Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.251
Поени од реакции
8.168
Пукна петардата! Рај за очи беше денешниов меч. Ваков Јуве сакам да гледам. Момците беа феноменални, прекрасни, најдобри!!! Нема што многу да се коментира, резултатот се кажува и секој коментар е излишен. Да не ги урочам од премногу комплименти:pos2: иако секој комплимент го заслужија со прикажаната игра.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
E sega po kazna ke cekas do 4 satot sabajle za da ja gledas reprizata na telma. Veruvaj mi nema da zazhalis ( Osven ako ne navivas za sampdorija:vozbud:(sala))
Море јас ќе седам да го гледам мечот пак. Се на се закон изигравме. Ајде уште шинтерите да го примат од Палермо утре и супер ќе биди.

Добро е шо Диего влегва во форма и беспрекорно се вклопва со тимот. Очигледно е дека формацијава ни лежи далеку појќе отколку другата.
Браво за Ферара шо се покажа во директен дуел со зрел тренер за противник.

Инаку петардата беше за поклон за Блан за дебито :salut:

__________
Едит: Пазете Милан :kesa:
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Е сега може да се каже дека играј Јуве, дека сме гледале натпревар на Јуве, дека Јуве изгазил! Па таа е играта бе, агресивно од стартот, и кога ќе се даде гол се ита само напред, за гол повеќе! Не им дадоа да мрднат џеновјаниве. Цело време се напаѓаше и не е ни чудо што дадоа 5 гола. Одлично одиграа сите, не знам за кој да кажам лош збор. Гросо уште еднаш покажа дека има убиствени центаршутеви, и ќе се повторам пак од пред некое време, треба многу почесто да центрира! Диего, Џовинко исто така одлични! Киелини? :zver: па ти да сечеш топка, да направиш пас, и да се наместиш за гол...а плус, да си играч од одбраната? Е тоа, не го може секој, дефинитивно! Добро е и што Амаури фати залет и сега веќе нема зима:vozbud:
Ајде само напред кон 30-тката:vozbud::vozbud:
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Честито убедлива победа после подолго време... Тимовиве од Џенова почнаа редовно да си примаат петарди... Прво Џенова од Интер, за потоа и Сампдорија од Јуве... :D
 

Lipski

FORZA JUVE
Член од
5 ноември 2008
Мислења
95
Поени од реакции
13
E sega po kazna ke cekas do 4 satot sabajle za da ja gledas reprizata na telma. Veruvaj mi nema da zazhalis ( Osven ako ne navivas za sampdorija:vozbud:(sala))
Да да, навивам за Сампдорија - ама само кога игра со Шинтер :pos2: :pos2:
Иначе би чекал до 4 ама заебано е со у 6:30 станувам за на работа, ама не се знае може и че дремам како мисир утре на работа :coffee:
 
С

сашенко

Гостин
Минатата утакмица пишав овде дека не ми се допаѓа тоа што малку голови даваме.А ова сега е .....немам зборови едноставно би рекол само ЈУВЕНТУС!!!!Оваа година ваква игра очекувавме од нив и еве ја добивме.Мислам дека 10 кола им беа доволни за да се уиграат и за да свати Ферара кој со кој на која позиција може да изигра најдобро и се надевам дека и наредната утакмица ке го видиме јувентус во вакво издание.Многу од вас овде велеа дека Џовинко мора да игра прв состав зашто си заслужи и еве човекот си го покажа тоа и мислам дека ке игра повеќе од сега па натаму зашто ОЧИГЛЕДНО е дека се сложуваат многу добро со диего на теренот.Ако играат вака и понатака тогаш во Јануари треба само Молинаро и Григера да ги испратиме и добар десен бек да доведеме зашто ако после овие 10 кола бараме слаба страна на јуве тогаш дефинитивно е десната бековска позиција.Се надевам ке се среди и тоа а сега одам да се радувам...Утре у школо МИЛАНЕЗИВЕ незнам што ке биде.......хахаха
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.335
Поени од реакции
6.017
Одличен натпревар. Секој играч си ја изврши задачата на максимално ниво.

Буфон - Не беше воопшто виновен за примениот гол, друго и немаше многу работа.
Григера - Можеби најдобриот натпревар на Григера во дресот на Јуве, заедно со минатогодишните натпревари со Реал. Одличен натпревар на Григера и се надевам дека вака ќе продолжи.
Киелини - Феномен. Одличен во одбраната, исто така и во нападот. Феноменално изигран натпревар на Киело. Игра во огромна форма.
Канаваро - Добар натпревар за него. Во неколку ситуации бавно реагираше, но потоа се поправи.
Гросо - Можеби е виновник поради примениот гол, но изигра маестрално по левата страна. Искусно, и премногу истрча на вечерашниот натпревар.
Сисоко-Феноменален натпревар и за Сисоко. Имаше грешки во додавањата, што впрочем се и негова најслаба страна, но неговата борбеност и пожртвуваност на средината на теренот е незаменлива, и со Мело беа непробоен бедем пред одбраната на Јуве.
Мело-Одличен натпревар за Мело. Одлични проигрувања, пресече многу опасни топки и исто како и Момо беше најпожртвуван на теренот од играчите на Јувентус. Одлична соработка со сите играчи на Јувентус. Браво и за него.
Каморанези - Постигна погодок, на секое негово проигрување следеше опасна акција на Јувентус и доста истрча на вечерашниот натпревар.
Диего - Магионичар.
Џовинко - Го покажа својот квалитет на теренот, и докажа дека може да игра заедно со Диего во ист состав. Одлична партија на Џовинко, и по вечерашниот натпревар мислам дека Чиро многу повеќе ќе го уфрла во игра, зошто мора да се искористи неговиот потенцијал. Браво за Џио.
Амаури - Голот против Фиорентина го разбуди Амаури, и постигна 4 гола во 3 натпревари. Секоја чест, тој беше прв што ја затресе мрежата на Сампдорија, беше опасен во секој напад се трудеше за секоја топка и едноставно тоа се исплати.

