Јувентинит..Да дојде Диего...Ама после ќе викаш, зошто Џовинко не влегува..Што си се фатил за Поулсен, човекот игра солидно и мислам дека не е тој проблемот.Види вака една работа, Јувентус купува работници, не ѕвезди, тоа го одликувало тимот од секогаш...Дали кога го купивме Зидан тој беше ѕвезда?Давидс, Недвед, Буфон и уште многу што дошле и заминале во Јуве никогаш не биле ѕвезди пред да дојдат..Јуве СТВАРА фудбалски ѕвезди..Не знам зошто сите сакате преку леб погача, до вчера бевме во Сериа Б, знаеш ли каков шок е тоа за Јувентус??Јас мислиш не сакам да се вратат тие времиња, кога имавме најдобра одбрана во цел свет, газевме се пред себе??Знаеш ли што воопшто му се случи на Милан кога падна во Сериа Б??Му требаа 5 години да стигни до 3то место, а 7 до Шампион..А Јуве му успеа тоа уште првата сезона, и годинава очекувам да биди конкуренција за освојување на Скудетото..Многу играчи си заминаа, половина тим е нов..Да не зборувам за финансискиот шок кој го претрпе Јувентус..
Можеби можеше подобро да се настапи, и мене не ми е мила оваа сериа од нерешени резултати, но тоа не ми дава да плукам врз сите, вака требало да биди, онака да биди, смена на тренерот, и нон стоп да се повикувам на минатото..Тоа е сепак минато..Фала му на Дел Пиеро, Буфон, Каморанези, Недвед, Трезеге и сите кои не го напуштија Јувентус, и кои не го оставија на цедило..Не би сакал да сум на местото на Замброта, како ќе се осеќа кога ќе пристигни во црно-црвениот дрес на Милан, да игра против тимот кој го остави на цедило кога му беше најтешко..Не ми е мака за Ибро, за Виеира, па и не толку за Канаваро..Ибро зинат за пари, Виеира исто, Канаваро но комент..Замброта беше заменик капитен, но го напушти тимот..Но life goes on, кој го сакал Јувентус, останал, кој не го сакал си заминал..Совеста нека гризи, ако воопшто ја имаат..Но треба малку и реални да бидиме, не на секој нерешен резултат, да го враќате минатото, вака било, онака било..Треба да го поддржувате тимот и кога ќе победи и кога ќе биде поразен..Гордо прими ја победата, достоинствено и со крената глава прифати го поразот!!Тоа е вистински навивач...Јуве е моја фамилија, моето срце е црно бело, останувам со тимот во Сериа Ц1д да го стават, ќе чекам ако треба 100години,ама пак ќе го видам да освои Скудето...