Ајде со малку закаснување и јас да го искоментирам натпреварот од средата.
Прво и основно, на сите стручњаци тука кои го критикуваа Интер или пак играчите на Интер, зборувам за фанови на Интер и на Барса, мора да им е јасно дека Барса ги има своите ,,5 минути'', односно лани и оваа година го даваат максимумот од екипата што може да го прикаже, имаат еден уигран и силен состав, најдобар светски играч итн., а од друга страна го имаме Интер, кој што овој трансфер период претрпе големи измени во тимот, значи не измени кои се небитни, туку измени во делот каде што се крои тактиката.
Снајдер, Мота, Милито, Ето, Лусио, ова се стартерите против Барса, играчи кои за Интер играат 3-4 официјални натпревари. Од мене имаат честитки, Снајдер неверојатно добро се вклопува во тимот, имаше и добра шанса за гол кога со финта му го измести `рбетот на еден (не се сеќавам кој) играч на Барса, Лусио изигра феноменално, можеби и играч на мечот заедно со Киву, типот едноставно е ѕид. Другите засилувања нема да ги коментирам, сите изиграа на високо ниво, но овие двајца изиграа еден левел над нив.
Е сега муабетот ми беше овој, денес гледаме еден различен Интер, средината функционираше феноменално, кратки брзи и прецизни додавања низ теренот, фалеше Камбијасо на местото на очајниот Мунтари.
Далеку од тоа дека Интер се бранеше, Интер се бранеше само еден период околу 70та минута, толку беше, всушност кои конкретни шанси ги имаше Барса? 1 или 2, онаа на Кеита и плус уште некоја изгледна шанса, од друга страна се закани Милито, Снајдер и уште неколку добри шанси, аналогно на тоа никој не може да ме убеди дека Интер се бранеше, напротив новите невоиграни играчи се трудеа, работеа низ терен.
Мурињо успеа да изгради добар тим, верувам дека ќе напреднат и ќе ги следат многу успеси. ФОРЦА ИНТЕР !!!