Де Чеље - Добро го одработи на терен она што го доби како задача од Чиро.
Поулсен - Исто така добро изигра, одлично помагаше во одбраната.
Трезеге - Добар натпревар и за него. Не беше многу подвижен, но сепак си ја исполни својата задача.

Чиро Ферара - Секоја чест. Одлично поставена формација, и мислам дека оваа е најдобра формација за овој состав на Јувентус. Се надевам дека ја забележа играта на Џовинко и дека и понатаму ќе ја користи оваа формација.
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
:pos2: Треба ли многу да се збори? Едноставно и интелегентно.
5-1? хмм ваква игра и сите може да бидат поразени , по малата криза во играта очекуваниот Кам-Бек на Јувентус започна , од тука па се до титулата:helou:
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Со самото именување на Блан како претседател знаев дека веќе ќе нема заебанции, туку само јака игра, само нека продолжат со ваква игра, па да видиме Мур со што ќе одговори, споредете само колку беше инфериорен шинтер со сампдорија а колку супериорен ЈУВЕ со неа, без разлика дали е на домашен или гостински терен, играчки шинтер е далеку зад нас, со ваква формација сигурен сум во 3 sвездичка на амблемот. FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.251
Поени од реакции
8.168
Се сложувам со повеќето вас кои мислат дека Чиро треба да продолжи со истава формација. На вечерашниот натпревар се виде дека Џовинко и Диего одлично функционираат еден крај друг во истата. Мислам дека во оваа формација најмногу можат да дојдат до израз квалитетите на Џовинко.

Уште една добра вест за нас е враќањето на терените на Дел Пиеро и искрано едвај чекам да ги видам на теренот заедно со Диего. Чувствувам дека би биле убиствен тандем. Ајде, само вака да продолжиме!
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Одличен натпревар. Секој играч си ја изврши задачата на максимално ниво.

Буфон - Не беше воопшто виновен за примениот гол, друго и немаше многу работа.
Григера - Можеби најдобриот натпревар на Григера во дресот на Јуве, заедно со минатогодишните натпревари со Реал. Одличен натпревар на Григера и се надевам дека вака ќе продолжи.
Киелини - Феномен. Одличен во одбраната, исто така и во нападот. Феноменално изигран натпревар на Киело. Игра во огромна форма.
Канаваро - Добар натпревар за него. Во неколку ситуации бавно реагираше, но потоа се поправи.
Гросо - Можеби е виновник поради примениот гол, но изигра маестрално по левата страна. Искусно, и премногу истрча на вечерашниот натпревар.
Сисоко-Феноменален натпревар и за Сисоко. Имаше грешки во додавањата, што впрочем се и негова најслаба страна, но неговата борбеност и пожртвуваност на средината на теренот е незаменлива, и со Мело беа непробоен бедем пред одбраната на Јуве.
Мело-Одличен натпревар за Мело. Одлични проигрувања, пресече многу опасни топки и исто како и Момо беше најпожртвуван на теренот од играчите на Јувентус. Одлична соработка со сите играчи на Јувентус. Браво и за него.
Каморанези - Постигна погодок, на секое негово проигрување следеше опасна акција на Јувентус и доста истрча на вечерашниот натпревар.
Диего - Магионичар.
Џовинко - Го покажа својот квалитет на теренот, и докажа дека може да игра заедно со Диего во ист состав. Одлична партија на Џовинко, и по вечерашниот натпревар мислам дека Чиро многу повеќе ќе го уфрла во игра, зошто мора да се искористи неговиот потенцијал. Браво за Џио.
Амаури - Голот против Фиорентина го разбуди Амаури, и постигна 4 гола во 3 натпревари. Секоја чест, тој беше прв што ја затресе мрежата на Сампдорија, беше опасен во секој напад се трудеше за секоја топка и едноставно тоа се исплати.

Де Чеље - Добро го одработи на терен она што го доби како задача од Чиро.
Поулсен - Исто така добро изигра, одлично помагаше во одбраната.
Трезеге - Добар натпревар и за него. Не беше многу подвижен, но сепак си ја исполни својата задача.

Чиро Ферара - Секоја чест. Одлично поставена формација, и мислам дека оваа е најдобра формација за овој состав на Јувентус. Се надевам дека ја забележа играта на Џовинко и дека и понатаму ќе ја користи оваа формација.
Кико мислам дека Гросо не е виновникот за голот, туку Канаваро беше играчот што го чуваше Пацини, кој што игра одлично сезонава.

Најмногу се радувам на враќањето во форма на Амаури и конечно тоа што Џовинко почнува да игра како што знае, но очигледно ова е вистинската и единствената формација во која што може да биде успешен.
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Ајде бе вие двајца виновници тражите сега :pos2::pos2:, не го гледајте тој 1 гол, гледајте ги 5 наши, и на најдобрата утакмица одма замерки, сите одиграа перфектно, и резултатот го покажа тоа (мое мислење) :helou:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.335
Поени од реакции
6.017
Се сложувам со повеќето вас кои мислат дека Чиро треба да продолжи со истава формација. На вечерашниот натпревар се виде дека Џовинко и Диего одлично функционираат еден крај друг во истата. Мислам дека во оваа формација најмногу можат да дојдат до израз квалитетите на Џовинко.

Уште една добра вест за нас е враќањето на терените на Дел Пиеро и искрано едвај чекам да ги видам на теренот заедно со Диего. Чувствувам дека би биле убиствен тандем. Ајде, само вака да продолжиме!
Се сложувам дека во оваа формација квалитетите на Џовинко можат да дојдат до израз, но со самото враќање на Дел Пиеро на терените се загрозува позицијата на Џовинко, што е факт. Но, сепак Дел Пиеро е Дел Пиеро, легенда на клубот и неговиот придонес за тимот е од огромно значење. Најверојатно ќе биде повикан против Наполи, но не е сигурно дали ќе влези да игра, а и да влези сигурно тоа ќе биде последните 10-15 минути во зависност од тоа каков ќе биде резултатот.

Ако покажат ваква игра, тогаш мислам дека нема да има никаков проблем против Наполи, со оглед дека Наполитанците играат многу слабо на гостински терен.

Кико мислам дека Гросо не е виновникот за голот, туку Канаваро беше играчот што го чуваше Пацини, кој што игра одлично сезонава.
Гросо требаше многу порано да ја испуца топката напред а не да чека опкружен со 2ца играчи на Сампдорија да му се ослободи играч. Канаваро не ни очекуваше дека ќе има центаршут од Сампдорија. Но како и да е нивниот 1 гол не е вреден колку петте на Јуве, така да 3те бода одат на контото на Јувентус.
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Се сложувам дека во оваа формација квалитетите на Џовинко можат да дојдат до израз, но со самото враќање на Дел Пиеро на терените се загрозува позицијата на Џовинко, што е факт. Но, сепак Дел Пиеро е Дел Пиеро, легенда на клубот и неговиот придонес за тимот е од огромно значење. Најверојатно ќе биде повикан против Наполи, но не е сигурно дали ќе влези да игра, а и да влези сигурно тоа ќе биде последните 10-15 минути во зависност од тоа каков ќе биде резултатот.

Ако покажат ваква игра, тогаш мислам дека нема да има никаков проблем против Наполи, со оглед дека Наполитанците играат многу слабо на гостински терен.
Па Alex би можел да игра и како шпиц, е дур тогаш ќе биде многу јако, Алекс,Диего и Џио, мислам дека можат да се уклопат тројцата, не мора цело време Амаури да игра, има многу утакмици верувам дека сите ќе добијат шанса, Амаури тешко проработува (психички е слаб) ама чим проработе нема сопирање.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.355
Поени од реакции
2.248
Да, да за голот беше крив Канаваро, ама тоа е не е ни битно, во иднина ке се поправиме.


ИНАКУ И ОД МЕНЕ ЕДНО ГОЛЕМО БРАВО ЗА ИГРАЧИТЕ, Е ВАКА СЕ ИГРА. Го гледав на тпверато од 60тата минута па до крај, бидејки имав тренинг. Па од тогаш можам да кажам дека супер си игравме ја држевме топката и нападот е најсилната одбраа што би се рекло и си напаѓавме, Џио беше добар по левата страна имаше добри центаршутеви и утрчувања. Трезеге од 2 шанси, едната гол, браво за него. Супер замена ке биде во овој период додека се повредени останатите, па ако флезе во мини-серија може да се пушта по често. Оваа формација најмногу одговара на Јуве, ем напаѓачка ем многу по добро играме и во средина и во напад, и одбрана. Само кога ке дојде Дел Пиеро незнам дали ке се промени формацијата ама сигурно ке се промени бидејки место ке нема ако играме со оваа формација. Инаку Григера се осети дека неможе да соработува со Диего :) ама сепак СУПЕР игра на Григера. Ме изнасмеја Поулсен кога атрактивно му ја зема топката на противничкиот играч на средината :)) ....
Што друго да кажам, треба малку да се поправи Канаваро, не велам дека не го биваше али, треба малку повеке, да додје до професионалност, бидејки кога го гледав беше крив за голот и имаше таму една шанса да избаци а му ја зема противничкиот играч. Али мањебитно во ваков резултат.


Е сега ако има хајлац од првото полувреме ставете.


FORZA JUVENTUS !!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom