Во интервјуто Иванов покажува и дека тој како кандидат со најголеми шанси за претседател нема прецизна претстава за хронологијата на грчко-македонскиот спор и дека за прашања за кои треба да има увид во владините документи тој се потпира само на медиумски извештаи. Исто така, покажува и дека не е информиран оти Грција ја напушти првичната позиција да го нема во новото име зборот „Македонија“ и дека сега се согласува на географска определница.
Тој вели: „Меѓутоа, сега нивниот (грчкиот) став е дека тие во ништо не попуштаат, а ние сме тие што треба да попуштат, и тука е веќе рововска битка и до Букурешт постоеше добра волја да се направат отстапки, да се направи нешто, другата страна кажа дека не може и така пренесоа медиумите дека може единствено Република Скопје (Македонија)“.
Е сега, веќе досадно станува ова.
Дали авторката на текстот ја познава ХРОНОЛОГИЈА во изјавата на Иванов?
Тој говори за нивниот (Грчки) став после Букурешт, па сходно на истата негова изјава нема ништо допирно со првичниот став на Грците, што е еднакво на - отсуство на веродостојно толкување од страна на Крамарска.
Друга плитка констатација е “
дека за прашања за кои треба да има увид во владините документи “ ??? - Па како е возможно да иа пристап за увид во Владините документи?
Иако ова воопшто нема ништо допирно со нејзината целосно извртена, измешана констатација.
Синиот болд. Дали Грција до сега прифати некое име со географска одредница и што беше другиот дел од барањето на Грците?
Можеби... националноста и идентитетот? Хммм...
Крамарска покажува елементарно НЕПОЗНАВАЊЕ на целиов овој спор околу името и нелогичноста во барањата на Грците.
...
Интересно е што Иванов, сакајќи да ја нападне политиката на левите сили околу името и особено на претседателот и поранешен премиер Бранко Црвенковски, констатира дека „нашиот став дека времето работи за нас и останување во една комотна позиција дека не' признале 120 земји под уставното име создаде една клима кога бевме матирани за време на Букурешт пред приемот во НАТО...“
Меѓутоа, фактот дека македонското уставно име е во употреба со 120 земји го користи и Владата, која стои зад кандидатурата на Иванов, и тоа како аргумент дека оваа бројка значи дека треба да ни остане името Република Македонија.
Во врска со проблемот со името, Иванов вели и „дека никој нема право да бара промена на името на една земја, бидејќи во историја на дипломатија, во историја на меѓународни односи во меѓународното право не постои акт, документ, институција, процедура која може да ви наметне да си го промените името, значи сите аргументи се на наша страна“.
И каде е проблемот повторно?
Нормално дека 120 земји се голем аргумент плус, но истото така се покажа како недоволно убедлив за да можеме да бидеме комотни со себе и да веруваме дека самиот тој аргумент ќе ни го реши проблемот.
И ајде..читам понатаму и пак нема ништо негативно од она кое сака да го наметне како слика, авторката Крамарска.
Очигледно многу и боде очи нападот на “левите сили“ , пази терминов само, па подобро е да се наврати погоре на изјавите од пред 3-4 години на истите “леви сили“.
:kesa:
Иако останатиот дел не се однесува на проблематиката на името, ајде ќе продолжиме да не се фати некој на наводна “селекција“.
Иванов во интервјуто дели комплименти за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и јавно му се додворува на премиерот Никола Груевски со оцена дека „откога во Македонија на власт е ВМРО-ДПМНЕ и Владата ја предводи лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски дојде до одредена промена која сите што и' мислиме добро на Македонија ја почувствувавме“.
Но, веднаш потоа дава сосема спротивна оцена, велејќи: „Сега сме ние во еден заглавен лифт, блокирани сме и имаме некој статус на блокирана земја, тука е сега големата опасност, бидејќи сами знаете кога ќе заглавите во лифт, во даден момент почнува ксенофобија, почнува страв и почнува меѓусебно пресметување“.
Иванов наместо со јасни политички оцени за досегашниот период, се служи со конфузни и нејасни констатации, многу патетика и реторика несвојствена за иден претседател. „Она што на другите им одело лесно, кај нас одело со мака, сите работи со мака сме морале да ги изведуваме докрај. Дедо ми, Бог да го прости, велеше и затоа сме Македонци оти маката и во името ни ја ставиле, се' со мака да ги гледаме нашите соседи со каква леснотија влегоа во НАТО, ЕУ како доаѓаат кај нив странски инвеститори, кај нас се' тоа е со мака“, вели тој.
Си викам да и ја препуштам барем оваа констатација, бидејќи најдов 1% на основа за таквата констатација земајќи ги во обѕир неписмените новинари како самата таа.
Кај Иванов не изостануваат ниту оцени за светски заговор против нашата земја, кој постојано во изминатиот период ги соопштуваат маргинализирани политички структури. „А, со влезот во ЕУ, Македонија можеби ќе добие од сите најмногу и затоа ни се попречува тој влез, затоа што со ЕУ се остварува сонот на сите наши предци сите Македонци на Балканот да живеат без граници“, вели тој.
Ахх пусти ловења во матно. Досега на сите им е кристално јасно дека Грците преку своите позиции во ЕУ и нивните релации со одредени членки го попречува нашиот влез во ЕУ.
Или не е така? :helou:
Од друга страна, со зборови и оцени како што се „матирани во Букурешт“ и „изроди кои не и' мислат добро на Македонија“, што ги користи во интервјуто, Иванов покажува лимитиран политички речник.
Напротив ова е надограден политички речник кој многу ги погодува “левите сили“ :tv:
Античките сознанија за потеклото на нашата земја Иванов ги нарекува „фасцинантни“, иако е нејасно што е толку фасцинантно во антиката, бидејќи е тоа историја што ја учеа многу генерации претходно во нашата земја, а Владата со денешните активности не дојде до никакво ново грандиозно откритие.
И како што започна конфузно со испревртување и наметнување свои констатации авторката на текстов, така и го завршува.
Имено, дали откако ќе бидат откриени антички “сознанија“ за нашава земја, тие после некој временски период престануваат да бидат ФАСЦИНАНТНИ?
Доколку не и јасен терминот “фасцинација“, да и појасниме:
лат. fascinatio а значи - одушевување, маѓепсување, опсенување.
И .. како прво, која е поентата со вметнување на Владата во овој контекст (можеби заради тоа што најмногу одвојува за археологијата од сите претходни) , а како второ... зошто нашето одушевување или фасцинирање со нашата античка историја би требало да прекине?
Многу лесно пропадна “еуфоријата“... која требаше да ја постигне текстот на Крамарска во Утрински