Претседателските кандидати и ставот околу името

M

MKEUpatriot

Гостин
Опасна маневра ако некој сака да го знае твојот став да си го најде во архива а ако сака да го знае на Ружин пак сам ди го најде па заедно ке го разгледуваме.Како може да го подржуваш Ружин а да не го инкорпорираш во темава.Ти преку темава сакаше да ги дознаеш ставовите на опозиските кандидати или сакаше да го нападнеш Иванов па други да бранат.Кога веке отвараш тема треба со вакво име се очекува компаративно разгледување и анализа.А не ставот на Иванов си го анлизирал до точка а на другиве вешто ги избегнуваш.ПРЕМНОГУ ОЧИГЛЕДНО
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Бидејќи спорот со името во наредниот период до почетокот на изборите ќе биде главната тема каде што ќе се кршат копјата на претседателските кандидати, ја отварам ова тема за да на едно место ги ставиме сите нивни ставови и изјави кои се однесуваат на ова горлива проблематика.

Ѓорѓе Иванов и ставот околу името:


Извор

Џгуљав напор предностите да се прикажат како негативност, акцентирајќи со манипулативно толкување на зборовите, мислите и за на крај добиеме многу себедемантирачки нелогични коментари.

Ајде малце да посветам време. :)


Иванов за проблемот со името дава противречни изјави.
1.Тој најпрвин вели дека „бидејќи ’бивша југословенска’ е состојба, а не е назив, останува единствено за нас дека сме Република Македонија и дека на тоа треба да истраеме“. Меѓутоа, малку понатаму вели:
2. „Водиме преговори, сакаме да најдеме решение, меѓутоа има работи преку кои не се може“.
Каде се тие противречни изјави?

1. Целосно точна констатација.
2. Водиме преговори кои сакаме да ги решиме во наша полза




Конфузност во ставовите на Иванов е присутна и во неговата оцена околу положбата во која се наоѓа нашата земја по недобивањето покана од НАТО.

„Прашањето за името Македонија веќе не е проблем на Македонија, тоа е проблем на самата Америка. Бидејќи Америка во својата досегашна историја немала таков случај на толку длабока навреда и толку некој да ја засрами кога утрото претседателот на Америка кажа дека Македонија, Албанија и Хрватска ќе влезат во НАТО, а веќе вечерта таа одлука некој да ја промени, кажува дека веќе тоа е проблем и на самата Америка и проблем на самиот НАТО, тоа е нивни проблем“, е неговата оцена во која тој балкански ја глорифицира улогата на Америка и покажува непознавање на односите меѓу Грција и светската суперсила кои отсекогаш биле добри.
Повторно, што не е точно?

Каде ја глорифицира “балкански“ америка?

Каде е лоцирано непознавањето во релациите меѓу ГР и САД?

Во Грција опстојува целосна аверзија кон Американската политика и тоа достигна кулминација во Букурешт.

Еден пример:
5 DECEMBER, 1994

CIA PLANS FOR SECOND MACEDONIAN STATE

A secret CIA plan, under a code of "Golden Diamond",
predicts creation of a second Macedonian state under Greek
administration, from "Greek and Bulgarian Macedonian
territories", the Sofia paper "168 Hours" writes, citing an
anonymous source from the Bulgarian intelligence.
The plan would be one of the numerous solutions to the
Yugoslav crisis. According to it, a Muslim state is to be
formed in Bosnia-Herzegovina, and a new state of Thrace
under Turkish administration to be formed within Greek and
Bulgarian Thracian territories.

The information has allegedly leaked from the CIA headquarters in Sallonika. The paper also writes of a prepared operation against a country
neighbor of Bulgaria, not stating the country in question.

....
Уште неколку.., посвежи:

ΜΥΣΤΙΚΗ ΕΠΙΧΕΙΡΗΣΗ ΕΝΑΝΤΙΟΝ ΤΗΣ ΕΛΛΑΔΟΣ - SECRET AGENCY AGAINST GREECE

ΓΙΑ ΝΑ ΔΥΝΑΜΩΣΟΥΝ ΑΛΒΑΝΙΑ – ΣΚΟΠΙΑ – ΤΟΥΡΚΙΑ &
ΝΑ ΑΠΟΜΟΝΩΘΕΙ ΠΑΡΑΛΛΗΛΑ Η ΜΟΣΧΑ ΚΑΙ ΟΙ ΑΓΩΓΟΙ ΤΗΣ! (δεν είναι τυχαίες οι τελευταίες μαζικές και συγχρονισμένες προκλήσεις Σκοπίων και Τουρκίας)

