Одличен натпревар. Секој играч си ја изврши задачата на максимално ниво.
Буфон - Не беше воопшто виновен за примениот гол, друго и немаше многу работа.
Григера - Можеби најдобриот натпревар на Григера во дресот на Јуве, заедно со минатогодишните натпревари со Реал. Одличен натпревар на Григера и се надевам дека вака ќе продолжи.
Киелини - Феномен. Одличен во одбраната, исто така и во нападот. Феноменално изигран натпревар на Киело. Игра во огромна форма.
Канаваро - Добар натпревар за него. Во неколку ситуации бавно реагираше, но потоа се поправи.
Гросо - Можеби е виновник поради примениот гол, но изигра маестрално по левата страна. Искусно, и премногу истрча на вечерашниот натпревар.
Сисоко-Феноменален натпревар и за Сисоко. Имаше грешки во додавањата, што впрочем се и негова најслаба страна, но неговата борбеност и пожртвуваност на средината на теренот е незаменлива, и со Мело беа непробоен бедем пред одбраната на Јуве.
Мело-Одличен натпревар за Мело. Одлични проигрувања, пресече многу опасни топки и исто како и Момо беше најпожртвуван на теренот од играчите на Јувентус. Одлична соработка со сите играчи на Јувентус. Браво и за него.
Каморанези - Постигна погодок, на секое негово проигрување следеше опасна акција на Јувентус и доста истрча на вечерашниот натпревар.
Диего - Магионичар.
Џовинко - Го покажа својот квалитет на теренот, и докажа дека може да игра заедно со Диего во ист состав. Одлична партија на Џовинко, и по вечерашниот натпревар мислам дека Чиро многу повеќе ќе го уфрла во игра, зошто мора да се искористи неговиот потенцијал. Браво за Џио.
Амаури - Голот против Фиорентина го разбуди Амаури, и постигна 4 гола во 3 натпревари. Секоја чест, тој беше прв што ја затресе мрежата на Сампдорија, беше опасен во секој напад се трудеше за секоја топка и едноставно тоа се исплати.
Де Чеље - Добро го одработи на терен она што го доби како задача од Чиро.
Поулсен - Исто така добро изигра, одлично помагаше во одбраната.
Трезеге - Добар натпревар и за него. Не беше многу подвижен, но сепак си ја исполни својата задача.
Чиро Ферара - Секоја чест. Одлично поставена формација, и мислам дека оваа е најдобра формација за овој состав на Јувентус. Се надевам дека ја забележа играта на Џовинко и дека и понатаму ќе ја користи оваа формација.