Не можев да останам рамнодушен по она вчера. Неам нет дома па се дрзнав од нет кафе да пишувам

. Нема везе, се за Јуве
Вчерашната утакмица беше врвот. Одлична поставеност и желба на играчите за победа. Не застанаа во ниту еден момент и да можеа да постигнат уште 2-3 гола сигурен сум дека продолжеа со голеадата. Им честитам за победата.
Веднаш после натпреварот бев убеден дека ова е вистинската формација за Јуве. На тоа ме убеди играта на Јуве, а не резултатот. И 1-0 да победевме ке бев сигурен дека оваа е вистинската.
Настрана од тоа што го читав на Гол.ком и она вие што сте го пишувале моете мислење е следново:
Стандардната 4-3-1-2 формација ја играа целото лето т.е. вежбаа на тренинзите и на пријателските, меѓутоа истата вроди со плод на само неколку натпревари во сезоната. И покрај толкуте подготвителни натпревари некако играчите не можеа се вклопат. На последните 2 натправари играа со новата 4-2-3-1 која што не беше толку вежбана како претходната, а сепак ни донесе 6 бода.
Во 4-3-1-2 Диего е единствениот креатор на играта и како што кажавте ако го запрат Диего, Јувентус делува угушено и речиси без идеја. Голем дел од головите што ги постигнавме ги постигнавме од прекин што е резултат на тоа дека тешко се постигнуваа голови од игра.
Во оваа формација Каморанези делува некаде измеѓу десно крило и централен мидфилдер што некако не е негова природна позиција, па не е до толку опасен.
Мело делува на истата позиција само од левата страна, па не може својата физчка сила да ја прикаже во целост само затоа што не се наоѓа на средината.
Да се навратам на Диего. . .
Во оваа формација Диего кога ке прима топка нема каде да тргне, т.е. има солуција да дрибла, да шутира и да подаде до некој од напаѓачите. И толку.
Згора го носи цел тим на грб и заради тоа сме многу предвидливи дека нападите ке одат преку него. Каморанези е премногу назад за да направи било какви проблеми, а Мело не е тип на играч како претходниве двајца.
Фаст форвард, Диего е многу ограничен кога е со топка и нема подршка од лево и од десно, па затоа и беше на некое средно ниво во текот на натпреварите освен на некои.
Во истата таа формација неговата замена, Џовинко исто не успеваше да прикаже ама баш ништо, па дури и работата дојде до таму да се прашуваме дали навистина Џовинко има толкав потенцијал како што го форсираат италијанските медиуми.
Сакам да кажам дека, Диего во таа формација се мачеше да ја изврши задачата, а не пак Џовинко кој реално гледано е послаб, помлад, помал и понеискусен од Диего.
Во новата 4-2-3-1 формација тимот е растегнат на целиот терен и колку сме моќни во офанзивата толку сме моќни во дефанзива. Оваа формација без проблем ја дозволуваат силата на Мело и Сисоко.
Мело и Сисоко се родени да играат еден до друг и да ја штитат одбраната. Немаат мн обврски во нападот. Единствена работа на Мело ке биде да ја земе од одбраната и да ја даде до Диего, Каморанези, Џовинко или да прати дугачка. Се друго ке биде само плус.
Одбраната има ОГРОМНА помош од Мело и Сисоко. Вчера Касано не успеа да помина ниту еднаш, го затвораа без премногу напори и без мн трчање цело време на натпреварот до Касано имаше најмалку двајца. Замисли најпрвин треба да се пробие Мело, па Сисоко, па да се стигне до Канаваро и Киелини и на крај Буфон:back:. Бујрум, кој е маж?
Мело и Сисоко се кољачи кои гарантирам дека до последниот атом од силата ке се борат за секоја топка и ке гледаат да им ја олеснат работата на Кана, Киело и Буфон. Ке гинат на теренот. Прави мераци кога ги гледам како се фрлаат пред топка без страв

.
Нивното место веднаш пред одбраната. End of discussion!
Кај офанзивците
Диего би имал огромна помош од Каморанези и Џовинко кои би понеле дел од неговиот товар. Диего ке може да игра со напаѓачот, со Каморанези десно или со Џовинко лево, може да дрибла може да се извлече, може да нафрлува до напаѓачот. Што сака може да прави.
Вчера ги употреби сите овие техники и сите беа успешни.
Во оваа формација Џовинко е растеретен од обврските да го организира нападот на Јуве и делува само по лево и му помага на Диего кога треба да влезе во празно или да навлече играч како што правеше вчера. Нема притисок врз него туку му е само олеснителна околност на Диего. Има и фантастична конекција меѓу него, Диего и Каморанези.
Друга позитивна околност со ваква формација е тоа што Џовинко ке може да изигра доста натпревари во текот на сезоната.
И на Каморанези му одговара исто така. Тој е офанзивно десно крило. Феноменално комбинираат со Диего, а центар шутевите му се наштелувани максимално прецизно. Во нападот ке има мн опции.
Под ваква формација напаѓачите ке ротираат, а фала Богу имаме и солидна клупа па комплетниот среден ред ке може да одмора.
Маркизо, Поулсен, Тиаго, Салихамиџич, Јакинта па ајде и Дел Пиеро комбинирано можат да ги пополнат местата во средината.
Не гледам зошто да не се продолжи со новата формација, која на последните два натпревара кога ја користевме, победивме.
Моментално Јакинта е повреден, Трезеге и Амаури ке се менуваат затоа што следи тежок распоред во кој ке има натпревари во ЛШ и Калчото.
Се надевам дека вчерашната победа го убеди Чиро околу неговата формација:smir: