Добар старт на 2009 година.. Со играта не блеснавме многу битни се трите бода кои ги освоивме..Главните конкуренти (Милан и Интер) ремизираа против Рома односно Каљари, и тоа ни даде можност да му скратиме 2 бода од предноста на Интер, и да ја зголемиме предноста во однос на Милан од 3 на 5 бода..Трката за титулата сеуште не е дојдена ни до средина, така да до крајот останува уште доста кола за играње и не е ништо завршено..
Денеска напати Јуве имаше анемична игра, премногу се опуштија и за среќа тоа не знаеше да го казни Сиена..Кога играат против послаб противник, сум забележал дека кога ќе заводат и после многу брзо се опуштаат сметајќи го натпреварот за завршен..Тука прават голема грешка, и за среќа тоа не ни се има негативно одразено..Иста грешка направија со Лече кога поведоа, се опуштија, па да дозволија Лече да израмни, и среќа се погоди Амаури да ги спаси 90+, и сега со Сиена, ама Сиена за среќа не го искористи тоа, исто беше и со Болоња, при водство од 2-0 тие примаат гол, и се бранат до 90..Се надевам дека ова ќе им биде школо дека во Калчото титулата се добива против малите екипи..Како доказ на тоа е ланската сезона..Гледајќи ги дерби натпреварите Јуве имаше позитивен скор со сите претенденти за Скудетото (освен со Фиорентина), а на крај завршија на третото место..Губеа бодови од Палермо, Катанија, Парма итн, а победуваа со Интер, Милан, Рома, Лацио...Се надевам дека помотивирани ќе излезат со Лацио, среќа се вратија 90% од повредените играчи, и имаме квалитет што мислам дека ќе го искористиме за борбата за Скудетото!