Мене само не ми е јасно кога Мурињо ќе прифати дека е обичен човек, а не специјален, како што милува да се нарече. Значи како и секој човек, тој е предодреден да победува и да губи, предодреден е на успеси и неуспеси. До кога ќе му бидат криви судиите, докторските екипи, домарот на стадионот или што ти јас знам... неговата куќна помошничка или градинарот. Уште од времето кога беше менаџер на Челзи никогаш немам слушнато дека прифатил пораз со реченицата, тактички бевме надмудрени, противникот беше подобар, или нешто слично на ова. Дефинитивно Мурињо е најлошиот губитник кој некогаш се појавил на терените или околу нив.