Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.992
- Поени од реакции
- 5.607
Tокму така. Во оваа формација бековите не мора да се уфрлуваат напред колку во 4-3-1-2, и во оваа формација нападите ќе се одвиваат по средината, а со оглед дека таму се Диего, Мело и Сисоко сигурно Јуве ќе биде поопасен за разлика од оној пристап на играта кога нападите најмногу се темелеа на нафрлања од бековите. Касерас изигра одлично со Уругвај, и мислам дека во 4-2-3-1 би се снашол многу подобро отколку во 4-3-1-2 бидејќи нема да има потреба од исфрлање во напад, а тој е доста подобар во одбрана.Од Макаби очекувам да играат отворено и без бункери во шеснаесетникот. Доколку играат бункер, би требало да бидат свесни дека без минимум 4 гола не си одат од Торино, со оглед на квалитетот на одбраната што ја имаат, а и оној квалитет на нашите напаѓачи, така да очекувам да си играат свој, напаѓачки фудбал. Во секој случај, ќе ги победиме, моја прогноза 2-0. Очекувам конечно Џовинко да добие минутажа, а би било добро и Касерес да учествува во мечот.