Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Статус кво ќе беше ако таа разлика беше пред овој меч...
Новонастанатата ситуација кога заврши минатото коло беше таа што Интер му избега на Јуве уште за 2 бода, и евентуално со вечерашната победа ја сметам како пружање шанса (каква, таква) со услов Јуве вечер да победи, и да влези во таков дух на Дербито на Италија наредниот викенд, и со сите сили да се борат за победа во Дербито, со која победа ќе се вратат шансите..Верувам дека ќе се сложиш дека ќе се компликуваат работите ако после наредниот викенд разликата е 4 бода, и нема толку комотно да се чувствува Интер како што се чувствува сега...
Муабетот ако - ако не пали во фудбалот, моментално ситуацијата на табелата е + 10 во корист на Интер, Јуве не успева да добие дома меч со екипа која уште пред почетокот на натпреварот беше прогласена за губитник . Тим кој се бори за титула да прими дома три гола од Киево е огромен кикс кој сакал нејкел скапо ги чини Јуве . Интер сега за сега ништо не губи, може само да добие . . . . пак . :vozbud:

Она што јас го зацртав пред некој период на форумов беше Интер да влезе со предност од 7 бода пред дуелот со Јуве, а сега за сега се плус 9 . . . пак ке повторам, поради огромниот кикс на Јуве со Киево .

Поентата е, вие очекувавте кикс на Интер со Удинезе, со Палермо ( а имате зацртано во глава стриктно победи на Јуве ), тоа е, во таква ситуација сте, покрај победи за Јуве, да навивате и против Интер секој викенд. Од тие два тешки меча, Интер доби еден, а на еден изигра нерешено, што значи кикснале но таа '' супер '' прилика не е искористена од Јуве поради реми исход со аутсајдер . :smir:
 
Значи вака, во моментов имам измешани чуства, прво се радувам со новата матична плоча, второ пукнав што Палермо ни извади 2-2, не' го гледав натпреварот и не можам да судам за играта, но кога водиш 2-0 и потоа испадне 2-2 мора да има некоја критика, безразлика на играта.
Добро е што Јубе губи од Џенова па така нема да успеат да ни се доближат на табела, иако победа над Палермо ќе беше пресудна за скудетото доколку Јуве изгуби, сепак ништо нема да загубиме и со овој резултат што денес го постигнавме. Можело подобро, но ете се деси сето тоа па повеќе среќа друг пат.

ФОРЦА ИНТЕР !!!
 
Ја ке ти кажам = ) За малце ке изгубевме :pos2::pos2::pos2:
 
Упс! 2-2! Некои од вас рекоа како можевме, други доадоа сепак имаше шанси да изгубиме и на крај Златан себичен! Упс! Ако беше 2-0 на крај Златан немаше ни да се спомне (освен тоа дека постигна гол од пенал и изби на прво место на листата на стрелци), а Интер заслужено ќе тепаше!
Сега едно директно прашање од мене!
- па Златан треба да игра ли во одбрана? Колку само топки расчисти со глава, нафрлени.. кои неможеа да ги дофатат со своите глави Кордоба, Максвел..?
- каде беше тој вашиот Максвел кој заслужувал шанса? При првиот гол заборавен некаде таму напред, Мунтари дојде на лев бек.. при вториот гол не успеа да го блокира Миколи кој упати топка на 3 метра од Толдо..
- за незаинтересираноста на Чиву при вториот гол не сакам да зборувам..

Сега на крајот Златан е крив? Можеби Адриано..? Или пак Креспо.. ?

:pipi:

Па добро бе брат што толку го фалиш Ибра кога ставрно дрво беше денес. Кога веќе збориме дека е напаѓач од светска класа и за себе збори деке е најдобар во светот треба и така да се однесува.

Убаво рекоа коментаторите на ОБН минатиот натпревар, ако дадеше гол сите ќе викаа браво мајсторе, ако не сите викаат себиџњак. Ова второто е случај со Ибра на последните два натпревари. Прави потег повеќе во многу случаеви. Несмее така да се понаша нека не мисли дека е газда во Интер и дека сите ќе играат како тој ќе свири. Преку кур ми е од такви играчи.
 
Пазете ситуација, Интер денес киксна а ја зголемија предноста на табелата . Oд последните 2 меча, од максималните 6, Интер освоија 4, Јувентус 1 . :toe:

И ми текнува на една епизода од Сетанта по поразот на Интер од Панатинајкос, кога Мурињо кажа, even when I lose, I win . . . сега мал едит, even when I draw, I win . :vozbud:

Освен поразот на Јубе, капак на се и Каморанези нема да им игра . :smir:

Е сеа што е поинтересно, борбата за Скудетото или борбата за втората позиција .
 
Мислам дека губењето на 2 бода денеска треба да го гледаме во недозволивото опуштање на сите фудбалери па дури и Камбијасо ако приметивте во 2-3 ситуации. Како предвреме да почнаа да слават Велигден :jaj:

Двата гола паднаа од онаа лева страна по која највеќе примавме голови оваа сезона. Мислам дека Мурињо требаше порано да прави измена со Максвел, или пак воопшто да не го форсира напред и да го мени назад со Мунтари. Максвел напред неможе да игра, ова се покажа по незнам кој пат оваа сезона.

Но добро е кога и не изгубивме на крај, кога ќе се опуштиш тешко е после да го подигнеш нивото на игра, затоа и немавме ниедна шанса за победа на крај.

п.с. Ибра е малку повеќе од себичен во последно време,ако приметувате нон стоп му се дере на малиов Балотели, па кога го даде голот од пенал ниту еден не дојде да ја сподели радоста со него :tapp:. Мислам дека претерува со замислувањето дека е поразличен од сите други. Уште еднаш ќе повторам една ластовичка не прави пролет!

п.с. Џенова го потопи Јуве, па сега можеме далеку порелаксирани да влеземе во дербито во сабота, но никако опуштено како второто полувреме од денеска, не за друго можно е да не посрамотат па после ќе читаме од пријателот на goal.com и tuttosport "Колку е заслужена титулата" :pos2:
 
И Балотели не е цвеќе за мирисање Микки !

Е да, се сложувам потполно, инаку уште од кога почна да игра Балотели почна да ме нервира неговиот стил не само на игра туку и на однесување, и тој се занесува мислиш којзнае КОЈ Е!

Штета што не земаат пример од капитенот, треба да учат како да го градат својот карактер на личност не само на фудбалери!
 
Балотели со своите 18 годинки треба да е вистински неуморен борец на теренот, носењето на црно - синиот дрес има огромна тежина, а тинејџеров се однесува тотално незаинтересирано, неборебено и нетипично за дете.
Па има играчи на негови години што сонуваат за ваква можност и секоја ебана секунда максимално ја искористуваат за да го докажат својот потенцијал . . . а типов ко да освоил 10 златни топки ми се понаша, само приметете го како влегува во дуели и како истите лесно ги губи, нема ама ич фудбалска интелигенција, е тоа му фали, има брзина и тоа кога води топка, голем чекор има, супер шут, и никако тоа да го искористи . . . има фурни и фурни леб за јадење .
Да сум на местото на Мурињо, не само што ке го барам неговиот максимум на тренинзите и на теренот, ке му уклучам едно видео од Анри, Беркамп, нека види како се користи мозок уз игра, а со тоа и потенцијалот кој и те како го поседува . Другото видео ке биде од Руни, нека види како треба да се понаша тинејџер на теренот, кој носи дрес од Јунајтед и кој прави СЕ за да го оправда истото . :smir:

Толку од мојот револт за дечкото, кој има тон потенцијал, талент во него за да стане еден од најдобрите, сериозен сум .
 
Море ке му пуштам видео од најјакиот .... Давиде наш =) .... Да види како треба да се бори на теренот !!!
 
Еве дел од интервјуто на Мурињо после натпреварот со Палермо , ова се однесува на Балотели дека глеам го споменавте погоре :

Mario Balotelli fired Inter ahead against Palermo, scoring his first goal in over a month. "Mario still has to improve a lot more," said Mourinho. "He has great potential, from a mental point of view he's more open to learning now. He wants to learn and he's working hard to do this, and this is a step forward. But he still has a lot to learn and sometimes he only moves when I tell him where to go. It's like I'm moving him with a remote control. It's me who tells him which positions to take up. He doesn't do it if I'm far away from him. This is what he has to improve.

Еве со рече Балотели :

On his tactical approach to the game, Balotelli said: "Mourinho has made me understand that, besides my work as a striker, I have to get back in defence and help the team
 
Изгубивме 2 значајни бода, но по поразот на Јуве сепак ја зголемивме разликата на плус 10.
Место за паника нема. Притисокот е на страната на Јувентус. Му избегавме бод плус, разликата со Милан им е само 2 бода а имаат да играат и со Милан и со Интер...
Наредно коло, дербито за Италија се игра во Торино, па тука треба да влезиме мотивирано како во секое дерби но без да се чуствува никаков притосок од тежината на натпреварот. Остануваат уште 7 кола до крајот, и со победа во дербито титулата е освоена!
 
Друг интересен момент е што по ова коло, Интер ја има најголемата предност пред тимот кој е на втората позиција :) . До сега таа предност изнесуваше 9 бода, сега е 10 . :smir:

Гледајки ја вака табелата и моменталната форма, повеќе ме плашат Милан . :wink:
 
Ќе те молам без провокации ова нека ти биде последна опомена во спротивно ќе бидеш отстранет од форум и темава во наредните 5 години!
:smir:
 
Е сеа не очекувајте Максвел да влези до крај на сезона :pos2:
Двата гола паднаа од него , на првиот не беше тука за да блокира , Мунтари затвораше , и Толдо требаше подобро да реагира , а на вториот летна Максвел :kesa:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom