато - нервозно ја вади кутујата цигари од џеб и пали цигара.
- Дечко, овде пушењето е забрането - довикува келнерот од шанкот.
- Како бе забранено ? Па нели...
- Абе ве зезам - не прекинува и се смее.
- Ама после избори ќе видите - пак се смее.

Го привршуваме така кафе-муабетот...излегувам надвор и во најблискиот парк седнувам на една клупа, за да на раат испушам една цигара.
Лево од мене, камуфлиран џандар кој едвај чека да плукнам или фрлам пикавец, па да ми опне една казна од 50 евра.
Спроти мене седат момче и девојка, а јас, помалку воајерски им го прислушкувам муабетот.

- Кажи нешто де - му вели девојчето на момчето.
А овој како од топ почнува:
- Дали знаеш дека со брз бакнеж уста на уста се согоруваат три калории, додека со долготраен и страстен бакнеж може да се истрошат дури 6,5 калории.
- Молам ? Зачудено прашува девојчето.
- Да бе цуцо, не си знаела - задоволно одговара момчето.
- Ти личам ли ја на дебела бе за да согорувам калории...дебилу еден? Револтирано одговара девојчето, станува од клупата и си заминува.
- Ама чекај...јас знам англиски, одам на часови по француски, а компјутерот дома тата мата го правам...Застани!! Знаењето е сила...знаењето е моќ - извикува момчето.
- Да ама треба уште многу многу да учиш - заминувајќи му возвраќа девојчето.
- И...? Каде згрешив сега - Се прашува паметното момче гледајќи во мене.
- Глупавата идеја е само отсуство на добрата.Ништо страшно.
Му одговарам станувајќи од клупата и одејќи накај најблиската корпа за отпадоци за да го фрлам отпушокот од цигарето.

- Пууу ме заеба!! Го слушам гласот на џандарот од позадина.
- Уште половина час имам до крајот на смената а треба уште двајца да казнам, инаку отидоа 15% од платата.
- Иди му викам пред влада или парламент. Таму секој еден кој ќе помине, плука по нив, така да за 15 минути ќе си го исполниш лимитот за цела недела.
- Благодарам Господине...љубезно ми се обраќа џандарот.
- Ако свршам работа во знак на благодарнаост имаш две плукања и едно фрлање пикавец гратис од мене - се насмевнува и шиба накај влада со надеж дека во последен момент ќе спаси околу две-ипоп илјади денари од неговата плата.
А јас, погледнувам во часовникот и брзам накај дома, во надеж дека рекламите се вратени во етер, за да конечно си ја повратам и мојата изгубена самодоверба која исчезна со исчезнувањето на владините кампањи :)

The End

Настаните и улогите се полуизмислени.

Користени се сегменти од следните владини кампањи и реклами:
- Ти си Македонија
- Трето дете
- Знаењето е моќ
- Стоп за абортусот
- Забрането плукање и фрлање пикавци

Во текстов погоре, се обидов од моја гледна точка на еден пародичен начин да го претставам "ефектот" од владините кампањи и реклами за кои се потроши многу поголема сума на пари од изнесените осум милиони годишно од страна на заводот за ревизија, и околу кои се дигна голема прашина за време на нивното презентирање.

И бидејќи нели Јас сум Македонија а знаењето е моќ, слободно можам да констатирам дека ние всушност и немаме лоша влада, туку имаме недостаток од добра, а рејтингот на власта не паѓа поради нејзината лошата работа, туку поради недостаток на реклами.

Ова е само моја констатација во врска со горенапишаното.

А вашата ?

Дали некому му недостигаат владините реклами ?
Дали некој денес за разлика од пред два месеца се чувствува помалку Македонец ?
Дали за време на кампањата решивте да го проширите семејството со трето дете ?
Дали после престанокот на рекламите се откажавте од проширување на семејството ?
Дали скапо-платените реклами на било кој начин влијаеа врз вас ?
Дали целта ги оправда средствата ?
Тука да напоменам дека по моја лична пресметка базирана врз пазарните цени за продукција и закупен медиумски простор за емитување на истите, севкупните владини кампањи и реклами годишно би чинеле повеќе од 40 а помалку од 50 милиони евра.

И уште само едно прашање:

Дали средствата имаа цел ?
Abe ti si mislel nema reklami...koga eve gledas sega sme na novo nivo...ova so Otpor sto e...stvarno sme fenomeni...
 
И те како. Еве веќе подолг период неможам убаво да извршам голема нужда.
 
Јас мислам дека треба да се изработи реклама во која цветаат рози насекаде,сите се среќни и задоволни.Особено да се вметне делот во кој позајмуваме 100 милиони евра за помош на малите и средни претпријатија,а даваме скоро 20 милиони за владини реклами и делот во кој сакаме да земеме странски кредити од 250 милиони,а даваме милиончиња на италијанска фирма да ни лие споменик и со тоа си ја подржуваме домашната економија нали и си ги топиме со сила девизните резерви.На крајот нека залепат една парола во која ќе напишат дека сите што не ги гледаат розите се од сдсм,за да можеме мирно да спиеме.
Срамно и жално е ова.
 
Јас мислам дека треба да се изработи реклама во која цветаат рози насекаде,сите се среќни и задоволни.Особено да се вметне делот во кој позајмуваме 100 милиони евра за помош на малите и средни претпријатија,а даваме скоро 20 милиони за владини реклами и делот во кој сакаме да земеме странски кредити од 250 милиони,а даваме милиончиња на италијанска фирма да ни лие споменик и со тоа си ја подржуваме домашната економија нали и си ги топиме со сила девизните резерви.На крајот нека залепат една парола во која ќе напишат дека сите што не ги гледаат розите се од сдсм,за да можеме мирно да спиеме.
Срамно и жално е ова.

Зошто ни ги убиваш соништата со твојата окрутно-реална микро и макро економската анализа?

Остави не да си го живееме The Truman Show...
 
Јас да има можност би му ги пуштал тие безвезни реклами само на реален07.Би му ги пуштал толку многу дури и на сон да ги гледа.:baeh:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom