Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Birindeli i Zalayeta Takinardi :nesvest::nesvest::nesvest: postaro moze :)
Тоа е последното меѓу Барса и Јуве, ти најди си поново ако можеш?

П.С. И ако немаш нешто асално да кажеш, слободно врати се во твоите ФанКлубови и онака имаш многу не знам како стигаш кај сите да бидеш активен.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
Калиендо, агентот на Трезеге, се повеќе се доближува до својот колега Раиола..Секојдневно од неговата уста се спомнува реченицата „Трезеге може да го напушти Јувентус“, а Трезеге ниту еднаш сам не изрази желба да си замине, туку напротив сите негови изјави беа дека сакал да остане во Јувентус, и дека не се плашел од конкуренцијата во Јуве..Калиендо најверојатно сака сам да го продаде Трезеге за да си земе провизија од тимот во кој ќе биде продаден..линк

Но мислам дека е можно и самиот Трезеге да зборува преку својот агент вршејќи притисок врз Чиро и Јувентус повеќе да игра..И таа опција е логична, но за тоа сам ќе треба да се избори зошто има вистина голема конкуренција во нападот на Јуве, а гарантирам дека има моќ да се избори за свое место во тимот..

А по се изгледа дека Јуве и Барса се договорија за Касерас, и се очекува вПонеделник да биде финализиран loan-договорот, со можност на крајот од сезоната Јуве да може да го откупи за 10милиони..

А Амаури изјави дека тој бил виновникот за инцидентот со Виченца..

Му се извини јавно на тренерот, на соиграчите и на фановите и рече дека од ова научил многу..
 
Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
Јас колку што знам вие Интерашите бевте против доаѓањето на Мота во Интер. Сега стигнавте да се крстите во него. Тоа покажува на какви гранки сте спаднале. Ако спаднавте на Мота, тури му пепелот.
Значи за следната сезона не гледам некоја посериозна конкуренција за Јуве за освојување на скудетото. Ако мислат Интер да се конкурентни со орангутенот Мунтари во средина, гадно се заебале. Него може да го стават на некоја нива да плаши чавки за друго не го бива. Је**га на човек не личи. Станкович да не ќе им ја држи играта? Абе гола вода. Со еден збор, очекувам прошетка до Скудетото. Ајде само нека почне првенството, едвај чекам, ме фаќа еуфорија каква што одамна ме нема зафатено.
флешови бачко флешови ..... иста прича ко лани , фалење , фалење се до тоталното понижување и оле сред торино ... мунтари не личел на човек , битно го осетивте јако оваа сезона .... си знаете барем знае да подаде топка за разлика од сисоко со успешност на пас од 0,0001. ја па не очекувам прошетка очекувам максимално неизвесна сезона. што е разликата меѓу мота и мело на пример ? и двајцата играчи со само една феноменална сезона во кариерата ништо повеќе никој не може да предвиди како ќе изиграат , предноста ви е во диего , дефинитивно но има играчи кој ќе надополнат тоа се надевам до крајот на преодниот рок ќе се донесе плеј ...

за болдираното ... гледам кико ви спомнал нешто ама дечкото е премногу фин да ви каже колку смешно и жално звучите покрај 50 и нешто милиони потрошени на засилувања од типот на диего единствената шанса за трофеј да ја гледате во заминувањето на ибра.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953

abe vie bez noskovic ste nikoj i niso ajmrs sea od ovde pisisi na tvojt fan ne ovde
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
флешови бачко флешови ..... иста прича ко лани , фалење , фалење се до тоталното понижување и оле сред торино ... мунтари не личел на човек , битно го осетивте јако оваа сезона .... си знаете барем знае да подаде топка за разлика од сисоко со успешност на пас од 0,0001. ја па не очекувам прошетка очекувам максимално неизвесна сезона. што е разликата меѓу мота и мело на пример ? и двајцата играчи со само една феноменална сезона во кариерата ништо повеќе никој не може да предвиди како ќе изиграат , предноста ви е во диего , дефинитивно но има играчи кој ќе надополнат тоа се надевам до крајот на преодниот рок ќе се донесе плеј ...
Мунтари е добар играч, борбен, игра со срце за клубот, такви играчи се малку, посебно денеска..Тоа е случајот и со Сисоко во Јувентус..Игра со целата своја душа на теренот, и прекрасно е да се гледа како срцето го остава на теренот, и како ја става главата онаму каде што другите се плашат да стават и нога..Но споредбено еден со друг мое лично мислење дека Мунтари е класи послаб од Сисоко..Така барем јас мислам..

за болдираното ... гледам кико ви спомнал нешто ама дечкото е премногу фин да ви каже колку смешно и жално звучите покрај 50 и нешто милиони потрошени на засилувања од типот на диего единствената шанса за трофеј да ја гледате во заминувањето на ибра.
Реално..Јуве потроши 50 милиони за трансфери ова лето, ги доведе Диего, одличен плејмејкер, играч од кого се очекува заедно со Каморанези да го сочинува креативниот дел од средината на Јуве, која ќе ги храни напаѓачите на Јуве со квалитетни топки, и Мело, играч кој е многу корисен во тимот, играч од кого се очекува заедно со Сисоко да го сочинуваат бедемот пред одбраната на Јувентус, играчи кои ќе ја вршат истата работа која ја вршеа Виеира и Емерсон своевремено..

А кога се работи за Ибрахимович, тој е играчот кој е 70% заслужен за сите 3 Скудета кои ги освои Интер (а последните 2 можам да речам дека и 90% се ЛИЧНО негова заслуга), едноставно играч кој многу вредеше во Интер.. Да не ги постигнеше 2та гола против Парма веројатно на Интер ќе му се случеше вториот 5ти Мај..Во Италија е познато правилото дека Скудетото не се освојува само на Дерби Натпреварите, туку со екипите што се во вториот дел од табелата, а специјалноста на Ибра беа токму тие..Создаваше шанси, голови и со неговите погодоци, трикови, асистенции Интер доаѓаше до победа над Палермо, Сиена итн..

Од друга страна, Интер беше првак во Италија 3 години со ред, но во knock-out рундите во ЛШ не му одеше ама баш ич..Моја претпоставка давам дека за тоа е причината токму тој истиот Ибра, кој СЕ ГУБЕШЕ против големите екипи.. Многу повеќе го следев во Јуве, и можам да кажам дека и тогаш беше ист..Силен против слабите, инфериорен против силните..

Интер го изгуби Ибра но го доби Ето..Ето е врвен напаѓач, но не може да се токми со Ибрахимович..Ако Интер не земе солиден плејмејкер тогаш Интер нема да добија од трансферот на Ето, туку ќе изгуби..Ето е врвен напаѓач, не е класичен чекач како Инзаги, но ја нема способноста на Ибра за дриблинг, за создавање простор, a некој треба да го замени во Интер..Со еден куп деструктивци во средината, без ни еден класичен плејмејкер, мислам дека нема да се достигне ефектот со Ето ..Се спомнува Касано, но Касано е играч кој не се сложи да игра плеј за Италијанската Репрезентација (токму тоа е причината за кавгата со Липи), а нема да се сложи ниту во Интер...

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
флешови бачко флешови ..... иста прича ко лани , фалење , фалење се до тоталното понижување и оле сред торино ... мунтари не личел на човек , битно го осетивте јако оваа сезона .... си знаете барем знае да подаде топка за разлика од сисоко со успешност на пас од 0,0001. ја па не очекувам прошетка очекувам максимално неизвесна сезона. што е разликата меѓу мота и мело на пример ? и двајцата играчи со само една феноменална сезона во кариерата ништо повеќе никој не може да предвиди како ќе изиграат , предноста ви е во диего , дефинитивно но има играчи кој ќе надополнат тоа се надевам до крајот на преодниот рок ќе се донесе плеј ...

за болдираното ... гледам кико ви спомнал нешто ама дечкото е премногу фин да ви каже колку смешно и жално звучите покрај 50 и нешто милиони потрошени на засилувања од типот на диего единствената шанса за трофеј да ја гледате во заминувањето на ибра.
Јас никаде не спомнав дека Јуве ќе биде посилен од Интер поради заминувањето на Носко. Едноставно реков дека очекувам сезонава Јуве да нема конкуренција исклучиво поради своите засилувања. Што се однесува до изминативе 3 титули на Интер, мислам дека ќе ги освоеја со многу поефтин тренер од препотентниот Мурињо и немаа потреба да се расфрлаат со пари за ТРЕНЕР. Еј!!! За тренер да плаќам ко за играч кој патем ништо не е подобар од еден Пеп Гвардиола кој на својот тим му донесе тројна круна а вашиот Мурињо што направи? Ве читам во вашиот фан клуб, серете за Ферара, тиња бил, ваков бил, таков бил. Кога ќе ви освоиме Скудето со "тиња" тренерот, ќе ви се изгазам од смеење.
Што се однесува до Носко и неговото заминување според мене сега Интер е посилен без него па пак ви гарантирам дека Јуве на крајот ќе се радува на Скудетото. Вие само залажувајте се дека Сисоко е дрво за Мунтари, дека Ферара е дрво од тренер и такви слични глупости својствени само за вас Интерашите на кои би се смеело дури и ретардирано петгодишно дете.
Вакви глупости читам со денови и денес прв пат изреагирав со пост и тоа на мојот фан клуб и веднаш дојдовте неколку членови од Интер фан клуб да ми реплицирате. Најпрвин прочитајте кај вас што се пишува па никој не ви пререче ништо.
Едноставно, мое мислење е дека Јуве ќе го освои Скудетото и тоа не може никој да го смени.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
Интервјуто на Чиро Ферара на официјалната страна, после пристигнувањето во Шпанија на тимот..На прашањето дали е запознат за случајот околу Касерас, Чиро одговорил на Шпански „Јо но ло се“:)..Изјави, дека ќе се видел со неговиот стар пријател, и соиграч Енцо Мареска, но како што знам Енцо Мареска направи трансфер во Олимпијакос..
Утре е првиот натпревар на Јуве, на првиот натпревар Јуве се соочува со домашниот тим Севиља..
 
Член од
25 март 2009
Мислења
32
Поени од реакции
1
кико секоја чест брате се гледа дека многу добро познавање имаш кога станува збор за фудбалските тактики а овие интераши што до вчера се крстеа у тој ибракадабра што и стварно вреди еден тон пари сега им преостанува само да јадат гомна за нешто што у опште не е нивна работа :uvo:
 
апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Тоа е последното меѓу Барса и Јуве, ти најди си поново ако можеш?

П.С. И ако немаш нешто асално да кажеш, слободно врати се во твоите ФанКлубови и онака имаш многу не знам како стигаш кај сите да бидеш активен.
Не знам што се замарате со Шинтераши. Ги фаќа нервоза заради сезонава што доаѓа. Си ја продадоа најголемата звезда а се засилија со гомненици. Гледаат дека Јуве направи силен тим и нема што да праат па провоцираат.
А тој Адвизор е нај тежок голтар на форумов за тоа тури му пепел.Не вреди да му реплицираш зашто ке се спуштиш на негово ниво.
 
Член од
8 февруари 2008
Мислења
693
Поени од реакции
10
abe ajde pak vie sto se zamarate so interasite(grupa glupi decki sobrani vo eden fanklub), za niv nivniot inter e sve nemaat iskuseno nikakva druga titula za vreme na nivnot zivot osven ovie im se pogodilo vremeto koga rastat i sea udri inter e najak, i tie tri tituli ke im ostanat ne veruvam deka ke ima drugi . turi im ku##. a deka gi strav strav im e cvikaat do koski dzabe se pravat tuka na forumov, eve i edna statija za nivniot vojskovodec.

Мурињо протестира со молк

Тренерот на Интер не е задоволен од преодниот рок. Морати пак му порачува да не бара алиби а португалецот се повеќе гледа на север, каде сериозно засилениот Јувентус посакува да ги врати титулите.

Мурињо ги избегнува новинарите на подготовките во Америка, но познавајќи го неговиот карактер нема уште долго да биде така.

Иако синоќешниот пораз од Челзи не е многу значаен, сепак дека работите не се како што треба покажува невобичаеното молчење на португалскиот стратег кој важи за голем провокатор и кој речиси никогаш не останува без коментар.

Тој на почетокот на подготовките истакна дека ова „не е тимот за кој сонувал“ бидејќи не успеа да ги добие своите „војници„ како Дрогба, Карваљо, Деко а на повидок е да го изгуби и Ибрахимович. Додека пак засилувањата од типот на Мота, Милито, Лусио и Ето се одлични, но неспоредливи со тие што ги донесе Јуве во своите редови. Интер и понатаму нема вистински креативци и напаѓачи какви што посакуваше Жозе.

Најверојатно португалецот нема да молчи уште долго и времето ќе покаже како ќе се одвива ситуацијата. Но, Интер е познат како клуб во кој сè се распаѓа кога работите ќе тргнат низбрдо.
 
Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Ке бидат доста ослабени со Ибра интерашите бидејки им вредеше повеке од половина тим. Но не вреди да пишуваме за нив,едноставно не се на наше ниво,едно десетина светлосни титули се зад нас. :) :) :)

Инаку честито 500 страна на фан клубов :pos:
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Ке бидат доста ослабени со Ибра интерашите бидејки им вредеше повеке од половина тим. Но не вреди да пишуваме за нив,едноставно не се на наше ниво,едно десетина светлосни титули се зад нас. :) :) :)

Инаку честито 500 страна на фан клубов :pos:
Мое мислење е дека во Ето добија поквалитетен шпиц играч од Носко, но и покрај тоа Јуве има подобар тим од нивниот и дека следната сезона не ни бега Скудетото. На управата на Јуве конечно и дојде паметот и зема вистински засилувања на вистинските позиции и мислам дека моменталниот тим поседува се што е потребно за врвни дострели.
 
Член од
10 август 2008
Мислења
68
Поени од реакции
4
Znaete dali nekoja od nasive televizii ( ili mozebi DSF ili Eurosport) gi otkupija pravata za peace cup, i dali ke ima prenosi ???
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Znaete dali nekoja od nasive televizii ( ili mozebi DSF ili Eurosport) gi otkupija pravata za peace cup, i dali ke ima prenosi ???
Јас колку што знам би требало да арчиме Интернет ако сакаме да го гледаме Piece купот. Немам слушнато дека некоја од телевизииве ќе го пренесува.
 
Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Јас колку што знам би требало да арчиме Интернет ако сакаме да го гледаме Piece купот. Немам слушнато дека некоја од телевизииве ќе го пренесува.
И мене не ми се верува дека некоја телевизија ке пренесува... така да останува на нет да гледаме :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom