Раниери не очекува нови засилувања Тренерот на Јувентс, Клаудио Раниери вели дека не очекува нови засилувања во јануари бидејќи ќе се вратата неколку играчи кои беа повредени
Старата Дама се поврзува со неколку играчи кои можат да се преселат во Торино во текот на зимскиот преоден рок. Се спомнуваат засилувања на дефанзивата и се шпекулира со имињата на Да Коста од Фиорентина како и младиот дефанзивец од Бразил, Матиони.
Плејмејкерот на Вердер Бремен, Диего повеќе од една година се поврзува со преселба во редовите на Бјанконерите, но Раниери вели дека не очекува нови имиња.
“Во јануари нема да барам никакви засилувања, бидејќи се враќаат некои играчи кои беа повредени.”
“Диего? За тоа ќе мората да разговорате со Алесио Секо.”
По се изгледа и Матиони нема да го зимате?