флешови бачко флешови ..... иста прича ко лани , фалење , фалење се до тоталното понижување и оле сред торино ... мунтари не личел на човек , битно го осетивте јако оваа сезона .... си знаете барем знае да подаде топка за разлика од сисоко со успешност на пас од 0,0001. ја па не очекувам прошетка очекувам максимално неизвесна сезона. што е разликата меѓу мота и мело на пример ? и двајцата играчи со само една феноменална сезона во кариерата ништо повеќе никој не може да предвиди како ќе изиграат , предноста ви е во диего , дефинитивно но има играчи кој ќе надополнат тоа се надевам до крајот на преодниот рок ќе се донесе плеј ...
Мунтари е добар играч, борбен, игра со срце за клубот, такви играчи се малку, посебно денеска..Тоа е случајот и со Сисоко во Јувентус..Игра со целата своја душа на теренот, и прекрасно е да се гледа како срцето го остава на теренот, и како ја става главата онаму каде што другите се плашат да стават и нога..Но споредбено еден со друг мое лично мислење дека Мунтари е класи послаб од Сисоко..Така барем јас мислам..
за болдираното ... гледам кико ви спомнал нешто ама дечкото е премногу фин да ви каже колку смешно и жално звучите покрај 50 и нешто милиони потрошени на засилувања од типот на диего единствената шанса за трофеј да ја гледате во заминувањето на ибра.
Реално..Јуве потроши 50 милиони за трансфери ова лето, ги доведе Диего, одличен плејмејкер, играч од кого се очекува заедно со Каморанези да го сочинува креативниот дел од средината на Јуве, која ќе ги храни напаѓачите на Јуве со квалитетни топки, и Мело, играч кој е многу корисен во тимот, играч од кого се очекува заедно со Сисоко да го сочинуваат бедемот пред одбраната на Јувентус, играчи кои ќе ја вршат истата работа која ја вршеа Виеира и Емерсон своевремено..
А кога се работи за Ибрахимович, тој е играчот кој е 70% заслужен за сите 3 Скудета кои ги освои Интер (а последните 2 можам да речам дека и 90% се
ЛИЧНО негова заслуга), едноставно играч кој многу вредеше во Интер.. Да не ги постигнеше 2та гола против Парма веројатно на Интер ќе му се случеше вториот 5ти Мај..Во Италија е познато правилото дека Скудетото не се освојува само на Дерби Натпреварите, туку со екипите што се во вториот дел од табелата, а специјалноста на Ибра беа токму тие..Создаваше шанси, голови и со неговите погодоци, трикови, асистенции Интер доаѓаше до победа над Палермо, Сиена итн..
Од друга страна, Интер беше првак во Италија 3 години со ред, но во knock-out рундите во ЛШ не му одеше ама баш ич..Моја претпоставка давам дека за тоа е причината токму тој истиот Ибра, кој
СЕ ГУБЕШЕ против големите екипи.. Многу повеќе го следев во Јуве, и можам да кажам дека и тогаш беше ист..Силен против слабите, инфериорен против силните..
Интер го изгуби Ибра но го доби Ето..Ето е врвен напаѓач, но не може да се токми со Ибрахимович..Ако Интер не земе солиден плејмејкер тогаш Интер нема да добија од трансферот на Ето, туку ќе изгуби..Ето е врвен напаѓач, не е класичен чекач како Инзаги, но ја нема способноста на Ибра за дриблинг, за создавање простор, a некој треба да го замени во Интер..Со еден куп деструктивци во средината, без ни еден класичен плејмејкер, мислам дека нема да се достигне ефектот со Ето ..Се спомнува Касано, но Касано е играч кој не се сложи да игра плеј за Италијанската Репрезентација (токму тоа е причината за кавгата со Липи), а нема да се сложи ниту во Интер...