П.С. Читам неколку страници наназад, пак исти муабети но нов заклучок: Официјално Син и компанија тука се криви што Ибра сакаше да си оди од Интер. И то.
Nc, заклучок, Интер игра преубав фудбал и го торпедира Милан, тишина, прв кикс на Интер, Ибра не е овде, шо има да дискутираш тука .
Друга работа, реков за играта, лани на стартот изиграа нерешено со Сампдорија, изгубија со Милан, беа надиграни дома од Џенова и изиграа 0-0, изиграа коло потоа и со Фиорентина гости 0-0, во 90та минута се вадеа со Удинезе дома и Реџина гости . . . ова беше сликата во првите 7-8 кола кога Ибрахимович беше тука .
Во ЛШ да не зборам, второ место завршија во таа група . :smir:
И сеа Ибра го нема, пак имаат сличен почеток т.е. ист почеток и сега Ибра не е овде и тоа е причината, Интер повторно игра лошо и тн и тн .
Рабирам некој да удри критика, пример, на Мурињо, зашто сметам дека тренерот во моментов греши што поставува свој дефанзивен систем и игра во овој Интер, факт е дека кога Интер напаѓа играат супер, создаваат шанси и прикажуваат убав фудбал .
Ако некој во моментов треба да се критикува, тоа е Мурињо и никој друг, и лани беше слично, го отворија лошо првенството и самиот изјави дека овој негов систем едноставно '' не пали '' кај Интер и дека е потреба поофанзивна тактика со поофанзивна поставеност и подигнување на дефанзивната линија понапред ( ова знам го изјави по мечот со Џенова или Фиорентина, не ми текнува точно по кој меч беше изјавата ) .
Сезонава повторно истата грешка ја прави и повторно истото се одразува деструктивно врз екипата .
Али не, Ето е кривецот, Снајдер е кривецот или Милито, т.е. Ибра што не е тука, тоа е причината !
Кога ке ги отвори некој очите и кога ке ја разгледа убаво моменталната ситуација, тогаш ке дискутираме, зашто фактите нешто сосем друго говорат, односно благе везе си немаат со оној муабет дека без Ибра играат вака '' лошо '' ( сепак рано е за судење ) или зашто Ето немал креативци позади него и слично .
Ај тоа што читаш.. Ама од Пеинт подалеку не разбираш гледам..
И да официјално е веќе.. И трае.. Не тоа дека Син и компанија се криви што Златан си заминал, туку паднаа на тестот за силен Интер! Да досега падна.. Се додека не заигра овој најсилен Интер кој денес го имаме онака течно, се дотогаш нивната теорија за одлично трансфер лето паѓа во вода.. Не да го имаме Мурињо, ако сака и дедо мраз нека седи на клупа.. Тоа е тоа засега.. ТИЊА!
П.С. А што се однесува до Златан, ме заболе и мене и Ибракадабра што сакал да си оди.. Муабетот беше за тоа кој беше во право.. Не беше дали посакал Златан да си оди или не.. Ако ме разбираш мислам.. Не ме бидува во Пеинт да ти нацртам..
П.П.С. И не се однесува тоа толку на Син колку на останатите.. Впрочем тој и никогаш не напишал ништо лошо за Златан.. А тоа што останатите се кријат зад него и чекаат да напише некој пост па да се вклучат тоа е друга работа.. Ако ме разбираш што велам..
И за тебе истото прашање, не ти текнало бе Мурињо малце да го искритикуваш за оваа игра, зашто ете ти погоре, ИСТ ИДЕНТИЧЕН почеток со иста игра имаа и лани, дури и полош, катастрофа беа, овде на форум миланезиве се смееа на играта на Интер, на тој очаен почеток кога Кварезма беше дупе, кога Ибра не можеше гол у ЛШ да даде и кога се мачеа во сите изиграни натпревари .
Мурињо е оној кој треба повторно да направи промена, факт е дека кога тимот игра офанзивно гледаме друга слика и друг Интер, со шанси, акции и функција напад - средина, а не вака отсечено, цел тим на своја половина освен Ето и пар напаѓачи на остала .