USA has formed an secret agency to work against Greek interests.
Works to strengthen the relations among ALBANIA-MACEDONIA-TURKEY, to isolate Moscow and her pipeline.
Its not a coincidence the simultaneus and numerous provocations from Skopje and Turkey

Ο Μπερίσα θέλει «Τσαμουριά», ο Γκρούεβσκι «Αιγιακή Μακεδονία»
(ενώ η Τουρκία από ανατολικά θέλει Θράκη, Αιγαίο, Κύπρο)

Berisha wants «Tsamouria», the Grouevski «Aegean Macedonia»
(while Turkey wants from the east Thrace, the Aegean and Cyprus)

http://www.greekamericannewsagency.com/gana/index.php?option=com_content&task=view&id=4055&Itemid=83


Грчките вооружени сили се во состојба на највисока борбена готовност, бидејќи Турците се подготвуваат да окупираат еден остров во Егејското море, пишува во своето денешно издание грчкиот весник “Авриани“, пренесува Нетпрес.
Со нескриена поддршка од САД, провокациите на Турција во Егејското море, ескалираат и се на пат да доведат до нова Имија“, коментираат за весникот извори од грчкото министерство за одбрана.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=47708&kategorija=5


CIA Preparing To Install Military Government In Greece

Real agenda behind riots could be related to Russian oil pipeline

The increasingly violent riots in Greece could be the curtain raiser for a military coup d’etat and the installation of a new government more friendly to U.S. hegemony as a countermeasure to increasing Russian influence over the Balkan state.

It wouldn’t be the first time the CIA has assisted in such a venture - they aided the 1967 installation of a U.S. friendly military junta known as the Regime of the Colonels ostensibly to prevent Greece from falling under Soviet control, a fascist cabal which was later overthrown in 1973

И кој е заклучокот? Дека КРАМАРСКА е Соросоидно мозолче со тотални непознавања.


Понатаму...

Балкански национализам, отсуство на модернизам во политичките погледи и отсуство на свест за новите политички предизвици кај Иванов може да се забележат и во некои негови натамошни констатации за спорот околу името.

„Името ни е на некој начин нешто што нашите предци - умрените го оставиле на нас живите да го зачуваме за најродените, не е тоа само име, фирма или назив, па да го промениме, тоа за нас е многу повеличествено, нешто што не' одржало во живот и сега ако нашиот идентитет е прашање на живот, каков е тој компромис кога треба вие да бидете полужив, нелогичен е, апсурден е спрема нас“, вели тој.
Каде овде постои НАЦИОНАЛИЗАМ?

Здраво размислување.

И доколку ова се критериумите на Крамарска за НАЦИОНАЛИЗАМ, тогаш што правиме со ставовите од пред 3-4 години на челниците од СДСМ, во периодот во кој според нив сме постигнале најголем напредок на сите полиња.
Контрадикторно делува од денешен аспект целава фарса која некој се обидува да ја наметнува преку СОРОСОИДИТЕ.

Ајде да се потсетиме кои беа ставовите на денешниот кандидат од СДСМ и актуелниот ни Претседател како и потесното раководство во тој период:


1.

19 мај 2005

ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ: ЗА ИМЕТО НЕМА МЕСТО ЗА КОМПРОМИС!

За името нема место за компромис. Проблемот околу името е што немаме што да дадеме, тоа ни е. Едно име имаме. Нимиц не разбира дека тоа не е прашање за име, туку за идентитет.

Проблем е што во Министерството нема кој да направи стратегија за името, изјави вчера професорот по меѓунардно право Љубомир Фрчкоски, на предавањето на членовите на Демократско-републиканската партија на Македонија.

Циркусот околу името, како што го нарекува Фрчкоски, започнал пред точно 14 години. Се провлекувал во Европската унија и Обединетите нации, кои на два пати направиле вистински преседан во меѓународното право преку поставување дополнителни услови за признавање на државата.

Како да се реши проблемот? - Разговорите во Њујорк се привремени. Ние немаме обврска да постигнеме спогодба, туку само да учествуваме во разговорите. Значи ние само треба да кажеме дека нема резултат од нив, и да го симнеме прашањето на техничко ниво.
Да се нотифицира генералниот секретар на ОН дека нашето уставно име е Република Македонија и ако се нафатиме и да предложиме Резолуција во Советот за безбедност. Политички, потоа, треба да извршиме притисок за признавање на уставното име во Советот на Европа и во Европската унија, - е идејата на Фрчкоски.

Тој смета дека проблем во Македонија е што земјава е "премногу толерантна со луѓето, кои работат за туѓи интереси”.

http://www.smk-wmc.org/index.asp?content=vest&id=877&vlang=mk

2.

понеделник, 16 октомври 2006


Ексминистерот вели дека двојната формула е последен предлог за Нимиц
Македонија не смее да ги толерира квислинзите за името, смета Фрчкоски

Ексминистерот за надворешни работи, Љубомир Фрчкоски, Ј порача вчера на Владата дека ќе биде среќен ако таа му каже на Метју Нимиц дека двојната формула е последен предлог од Македонија и дека е време преговорите во Њујорк да завршат.

Според негови оцени, Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчки интереси, па и не го кријат тоа.

http://217.16.70.245/?pBroj=1780&stID=36302&pR=2






3. 18 декември 2007

Постои ли дилема дали Македонија реално е соочена со изборот името или НАТО.

„Таа дилема е грчки производ“, вели екс-министерката за надворешни работи Илинка Митрева. „Прво, затоа што промената на името на нашата држава ќе значи еднаш и засекогаш прифаќање на една погубна филозофија што во континуитет ја следи судбината на Македонците - негирање на македонската нација, на македонскиот јазик, на македонската историја, а оттаму и негирање на македонската држава. И не само од страна на нашиот јужен сосед. Уставното име на Република Македонија не е фирма. Тоа име сме сите ние, тоа е нашето постоење - вчера, денес и утре. Прифаќањето на промената на уставното име Република Македонија значи откажување од нашето постоење.


Времето, секако, работи за нас“, вели Фрчковски на прашањето дали стратегијата „времето работи за нас“ се покажа како погрешна или не. „Дали мислите дека 120 земји-членки што не' признале под уставното име е неуспех, дали вреди преку тоа да плукнеме? Ние сме платиле голема цена за таа стратегија и не смееме сега да плукаме на тоа плаќање на цена само затоа што на власт е некој што не ни е симпатичен“.

Според него, „не смееме да се делиме внатре по основа дали можеби можеме да расправаме за промена на името. Нека се изложат директно во јавност луѓето што мислат дека треба тоа да се направи. Нема разумни аргументи, тоа е едноставно веднење глава по 15 години борба кога сега дојдовме до моментот да ја издржиме последната игра. Тоа не смее да ни се случи. Ние играта ќе ја одиграме до крај“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DF38B16C32AABB498F2CDF36181FC636


4.
23.10.2004

Македонија ќе ја прифати дипломатската игра на Грците, но освен тоа што во Њујорк ќе ги повториме нашите аргументи, шансите да прифатиме друга опција, освен двојната формула, се многу мали.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=38671


5.

10.04.2005

Грчкиот претседател Каролјос Папуљас со порака до македонските власти дека наводниот предлог на Метју Нимиц Република Македонија Скопје е добра можност која Македонија треба да ја искористи и со тоа да го поддржи мирот и безбедноста на балканот.

Изјавата на Папуљас за името дојде само неколку часа откако македонскиот претседател Црвенковски најави дека доколку овој предлог навистина дојде од Нимиц истиот ќе биде одбиен.„Нашата опција е единствена, тоа е уставното име или во тој дел презентираниот предлог за нас е неприфатлив“, вели Бранко Црвенковски.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=45203
Дали тоа значи СДСМ водела КРАЈНО НАЦИОНАЛИСТИЧКА политика,отсуство на модернизам во политичките погледи и отсуство на свест за новите политички предизвици ???

Или сега работодавачот наложил нови критериуми во “новинарската“ критика?


Понатаму....
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Во интервјуто Иванов покажува и дека тој како кандидат со најголеми шанси за претседател нема прецизна претстава за хронологијата на грчко-македонскиот спор и дека за прашања за кои треба да има увид во владините документи тој се потпира само на медиумски извештаи. Исто така, покажува и дека не е информиран оти Грција ја напушти првичната позиција да го нема во новото име зборот „Македонија“ и дека сега се согласува на географска определница.

Тој вели: „Меѓутоа, сега нивниот (грчкиот) став е дека тие во ништо не попуштаат, а ние сме тие што треба да попуштат, и тука е веќе рововска битка и до Букурешт постоеше добра волја да се направат отстапки, да се направи нешто, другата страна кажа дека не може и така пренесоа медиумите дека може единствено Република Скопје (Македонија)“.
Е сега, веќе досадно станува ова.

Дали авторката на текстот ја познава ХРОНОЛОГИЈА во изјавата на Иванов?

Тој говори за нивниот (Грчки) став после Букурешт, па сходно на истата негова изјава нема ништо допирно со првичниот став на Грците, што е еднакво на - отсуство на веродостојно толкување од страна на Крамарска.

Друга плитка констатација е “дека за прашања за кои треба да има увид во владините документи “ ??? - Па како е возможно да иа пристап за увид во Владините документи?
Иако ова воопшто нема ништо допирно со нејзината целосно извртена, измешана констатација.

Синиот болд. Дали Грција до сега прифати некое име со географска одредница и што беше другиот дел од барањето на Грците?

Можеби... националноста и идентитетот? Хммм...

Крамарска покажува елементарно НЕПОЗНАВАЊЕ на целиов овој спор околу името и нелогичноста во барањата на Грците.

...

Интересно е што Иванов, сакајќи да ја нападне политиката на левите сили околу името и особено на претседателот и поранешен премиер Бранко Црвенковски, констатира дека „нашиот став дека времето работи за нас и останување во една комотна позиција дека не' признале 120 земји под уставното име создаде една клима кога бевме матирани за време на Букурешт пред приемот во НАТО...“

Меѓутоа, фактот дека македонското уставно име е во употреба со 120 земји го користи и Владата, која стои зад кандидатурата на Иванов, и тоа како аргумент дека оваа бројка значи дека треба да ни остане името Република Македонија.

Во врска со проблемот со името, Иванов вели и „дека никој нема право да бара промена на името на една земја, бидејќи во историја на дипломатија, во историја на меѓународни односи во меѓународното право не постои акт, документ, институција, процедура која може да ви наметне да си го промените името, значи сите аргументи се на наша страна“.
И каде е проблемот повторно?

Нормално дека 120 земји се голем аргумент плус, но истото така се покажа како недоволно убедлив за да можеме да бидеме комотни со себе и да веруваме дека самиот тој аргумент ќе ни го реши проблемот.

И ајде..читам понатаму и пак нема ништо негативно од она кое сака да го наметне како слика, авторката Крамарска.

Очигледно многу и боде очи нападот на “левите сили“ , пази терминов само, па подобро е да се наврати погоре на изјавите од пред 3-4 години на истите “леви сили“.
:kesa:

Иако останатиот дел не се однесува на проблематиката на името, ајде ќе продолжиме да не се фати некој на наводна “селекција“.

Иванов во интервјуто дели комплименти за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и јавно му се додворува на премиерот Никола Груевски со оцена дека „откога во Македонија на власт е ВМРО-ДПМНЕ и Владата ја предводи лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски дојде до одредена промена која сите што и' мислиме добро на Македонија ја почувствувавме“.

Но, веднаш потоа дава сосема спротивна оцена, велејќи: „Сега сме ние во еден заглавен лифт, блокирани сме и имаме некој статус на блокирана земја, тука е сега големата опасност, бидејќи сами знаете кога ќе заглавите во лифт, во даден момент почнува ксенофобија, почнува страв и почнува меѓусебно пресметување“.

Иванов наместо со јасни политички оцени за досегашниот период, се служи со конфузни и нејасни констатации, многу патетика и реторика несвојствена за иден претседател. „Она што на другите им одело лесно, кај нас одело со мака, сите работи со мака сме морале да ги изведуваме докрај. Дедо ми, Бог да го прости, велеше и затоа сме Македонци оти маката и во името ни ја ставиле, се' со мака да ги гледаме нашите соседи со каква леснотија влегоа во НАТО, ЕУ како доаѓаат кај нив странски инвеститори, кај нас се' тоа е со мака“, вели тој.
Си викам да и ја препуштам барем оваа констатација, бидејќи најдов 1% на основа за таквата констатација земајќи ги во обѕир неписмените новинари како самата таа.


Кај Иванов не изостануваат ниту оцени за светски заговор против нашата земја, кој постојано во изминатиот период ги соопштуваат маргинализирани политички структури. „А, со влезот во ЕУ, Македонија можеби ќе добие од сите најмногу и затоа ни се попречува тој влез, затоа што со ЕУ се остварува сонот на сите наши предци сите Македонци на Балканот да живеат без граници“, вели тој.
Ахх пусти ловења во матно. Досега на сите им е кристално јасно дека Грците преку своите позиции во ЕУ и нивните релации со одредени членки го попречува нашиот влез во ЕУ.

Или не е така? :helou:




Од друга страна, со зборови и оцени како што се „матирани во Букурешт“ и „изроди кои не и' мислат добро на Македонија“, што ги користи во интервјуто, Иванов покажува лимитиран политички речник.
Напротив ова е надограден политички речник кој многу ги погодува “левите сили“ :tv:

Античките сознанија за потеклото на нашата земја Иванов ги нарекува „фасцинантни“, иако е нејасно што е толку фасцинантно во антиката, бидејќи е тоа историја што ја учеа многу генерации претходно во нашата земја, а Владата со денешните активности не дојде до никакво ново грандиозно откритие.
И како што започна конфузно со испревртување и наметнување свои констатации авторката на текстов, така и го завршува.

Имено, дали откако ќе бидат откриени антички “сознанија“ за нашава земја, тие после некој временски период престануваат да бидат ФАСЦИНАНТНИ?

Доколку не и јасен терминот “фасцинација“, да и појасниме:
лат. fascinatio а значи - одушевување, маѓепсување, опсенување.

И .. како прво, која е поентата со вметнување на Владата во овој контекст (можеби заради тоа што најмногу одвојува за археологијата од сите претходни) , а како второ... зошто нашето одушевување или фасцинирање со нашата античка историја би требало да прекине?


Многу лесно пропадна “еуфоријата“... која требаше да ја постигне текстот на Крамарска во Утрински :toe:
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Другар, ај оди истуширај се веќе еднаш, и не замарај повеќе со твојата реа.
Мислев дека другарите изумреа, ама грешка ќе да сум бил, како коров сте... Како и да е, братче, смрдиш, и тоа многу, и смрдат сите оние слични на тебе, почнувајќи од Европски манифести и слични на нив...
 

FOREX-Macedonia

FOREX trader
Член од
9 февруари 2009
Мислења
131
Поени од реакции
10
АЛО КАКО РУЖИН КЕ ГО РЕШИ СПОРОТ СО ИМЕТО ГО ЗНАЕШ ЛИ СТАВОТ НА СВОЈОТ КАНДИДАТ?НЕ Е БИТЕН ТВОЈОТ СТАВ НА РУЖИН Е БИТЕН
Батка не се нервирај од Реалнот општопознато на форумов е дека е он самоубиец со помал интензитет.:pos2:
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Главна поента на овие форумџии и пропагатори е да се прикаже дека владата не знае и не сака да го реши спорот со името внесуваат конфузија цитираат вадат од контекст после ние три саати да се докажуваме а кој се правда и докажува тој е виновен.Приметувате дека цело време го активираат тоа прашање и само ова како дел од изборната стратегија за локалните избори а другите области воопшто не ги споменуваат бидејки тука се комплетно АУТ.Спасот го гледаат во извртувањето на вистината за името како главна надеж за добивање на изборите.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
оној крмакон Караманлис...
E toj krmakot ekspresno mu ja svitka kichmata na Gruevski vo Bukuresht!

Батка не се нервирај од Реалнот општопознато на форумов е дека е он самоубиец со помал интензитет.:pos2:
Dobro be kje postirate neshto vo vrska so temava ili kje ja minirate so portokalovi bezvrska konspiracii?

Дали авторката на текстот ја познава ХРОНОЛОГИЈА во изјавата на Иванов?
Hronologija ne s ebara od eden pretsedatelski kandidat tuku se bara negov stav,ili za tebe isto e stav i hronologija?

Опасна маневра ако некој сака да го знае твојот став да си го најде во архива
Shto li se ne kje se iznachita chovek od vas od shtabot na pinochevci.Demek Ivanov ima "stav i koncept" ama ne go kazhuva da ne im go otkriel neprijatelot,gjoa vo nekoja voena situacija sme.Blagorecheno cirkuzi ste.

Твоето прашање беше адресирано до СДСМ, па затоа не осеќам потреба да ти одговорам.
Shto kje mu odgovarash?Ti gi prashuvash za stavot na Ivanov vo vrska so sporot pomegju Makedonija i Grcija toj ti kazhuva i prashuva za SDSM i Bihakjka.Vednash teraat nakaj Kiro Firomski ili B.C. pa shto e bitno dali e taka ili ne bitno kje si povtoruvaat i veruvaat vo toa.Isto kako na Bugar da mu objasnuvash,vednash ja teraat nakaj Srbija i edni i drugi!

Ставот на Фрле е веќе одамна познат на јавноста
Da si go znael stavot na Frchkoski ili razberel seedno Gruevski vednash kje se oslobodi od takvoto "trulo" seme shto si stavilo prst na chelo ili shto misli.
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Добро месија како да гласам за фрчко кога тој тепа жени, јаде заушки, бил на вечера со хунзите и главен организатор на нивното доаѓање, сака да ми го смене името на татковината, денес едно вели, утре друго, задутре трето, еден од вклучените во осиромашувањето на македонија е токму тој во владите на сдсм, работите кажани од киро глигоров дека сакале да го поткупат за промена на името, атентатот на киро глигоров, она што го направи со сведокот за атентатот на киро глигоров...
како бе месија да гласам за ваков човек?!

Ако ми дадеш една добра причина ветувам дека ќе гласам за него на наредните избори!!!
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Меѓу останатото да потсетам:
Киро Глигоров:
Kiro Firomski ne se prashuva nego Ivanov za stavot,ili go ima ili go nema,shto mislish ti Trnorushke?Ima Ivanov stav okolu imeto?Toa ne go daval imeto odamna e otfrleno od igra i ne pominuva ne samo vo EU i ON tuku i vo Makedonija.

Dejan];2235577 напиша:
сака да ми го смене името на татковината, денес едно вели, утре друго, задутре трето
Kazhi mi ti koga Frchkoski izjavil deka kje go promeni imeto i koga Frchkoski go smenil svojot stav ili kako shto tvrdish denes rekol edno utre drugo a zadutre treto?Spored koi negovi izjavi kje ja potkrepish ovaa tvoja paushalna izjava?
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Kiro Firomski ne se prashuva nego Ivanov za stavot,ili go ima ili go nema,shto mislish ti Trnorushke?Ima Ivanov stav okolu imeto?Toa ne go daval imeto odamna e otfrleno od igra i ne pominuva ne samo vo EU i ON tuku i vo Makedonija.



Kazhi mi ti koga Frchkoski izjavil deka kje go promeni imeto i koga Frchkoski go smenil svojot stav ili kako shto tvrdish denes rekol edno utre drugo a zadutre treto?Spored koi negovi izjavi kje ja potkrepish ovaa tvoja paushalna izjava?
kamikazo eve jas ke ti kazam, vcerasno ``vreme``

``време``

Фрчкоски за „Северна“

Претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски вчера побара Македонија во преговорите со Грција за името да ја прифати платформата што неодамна ја изнесе Меѓународната кризна група (МКГ). Според него, доколку ни се дадат гаранции за идентитетот, Македонија без размислување треба да го прифати предлогот „Република Северна Македонија“. - МКГ отсекогаш имала пријателски позиции кон Македонија и искрено сака да ја извлече од сегашната позиција. Затоа апелирам до Владата да го прифати предлогот на оваа организација - изјави Фрчкоски. Меѓународната кризна група во својот последен извештај побара Грција да го прифати македонскиот идентитет, а Македонија да го прифати името „Северна Македонија“ за меѓународна употреба. Фрчкоски вели дека нема причина да не се прифати ваков предлог затоа што на самитот на НАТО во Букурешт Владата отпатува со идеја да се прифати името Република Македонија - Скопје, што никогаш не беше демантирано од официјални владини претставници. Зоран Јолевски, македонскиот преговарач за името, вчера имаше средба со претседателот Бранко Црвенковски, на која го информира за преговорите во Њујорк. Претходно Јолевски имаше средба и со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Kazhi mi ti koga Frchkoski izjavil deka kje go promeni imeto i koga Frchkoski go smenil svojot stav ili kako shto tvrdish denes rekol edno utre drugo a zadutre treto?Spored koi negovi izjavi kje ja potkrepish ovaa tvoja paushalna izjava?

Не се прави слеп при очи, имаш неколку поста погоре за ставот на Фрчколина:

19 мај 2005

ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ: ЗА ИМЕТО НЕМА МЕСТО ЗА КОМПРОМИС!


За името нема место за компромис. Проблемот околу името е што немаме што да дадеме, тоа ни е. Едно име имаме. Нимиц не разбира дека тоа не е прашање за име, туку за идентитет.



И сега 2009, фебруари:

Фрчкоски за „Северна“

Претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски вчера побара Македонија во преговорите со Грција за името да ја прифати платформата што неодамна ја изнесе Меѓународната кризна група (МКГ). Според него, доколку ни се дадат гаранции за идентитетот, Македонија без размислување треба да го прифати предлогот Република Северна Македонија.
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски вчера побара Македонија во преговорите со Грција за името да ја прифати платформата што неодамна ја изнесе Меѓународната кризна група (МКГ). Според него, доколку ни се дадат гаранции за идентитетот, Македонија без размислување треба да го прифати предлогот „Република Северна Македонија“.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=107836&EditionID=1625


„Јас сметам дека Горна или Северна се најповолни предлози, затоа што содржат географска одредница која постоела и во Античка Македонија и која и на македонците овдека, независно што мислат, дека се словени или мешавина со атничките македонци, кој како сака да мисли, терминот не ја загрозува таа позиција, а истовремено ја прецизира точно нашата држава, дури е подобар од комбинацијата ,,Република Македонија во заграда Скопје“ бидејќи е чисто решение.“
Фрчковски вели дека особено треба да се внимава на другиот дел од пакетот, односно на оној кој задира во употребата на терминот ,,македонски“:
„Треба да се обезбеди слободата на употребата на поимот ,,македонски“ од сите страни. Што за нас значи дека ние ќе можеме да бидеме македонци во Северна Македонија, а не ,,северномакедонци“. Тоа е клучот на погледот на поволноста на решението.“
вели Фрчковски.



http://www.makdenes.org/programs/aktuelnosti/ma/2008/08/6C1A7382-CEA9-4025-BC9E-193884DED62F.ASP



како бе месија сега д агласам за овој човек?! ти ќе гласаш?
МЕСИЈА бе колку те плаќат бе златен многу ме интересира, зарем вреди бе да се глупизираш пред целата македонска интернет јавност со вакви бламажи, која е цената бе ооо месијоооо



Kazhi mi ti koga Frchkoski izjavil deka kje go promeni imeto i koga Frchkoski go smenil svojot stav ili kako shto tvrdish denes rekol edno utre drugo a zadutre treto?Spored koi negovi izjavi kje ja potkrepish ovaa tvoja paushalna izjava?
 

Спирка

Чорбаџиска Кучка
Член од
1 октомври 2008
Мислења
394
Поени од реакции
14
Dejan];2235619 напиша:
Претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски вчера побара Македонија во преговорите со Грција за името да ја прифати платформата што неодамна ја изнесе Меѓународната кризна група (МКГ). Според него, доколку ни се дадат гаранции за идентитетот, Македонија без размислување треба да го прифати предлогот „Република Северна Македонија“.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=107836&EditionID=1625


„Јас сметам дека Горна или Северна се најповолни предлози, затоа што содржат географска одредница која постоела и во Античка Македонија и која и на македонците овдека, независно што мислат, дека се словени или мешавина со атничките македонци, кој како сака да мисли, терминот не ја загрозува таа позиција, а истовремено ја прецизира точно нашата држава, дури е подобар од комбинацијата ,,Република Македонија во заграда Скопје“ бидејќи е чисто решение.“
Фрчковски вели дека особено треба да се внимава на другиот дел од пакетот, односно на оној кој задира во употребата на терминот ,,македонски“:
„Треба да се обезбеди слободата на употребата на поимот ,,македонски“ од сите страни. Што за нас значи дека ние ќе можеме да бидеме македонци во Северна Македонија, а не ,,северномакедонци“. Тоа е клучот на погледот на поволноста на решението.“
вели Фрчковски.



http://www.makdenes.org/programs/aktuelnosti/ma/2008/08/6C1A7382-CEA9-4025-BC9E-193884DED62F.ASP
Фрчковски сака по секоја цена да не поткопа. Свесноста дека е Македонец во него е одамна затаена. Еден од најважните фактори за зачувување на идентитетот е името. А во однос на Иванов, навистина имаше неколку контрадикторни мислења во неговите изјави, но едно е точно: Гејовачија не е спремна на компромис, таа ги одредува условите, а ако се погоди некој како Фрчко и ќе ги прифати.
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Ставот на Фрчкоски се знае ама не се знае начинот на кој тој ке го реши спорот како што тој гарантирана под услов да го избереме.Чим вели дека има начин да ја придвижи Македонија кон ЕУ треба да каже како ке ја натера Грција на компромис во однос на идентитетот.Тоа ни со булдожер не може да се ископа од него.За Фрчко е битно да влеземе во Еу а ЗОШТО ОД КОЈ не можеме да влеземе не е битно.Тоа намерно се прави и бидејки исамиот знае дека не може да ја натера Грција на било што но нели требаат политички поени на СДСБЦ.Вака полесно му е да лоцира вината во владата,
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
АЛО КАКО РУЖИН КЕ ГО РЕШИ СПОРОТ СО ИМЕТО ГО ЗНАЕШ ЛИ СТАВОТ НА СВОЈОТ КАНДИДАТ?НЕ Е БИТЕН ТВОЈОТ СТАВ НА РУЖИН Е БИТЕН
Повели ставот на Ружин кажан после вчерашната посета на грчката амбасада:
Нано Ружин: Уставот со водење активна дипломатска политика за сите прашања од стратешки, наднационален и надпартиски интерес. На средбата со Пападопулу, како што кажа, разговарале за повеќе теми кои ги оптоваруваат односите меѓу двете земји, за евроатлантските интеграции на Македонија и за прашањето за името. - Амбасадорката Пападопулу порача дека долгорочна стратегија на Грција е Република Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, но тоа го спречува недоразбирањето околу проблемот со името, изјави Ружин по средбата. Прашан дали верува во таквото тврдење на амбасадорката Пападопулу, кандидатот за претседател од ЛДП истакна дека во овој момент тоа не може да го каже. - Доколку поголем форум на дипломати би бил вклучени во надминувањето на разликите со името, но пред се доколку во Македонија би се изградил заеднички став за проблемот, мислам дека нема потреба да не и се верува на тврдењето, рече Ружин. Тој посочи дека деновиве интензивно се сретнува со странски дипломати бидејќи, како што кажа, уставните ингеренции на претседателот на државата му дозволуваат да се занимава со проблемите на надворешната политика. - Настојувам отворено да зборуваме за сите наши проблеми и барам тоа да биде на рамноправна основа независно дали се зборува со држава која е членка на ЕУ и НАТО. Сметам дека претседателот и премиерот на државата треба да настапуваат врз заедничка платформа и да најдат консензус за сите битни прашања од надворешната политика вклучително и за проблемот со името, рече претседателскиот кандидат на ЛДП. Ружин ја поздрави вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски во која, како што рече, премиерот рекол дека античкото досие на Македонија останува прашање со кое може да се занимаваат историчарите и археолозите. - Мило ми е што тој конечно се врти кон „Real politcs“ стратегијата што ќе овозможи да се деблокира лифтот на патот кон Европската унија и НАТО, истакна Ружин.
Извор
Ете и Иванов бил на посета во грчката амбасада, но најверојатно во тајност (без соопштенија) за да не му се загрози имиџот на голем патриот. Еве ја неговата изјава:
На новинарско прашање, кога и тој, како и некои други кандидати за шеф на државата, ќе оствари средба со амбасадорката на Грција, Иванов откри дека всушност, таква средба веќе имал, а на прашањето зошто не е информирано за таа средба, рече дека не знае. - Средбата со грчката амбасадорка беше една од првите мои средби со амбасадори во Македонија. Имавме добри разговори, потенциравме дека се важни врските што досега се остварени - кај бизнисмените од Грција, кај граѓаните кои како турсти летуваат во Грција, студентите кои студираат во Солун. Нивна работа не е да го решаваат проблемот со името, тоа е работа на политичарите, се работи за процес кој не треба да ги обременува секојдневните односи. Кога одите појужно во земјава, во Гевгелија или во мое Валандово, гледате дека луѓето се растоварени од проблеми од тој тип, тие живеат добро со своите соседи - Грци, изјави Иванов.
За мене интересен е овој дел од неговата изјава:
Нивна работа не е да го решаваат проблемот со името, тоа е работа на политичарите
Имено, пред некој ден во едно друго интервју, Ѓорѓе изјави дека спорот со името е проблем на САД, а вчера дека е проблем на политичарите.
Дали Ѓорѓе сеуште неможе да разбере дека функцијата за која се кандидира е политичка ? Дали мисли дека до почетокот на изборите ќе кокетира со неговите неразбирливи ставови околу името ? Зошто Ѓорѓе сеуште работите ги гледа од позиција на политиколог а не политичар ?
Зошто Ѓоеѓе сака да го избегне соочувањето со останатите претседателски кандидати ?
Ајде да се потсетиме кои беа ставовите на денешниот кандидат од СДСМ и актуелниот ни Претседател како и потесното раководство во тој период:
Менливите ставови на политичарите во зависност од ситуацијата во која се наоѓа државата, се нормална работа. Мислам дека Amnaesiac на една друга тема направи хронологија на менливите ставови во изминатите 18 години, така да не би да повторувам.

Мене ме интересира доколку можеш да ми одговориш, дали ставот на Иванов кој вели дека името е неразделлив дел од националноста, ќе опстои и во наредните 5 години доколку тој биде избран за Преседател на државава ?
Главна поента на овие форумџии и пропагатори е да се прикаже дека владата не знае и не сака да го реши спорот со името
Не дека не сака, туку толку и е капацитетот :toe:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom