А преку поседот!!!
Арно што си легнав вчера порано знаев дека вака ќе биде. На форумов пимплате повеќе дури и од играчите на Барса.
kazete mi iskreno zadovolni ste od igrata na Inter,od rezultatot.Se gleda deka ste zadovolni,zs? Zs Barca celo vreme igrase podobro.Eve ja na primer ne bi bil zadovolen ako Inter celo vreme napaga na Camp Nou,a Barca se brani i edvaj izvlekuva 0-0.Toa ti e
Затоа ти навиваш за Барса, а ние за Интер. Барса или било кој друг тим во Шпанија никогаш не може да одигра маестрална одбрана како Интер вчера. 3 дена да се играше уште 3 пати немаше да шутнете на гол. Тоа што е „едвај“ за тебе, за нас е песна.
Моќната Барселона го надигра ИНТЕР и им го измачи голманот кој мораше дури 2 (ДВА) пати да интервенира и сигурно ќе го пропушти наредниот натпревар поради умор!
Крстозбор можеше да си решава на голот Цезар.
Еј фанови на Барса.. На официјалнава статистика на УЕФА пишува..
Barselona total shots on goal: 3
Inter total shots on goal: 4
До кога со тој посран посед на топка ќе го дрвите? Па знаеме дека знаете да ја подавате топката низ средината.. Али шанса не ве оставивме да направите.. Смислете нешто за наредната оти црно ви се пишува.. Мислам дека нема да имате таква среќа повторно да немаме 2 клучни играчи во средината..
Тие се палат на посед на топка и тоа е ОК за нив. Тој посед немаше да биде таков да не се распаднеше средината, причината ја знаеме. Но и покрај тоа, оние што се палат на убавината во играта на Барса, незнам што да им кажам...
Манчестер лани не надигра во прво полувреме тотално. Тие ем играа убаво ем со неколку додавања стигнуваа да упатата удар и да створат шанса. Арсенал и Реал играа убаво во златните времиња. Ова пимплање на Барса, не е ништо убаво.
Има една добра страна во секој случај, екипите губат концентрација кога противникот долго држи топка, па во некој момент со прецизно проигрување одма прават шанса. Барса се обидуваше вчера, но одамна не играле против ваква одбрана. Било кој друг противник ќе пукнеше вчера.
абе ај балетани посед на топка направија од 90 пати ја враќаат до јајцето назад за да може малецкиот меси да трча навакај натакај додека му ја подадат.
освен долгите топки кон Ибро(што нитуедна не влезе) на барса тактиката подај ја на меси он ке трчка навакај натакај и ке шутне!
нити нафрлија да удри некој со глава нити направија контра целата игра им беше на 30 метри подалеку од голот и чекаа да му ја пуцнат на ибро или меси да трчка навнатре ама и двајцата го јадеа стапот од Самуел!
Чави трча на метар од Меси и прима топка...Туре трча на метар од Чави и прима топка... Кеита трча на метар од Туре и прима топка и трча да го најде Меси да му ја врати... Кружат околу 16-тник како Киша око Крагуевца без никаков ефект. Како мрави се, да ти се здосади да ги гледаш.
Јас од како памтам во последните 5-6 години ретко која екипа имала посед поголем од Барса. Реал проба да се надигрува со Барса и попи шест комада. На Барса може да и се парира само како Челзи што одигра лани и Интер во првиот дел. Со дисциплинирана игра цврста одбрана и смирени напади.
Многу јасно, тоа скоро сите го зборувавме уште по извлекувањето. Против начинот на кој игра Барселона, се игра вака. Точно како што играше Челзи.
Не знам дали сте задоволни од бодот или не, но треба да бидете! Барса покажа дека има фантастичен тим, едноставно не му дозволуваат на противникот да мрдне, во поголемиот дел од натпреварот се вртеа по вашиот гол, нема 100% шанси но беа блиску до постигнување гол. Значи секој тим што сака да ја симне Барса од тронот ќе треба да ги тепа нив, а не гледам моментално таков тим, ниту артифициалниот Реал М., можеби Челзи со некакваси тактика како лани али тешко!
Задоволни сме нема зошто да не бидеме задоволни. Прв меч е, тимот е неуигран, игравме со европски првак... Беа и подобар противник во второто полувреме макар што далеку беа од нешто конкретно, само поради поседот на топка изгледа дека беше опасно по Интер. Имавме дури и еден удар повеќе од нив на голот.
Сепак, јас прифаќам дека беа подобар противник, иако ние има уште да се средуваме и да ја подобриме играта. Како што кажа некој погоре, оваа постава го одигра вкупно ТРЕТИОТ натпревар во ваков состав. Не може да се жалиме.
Инаку не мора никој да ја тепа Барселона за да ја симне од врвот, доволно е 0-0 во финале и пенали
Исто така, Челзи, не со некаква си тактика, туку со истата тактика од лани, и нормален судија, има големи шанси да ги елиминира. Згора на тоа, напамет зборуваме, на пролет, никој не може да знае која екипа какви проблеми ќе има и во каква форма ќе игра. Ова сега е само почеток кој не значи ништо.