Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ibracadabra, муабетот е што Мурињо не поставува игра која одговара за овој Интер, а доволно е паметен и кадарен тоа да го направи .
Имаше еден интересен податок на forcainter форумот, за тоа каков успех имала екипата со 4-3-3 системот и 4-3-1-2, нормално, процентуално, 4-3-1-2 беше каде-каде подобар од оној првиот, и не верувам дека истото е случајно .

За Златан 100 пати имам кажано, далеку од тоа дека е лош, ама веќе кога се нема избор односно кога веќе се знае ќе замине, тогаш само во Ето гледав добро покривање на таа дупка, плус Милито нормално и реков, за успешна сезона ке ја сметам оваа во поглед на нападот ако истиот ја надмине границата од 30-35 голови .

Ако јас одлучував, а верувам и 99% од останатите, за Златан, сите ке сакавме да остане, ко прво заедно со Ето,Руни и Торес се најдобрите напаѓачи на денешницава, ко второ апсурдно е да се продава своето најдобро во период кога градиш екипа која ке биде кадарна за ЛШ, и ко трето еден и единствен е таков на планетава, метро 90, со брзина, техника, креативност, односно универзален е, а таквите ко него по конституција се нешто налик на Крауч, Павличенко и остали, статикуси и стриктно у шенсаесентик со никаква универзалност во нив .

Нејсе, доста за него, се додека Интер остане на ваков стил на игра, тешко дека би успеале пред Се во Европа, стварно греота е тим со еден ваков напад да игра дефанзивен фудбал типичен за Мурињо, фудбал кој палеше на теренчињата во Англија, но тука, во Италија со италијанска екипа во никој случај, 100 прилики имаше Мурињо да го увиди и заклучи истово .
И уште нешто, Интер сезонава игра лошо на гости, незнам дали го приметивте тоа, пример, Наполи од старт беа отворени, Парма исто, иако дадоа гол Интер во 70та минута, имаа 100 прилики и пред тоа и по тој гол за уште голови за разлика од Парма кои немаа ниедна шанса, Бари лош резултат 1-1, и тоа најмногу по вина на Мур кој во 55та минута веќе немаше право на измени, Бари сите знаеме дека по првото поминување на половина даде гол, а во второто имаа дури и шанса за победа .
Али на гостински терен не ја гледаме истата слика и игра на Интер, мора да се игра стрпливо и да се чека својата прилика и играта да се препушти на противникот, така беше и со Каљари, и со Сампдорија а и Рубин а Интер во ваквите дуели со условно кажано слабите екипи мислам дека не би имале проблем доколку удрат офанзивен фудбал од старт, едноставно подобри се во секој сегмент и не гледам причина зашто истото не би било исплатлива опција .
Натпреварот со Милан беше приказна за себе, сите знаеме дека Мурињо влага во некоја своја димензија пред секое дерби и ретко кога можеме да добиеме лоша слика од тимот во такви мечеви најмногу поради тоа што го анализира секој сегмент од играта на противникот, што не е случај кога игра со послаби екипи очигледно .

п.с. За ова последново, некогаш и не палело, Барса дома, Јунајтед дома, Милан минатата сезона и тн но факт е дека дерби средбите за Мур се нешто посебно, поголема е веројатноста да изиграат тиња со Аталанта гости отколку Јувентус гости, пример . . .
 
Со Ибра имавме мудра и солидна игра и Ибра мудро и солидно ни ги носеше титулите во Италија.

Сега откако го нема, мудро и солидно ќе пропаднеме.
 
Со Ибра имавме мудра и солидна игра и Ибра мудро и солидно ни ги носеше титулите во Италија.

Сега откако го нема, мудро и солидно ќе пропаднеме.

А што се замарате со Ибра?

Веќе е минато и не би зборел за него повеке.Самиот си замина,сакаше да си замине,го бакнуваше знакот на Барселона и вие уште се крстите во него?:tapp:.

Гледајте на посветлата страна.Имаме двајца напагачи од светска класа а секој од нив си има свои карактеристики.Имаме добра иднина(Балотели,Сантон,Крхин и Дестро),средниот ред сеуште не е доволно уигран но потребно е време нормално.

Бидете стрпливи малце.Не секогаш вистинската форма се темпира на почетокот на сезоната.Сетете се пред 2 години каде што Интер газеше се пред себе и се така до паузата.Потоа пораз од Ливепул и дома и гости и вадење во последно коло во сезоната по огромната разлика која ја имавме претходно.

Според мене подобро е сега да се добиваат овие утакмици како-така,со 1:0 со 1:0,барем 3 бода се позади контото него да играме добра игра а да не правиме ништо.Вистинската форма се гледа во Февруари па до крајот на сезоната,тогаш е тој период каде што треба да се биде во форма.

Имаме одличен тим,многу појак од оној со Ибрахимович во него треба само играта да се прилагоди кон новите играчи односно да се уиграат самите и другото се ке си дојде само по себе.
 
^Не верувам дека Бојан беше сериозен :) .

Него тоа што ветив тоа и исполнив, Mурињо : '' Смирен сум, а не нервозен '', дел од најинтересните моменти од пресот денес во Апијано Џентиле, дадено е и целото интервју али на италијанската верзија на сајтот, со сите можни детали, али за тоа ке требаше да чекате до утре, вака само се извадени најинтересните моменти од англиската верзија на официјалниот сајт .
 
^Не верувам дека Бојан беше сериозен :) .

Па незнам дали е сериозен или не,но постот е упатен кон сите што жалат кон Ибра.

Непотребно е,а и не го заслужува тоа.
 
Дај бе доста го дувате за Ибра ако имате нешто друго да кажетем ПОВЕЛЕТЕ :helou:
 
Инаку гледам денес за Интер примавера и го приметив Денис Алибец.Напаѓач,а на дербито за младинците им ги дал двата гола на комшииве од Милано.
Има и на youtube клипчиња и еден добар гол за Романија и според коментарите станува збор за голема надеж.

П.С Што стана со Кутињо(бразилецот),што требаше да наполни 18 години за да заигра за Интер а во Бразил се дигна голема фама околу неговиот талент?
 
^ Ke дојде наредново лето .
 
Скоро цела ндела немам седнато на интернет да видам шо се случува, и седнувам сабајле и веднаш гледам одлична вест.
Виера најави замунување уште во Јануари поради малата минутажа која ја добива. :vozbud:


Во Сабота играме со Удинизе, традиционално незгоден противник за нас но овојпат очекувам сигурна победа. Милито најави враќање но не верувам дека Мурињо ќе ризикува со него уште во Сабота, треба го чува за натпреварот со Динамо. Проблем плус е суспензијата на Маикон, повредата на Мота и Милито но се враќа Снајдер.

Цезар, Сантон, Лусио, Самуел, Киву, Занети, Станкович, Камби, Снајдер, Ето, Балотели

Ова би требало да биде изборот на Мурињо. Не би се изненадил Сантон да игра среден ред а Занети десен бек.

Сантон кој до вчера играше лев бек, сега да игра десен бел?!?!? :toe: Не ми оди ова некако. И јас мислам дека Занети ќе игра десен бек, а сантон среден ред. А може и Сантон да одпадне па среден ред да играат Станкович Снајдер Камбиасо и Кварезма/Мансини!
 
Кварезма не е во состав.Инаку десен бек му е позицијата од примавера на Сантон кој добро се снаога и на таа позиција.

Мурињо сеуште не му го најдол идеалното место.Покажа дека е добар во одбрана,за селекција Липи го играше како лево крило.Добро е што може да игра на повеке позиции а со тоа се изградува во уште подобар фудбалер.
 
Сантон кој до вчера играше лев бек, сега да игра десен бел?!?!? :toe: Не ми оди ова некако. И јас мислам дека Занети ќе игра десен бек, а сантон среден ред. А може и Сантон да одпадне па среден ред да играат Станкович Снајдер Камбиасо и Кварезма/Мансини!
Природна позиција на Сантон е десен бек. А лево игра поради тоа што таму има колку толку приостпр за него. Десно е незаменливиот Маикон па не можи да се надева на таа позиција.

Последно колку што го имам гледано Занети како бек, било десно или лево не ме импресионираше многу. Затоа како прва варијанта го ставив Сантон бек а Занети средина. Сепак Мурињо си знае најдобро и да не нагаѓаме многу ќе видиме вечерва со кој состав ќе настапи против Удинезе.
 
Moмци, објавив две статии на странава, ги следев сите чекори кои ми ги објасни Иосоно, али очигледно се јавува некој проблем кога јас ставам наслов, се пореметуе цела страна . Кога ке дојде Иосоно ке го среди преоблемов, би требало денес или утре најдоцна . :wink:

Еве линк за првата статија, во врска со подршката на Дејо за Балотели, и нормално, најавата за вечер .

Мал едит, у најавата го заборавив и Снајди во составот на Интер па имаше 10 играчи иако тактиката која ја ставив беше 4-3-1-2, извинете :).

Фала за StefanTheGreat за поправката . :wink:
 
Сајтот е среден и chatot е пуштен. Немој да ми напрајте лом таму, додека мачорот не е тука, глувциоте оро играат...

Поздрав!
 
Ајде дечки, одиме на победа вечер...I got a feeling...дека Снајдер ќе постигне гол :)

The aliens are coming...and they love Inter :kajg:
29439.jpg
 
Julio Cesar 12, Zanetti 4, Lucio 6, Samuel 25, Chivu 26, Muntari 11, Cambiasso 19, Stankovic 5, Sneijder 10, Eto'o 9, Milito 22
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom