Тоа е тоа, бидна што бидна... Мора да се гледа кон наредниот натпревар... ФОРЦА ЈУВЕ!
Овој меч треба да биде отрезнување за Јуве, а пред се за Раниери (ако не за оваа, за наредната сезона)..Титула се освојува против малите екипи, а ние годинава потфрливме со нив, да не ги бројам сега против кои екипи Јуве киксна..
Разликата со Интер е 9 бода, теоретски достижни, но искрено практично 9 бода на 8 кола до крајот се екстремно тешко достижни, но никогаш не вели никогаш..
Се надевам дека Раниери ја гледаше снимката и дека наредниот натпревар на гости против Џенова, длабоко на клупа ќе бидат закотвени балетаните Григера и Тиаго, и дека нема да намирисаат повеќе зелен терен на официјалните натпревари во Сериа А..
Тиаго треба да биде играчот кој треба да донесе креативност на теренот, кој треба да создаде простор за крилата или за напаѓачите, да навлече играч на себе, да ослободи терен и создавање простор за напад на својот тим..Кој од овие квалитети ги има Тиаго?? Јас не гледам ниту еден.. Тој фати топка, поддај ја, и тоа поддавање го прави со огромни маки и на среќа...
Григера треба да се уфрлува по аут линијата, да нафрлува топки кон напаѓачите, да се враќа назад, да помага на одбраната..Единствено нешто фудбалско што го поседува е силниот шут кон гол (кој го гледаме 1-2 пати годишно)..Одбранбено е тапа, центаршутите во последно му се бетер од на Молинаро противавионските...
За Титулата сега е потребно да ги победиме сите натпревари до крајот на сезоната, и Интер да го стрефи некоја серија од 3-4 порази...Тоа е реалноста што сами си ја скроија играчите на Јуве..Им се пружи една шанса да им се доближат на Интер, изгубија од Палермо и од Каљари, еве им се пружи уште една шанса, не знаеја да задржат водство 5 минути.. Се надевам дека ќе извлечат поука Јувентус од овај нерешен резултат (рамен на пораз), и дека нема да си дозволуваат вакви киксови посебно против слабите екипи од рангот на Киево, Каљари, зошто титулата се освојува токму со победата над малите тимови, тоа се докажа и минатата сезона каде Јуве имаше позитивен биланс со сите јаки екипи, а киксна против слабите...
Така да очекувам мудри потези на трансфер пазарот ова лето, очекувам ангажирање на солидна замена за Недвед, очекувам подобрувања во одбраната, и мислам дека вгодина ќе се врати Јуве многу поконкурентен..
Освен Џовинко, Каморанези, Јакинта, Трезеге сите други беа под секое ниво...
Исто така очекувам нареден натпревар Дел Пиеро да си поседи на клупа, очигледно дека Трезеге-Јакинта во моментов подобро функционираат..Дел Пиеро е ИКОНА на Јувентус, но понекогаш знае да биде себичен, и кога гледа дека не му оди, упорно оди со главата во ѕид, а со тоа троши топки и е тотално бескорисен..