Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Од многу добри трансфери им се блокира сајтов на Интер :pos2: , и патем Занети ке биде уште долго капитен :smir:
Премногу посети има :) Еден сат отварам џабе... :)


До каде сме со турнирот во Америка? Мислам дека денес треба да играме пријателски натпревар?
Ае кој знае нека пиши кога како што...
 
Еее тек сега Интер ќе го видиме во право светло, лани играта ни се базираше само на Маикон и Ибра па освоивме сериа а, а замислете годинава ќе располагаме со разновидност имаме повеќе играчи кој можат да повлечат и да им ја олеснат работата на Ибра и Маикон башка каде каде постабилна одбрана. Едноставно доколку ги среди добро Мурињо ќе везат на терен да не знае човек од која страна е поопасно :)
 
Играме со УКЛА во 16.00 по локално време. Тоа по наше би требало да биде околу 20-21 вечерва.
 
Добра работа направија со Лусио. Играчот го следам уште од Леверкузен и многу ми се напраи мерак тогаш кога отиде во Баерн и не ми се веруваше дека ќе си отиде али и тоа дочекав. Одлична вест за добро утро!
 
топ работа со лусио, а инаку сите ја бараат таа 10-ка, јас мислам дека е Хлеб човекот-плеј...
 
Стрим некој за гледање информиран си дали ќе има или слабо?

УКЛА е некој аматерски тим што не нема дадено ни во понудиве во кладилница камо ли да не има на телевизија..
Мислам дека нема да има ништо за гледање.. едноставно ова ќе биде како некој тренинг.. некоја слаба и лесна утакмица за загревање..
Наредните три со Лос Анџелес, Челзи и Милан би требало да ги има по телевизииве на интернет.. оваа тешко..
 
Се јави Морати, трансферот на Лусио не е официјален. Зошто човеков мора секогаш да оди контра.

Зошто секогаш мора се да биде спротивно од она што ќе го каже он. Дали утре или задутре Лусио ќе биде наш фудбалер што му прави разлика тоа на Морати.
 
Се јави Морати, трансферот на Лусио не е официјален. Зошто човеков мора секогаш да оди контра.

Зошто секогаш мора се да биде спротивно од она што ќе го каже он. Дали утре или задутре Лусио ќе биде наш фудбалер што му прави разлика тоа на Морати.
Тоа е веројатно некоја тактика..И Фелипе Мело беше на прегледи во Торино, а Претседателот на Јуве Џиљи истовремено рече дека сеуште се не е официјално..
 
На КалчоМеркато викаат дека и со Хлеб работата е завршена.. највероватно се очекува двајцата да ги поминат медицинските прегледи и да следи едно заедничко претставување за двајцата..
Ако е така тоа значи дека трансфер периодот за нас е завршен (што се однесува до нови играчи), остануваат уште оние кои не му требаат на Мурињо да си заминат..
Значи во средината ги имаме Камбиасо, Станкович, Кваресма, Мотта, Хлеб, Мунтари, Виеира, Занети. Имаме 8 играчи, а максиум ни требаат 4 или уште полошо ако игра Мурињо со неговата омилена, односно Милито сам напред и Златан и Балотели по страните ќе ни требаат само 3!
Доста работа за Мурињо.. :back:
 
Топ е ова со Лусио...

Боље опција отколку Карваљо, бар за мене.
Ајде ајде... почело је почело...
 
Е ова не го очекував :)
Честитки...

Со Мурињо и Морати ништо не можеш да очекуваш. :)

П.С. Овој Лусио малку несмасен ми делува, али сепак мислам дека е доста цврст дефанзивец, баш онаков како што сака Мурињо, силен и вистински борец на теренот, да се надеваме дека во Интер ќе игра доста добро.

П.П.С. Хлеб на позајмица кај нас.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom