17 милиони евра за доградба на собраниската зграда!

Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Ми се чини дека владата има прилив на средства за кои ние не знаеме и за тоа експериментираат со ваква непотребна работа во моментов како реновирање на парламентот, иако е пожелно зошто не личи на ништо, почнувајќи од ролетните кои се од времето кога се измислени.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Moжеше барем уште 3-4 катови да се доградат на собранието наместо куполи за истите пари,само ќе немаше кој да ќари други пари по некоја година кога ќе им текне дека им недостига простор во собранието.Па добро бе има ли некој кој може да ги запре ова лудациве од власта што очигледно намерно се изживува со “слепците“ кој ги изгласале.
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
472
Поени од реакции
15
До сега бев воздржан,ама стварно ја претеруваат овие,милиони милиони на споменици,згради,тениски игралишта,триста митиглупости,а луѓево немаме леб да јадиме...:tapp::tapp:

а ти извини што сакаш??? да дојде груевски да ти донесе 300 евра ...и така на секој први во месецот а ти да легаш....е народе народе..има 300 бизниса кои можеш да ги почнеш.....само таква држава сме..таков народ...само да лега...НАТЕПАЛ некој 25 години..жмие тука на форум...и вели еее нема работа...државата оди во пропаст...па оди работи бре....чувај свињи...кокошки...пеќурки произведувај....мешај малтер...ШТО САКАТЕ???ВЕДНАШ ВО ФОТЕЉА ДА СЕДНЕТЕ....
а не дека го подржувам груевски за ова...и јас сум против ова...али човекот не е господ..па ајде еве ви работни места..работете....секаде е така...секаде е приватен бизнис....нема веќе држава ова она....

ајде кој ќе произлезе со контра нешто и да ми каже барем 5 работи што груевски треба да ги направи за се намали невработеноста...ТИ ПРВ Dee_jay...ако ти знаеш 5 работи глава сечам...само обвинувате некого

edit:отвори на некоја телевизија што има огласи што даваат...ќе најдеш 50 работни места..бар така е во куманово на огласи...се бараат луѓе за во пицерија бла бла...и никој несака да оди да работи...како што велат за 6000 денари...па мора од толку да почнеш бе братко...биди ти после 2-3 години Пица мајстор па работи во александар палас биди главен кувар и зимај 1000 евра....
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
ајде кој ќе произлезе со контра нешто и да ми каже барем 5 работи што груевски треба да ги направи за се намали невработеноста...
1. Да постави куполи на собраниската зграда
2.
3.
4.
5.

п.с. Нека го продолжи некој списоков!
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
1. Да постави куполи на собраниската зграда
2.
3.
4.
5.

п.с. Нека го продолжи некој списоков!
1. Да постави куполи на собраниската зграда
2. Да се постават МИНИМУМ по 30 споменици,бисти,обележја во секој град
3. Да се направат МИНИМУМ по 5 фонтани во централното градско подрачје
4. Да се наредат МИНИМУМ по 10 јарболи во секој град
5. Да се направат МИНИМУМ по 10 тениски игралишта во секоја општина

Со овие 5 работи ДРАСТИЧНО ќе се намали невработеноста во Република Македонија :smir:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
а каде живееме ???? да не станавме Швајцарија случајно ???
мореее така му треба на овој народ-овци ...
не сте знаеле е сега дознавте ПОДОБРО СЕ ЖИВЕЕ СО:
1.СПОМЕНИЦИ
2.ТЕНИСКИ ИГРАЛИШТА
3.ЈАРБОЛИ
4.ФОНТАНИ....
5.СПОТОВИ ...
6.КУПОЛИ,,,

САМО НАПРЕД ГРУЈО ПРЕРОДБА ВО 100 ЧЕКОРИ ,НАДОГРАДЕНА.....
јесен стиже дунјо мојо ,јесен рана ...... ке падне како есенски лист....
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
486
Поени од реакции
6
Да се доградуваат катови и простории е во ред. Но, куполиве се навистина премногу.
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Nemojte taka, ovie se graditeli. Treba da ostanat zapisani vo istorijata za idnite generacii. Piramidite na primer se poznati po faraonite, a ne po onie sto umirale vlecejki kamenja da gi izgradat.
Koj go napravi krstot na Vodno ?
- Ljubco.:):), e sega deka e od nasi pari e nevazno. Toj e graditelot.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
мислев дека со скулптурите ке биде КРАЈ на глупостите на владата..

ПРЕРОДБАТА НЕМАЛА КРАЈ .......
баравте си добивте....
колку ли ми е жал ,,,кога лугето сами си се колнат ДА МИ СЕ ИСУШИ РАКАТА ... шо гласав за него (зачинета со пцовки..) раката нема да се исуши ама џебовите одамна ПРЕСУШИЈА.............
ДОБРО Е И ШТО НЕМА ЗАКАОН ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ КУПОЛИ ПО ДОМОВИТЕ ,,КАЈ КЕ НИ БЕШЕ КРАЈОТ.................
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
мислев дека со скулптурите ке биде КРАЈ на глупостите на владата..

ПРЕРОДБАТА НЕМАЛА КРАЈ .......
баравте си добивте....
колку ли ми е жал ,,,кога лугето сами си се колнат ДА МИ СЕ ИСУШИ РАКАТА ... шо гласав за него (зачинета со пцовки..) раката нема да се исуши ама џебовите одамна ПРЕСУШИЈА.............
ДОБРО Е И ШТО НЕМА ЗАКАОН ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ КУПОЛИ ПО ДОМОВИТЕ ,,КАЈ КЕ НИ БЕШЕ КРАЈОТ.................
ЌЕ ИМА, ЌЕ ИМА,....НЕ БРЗАЈ...ене го април каде е...:) само нека поминат ИСТОРИСКИТЕ ИЗБОРИ....
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
ЌЕ ИМА, ЌЕ ИМА,....НЕ БРЗАЈ...ене го април каде е...:) само нека поминат ИСТОРИСКИТЕ ИЗБОРИ....
И... испразнета каса,задолжени преку глава.... фактури за наплата ке пристигнуваат од секаде... и пак јово на ново

ако на крај не ја продаде и државата ...ке биде добро,,,
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
И како шлаг на цела глупост очекувајте да го видиме Букефал пред собранието кај паси трева и не води кон нова блескава идеја (јадете трева,здраво е).
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Па може народот да ја сруши собраниската зграда,нели се спремале социјални немири и со тие 17.000.000 € ке си изградат парламентарците ново собрание?
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Е за ова сум против, 17 милиони евра за куполи!

Ќе направам една брза математика.
Тоа се 425 станови со просечна цена од 40.000 евра.
425 фамилии по 4 члена, тоа се 1000 луѓе да ги помогнеш да стартуваат во животот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom