Скандалозен упад во независноста на медиумите

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Веб-сајт
www.tj-hosting.com
Дневник: Скандалозен упад во независноста на медиумите

Владата ги „ажурира“ новинарите

Досега не се случило некоја институција да побара список на сите новинари на „Дневник“ (со телефонски броеви), како што тоа вчера го направи Владата

Да испратите до Владата список со сите новинари на „Дневник“. Со вакво скандалозно барање вчера, околу 15 часот, во нашата редакција во повеќе наврати се јавија неколку службенички од Владата. Тие не знаеја да објаснат зошто нивните претпоставени бараат список на нашите новинари. На нашиот предлог да испратат официјално барање потпишано од надлежно лице, тие прво одговорија дека тоа не е можно, бидејќи списокот е потребен многу итно.
Со цел да дознаеме зошто на Владата и' е потребен список на новинарите од „Дневник“, се јавивме кај владиниот портпарол Шефик Дураку. Еве како течеше разговорот:

„Дневник“: Владата барала список на новинарите од „Дневник“. Ќе ви испратиме, но освен имиња, кои други податоци ги барате? Телефон, матичен број...

Дураку: Не мора матичен број. Да се напише во која рубрика е новинарот и неговиот мобилен телефон.

„Дневник“: А за што ви е потребен таков список?

Дураку: Не знам. Мартин Протоѓер го бараше. Мислам дека му треба за некакви брифинзи.

„Дневник“: Зарем за тоа е потребен список на сите новинари?

Дураку: Да, ама мислам дека е најважно да бидат наведени сите новинари од политичката и економската рубрика.

„Дневник“: А новинарите од спортската рубрика?

Дураку: Не, тие не ни требаат.

„Дневник“: До кога да ви го испратиме списокот?

Дураку: Па, најдоцна за половина час. Многу е итно.

Откако го пробивме „рокот“ за испраќање на списокот, владините службенички повторно се јавија со истото барање, а поради итноста, на крајот барањето го испратија и во електронска форма. Во него се вели: „Почитувани, во рамките на редовното ажурирање на списоците на новинари вработени во печатените и електронските медиуми, Ве молиме, да ни доставите список со име и презиме на новинари кои се вработени во вашиот дневен весник. Благодариме на соработката“.
Потоа телефонски ни беше соопштено дека сите медиуми испратиле податоци, се чекало само на „Дневник“ за да се комплетира списокот. Досега не се случило некоја институција на ваков начин да бара податоци за вработените во „Дневник“. Нашите новинари не се тајни или изолирани од јавноста за да мора некој, а најмалку Владата, да ги „ажурира“ на ваков начин. Патем, за тоа кој новинар ќе оди на брифинг не решава Владата, туку уредничкиот колегиум. Колку за потсетување, редакцијата „Дневник“ секој ден објавува импресум во кој се наведени имињата на уредниците и редакциските телефони.
 
Па не може секој да прави интервјуа на влада. Мора новинарот да биде политички коректен и да се слага со се што таа ќе каже.
 
A koi toa mediumi vo Makedonija se "NEZAVISNI".????????

Оние кои ги купува Милчин од Сорос за да вршат “политички истражувања“ :pos2:

Нема независни медиуми, ни овде ни било каде во светов. Ако не сте знаеле...
 
Кои медиуми се во светов ,,независни,,? На свет непостојат независни и слободни медиуми...кој вика дека е независен или лаже или е луд.
 
A koi toa mediumi vo Makedonija se "NEZAVISNI".????????

Да речеме проопозициските, горе-долу се независни. Мислам на оние кои не се сложуваат се секој владин збор. Е сега дали се потполно независни или делумно не сум ни јас компетентен да кажам.
 
Да речеме проопозициските, горе-долу се независни. Мислам на оние кои не се сложуваат се секој владин збор. Е сега дали се потполно независни или делумно не сум ни јас компетентен да кажам.

Па поБогу читаш што си напишал?!?

Леле Мајкооо...
 
Поентата на темава е за потегот на владата, а не за тоа какви се медиумите!

Па сега извини што ти навлеговме во обидот еднострано да ја оцрниш владата, има многу теми за тоа. Факт е дека медиумите се контролирани дали од позиција/опозиција или од странски фактори. Појма немам зошто им требало ова, може да се протолкува како своевиден притисок врз медиум кој сепак не е независен, па гледано од таа страна не може да ја изгуби “независноста“ затоа што таква не постои во денешното новинарство. Не го оправдувам потегот како и да е...
 
Независен медиум????????
Што беше тоа???? :kesa:
 
Вака почна и кога дојдоа нацистите.

"Дајте листа од сите новинари, ќе ги посети чичо Менгеле!" :) Следен чекор гледаш педери и луѓе со дипломи топат железо и чекаат да бидат “туширани“.
 
Во ред е се, знам за забуната, но колку е политички коректен ЕРОЛ со Утрински? Зошто може весник да пишува против се, а не смее влада да побара информации за новинарите? Верувам дека преку ДБК тие можеле се да си обезбедат, се гледа дека нема некоја позадина преку тоа.

Слобода на говор, слобода на информации... ама во двата правца. :vozbud:
 
Па поБогу читаш што си напишал?!?

Леле Мајкооо...

Независни во смисла не се слепи подржувачи на Владата и плус напишав горе-долу независни (значи сепак нецелосно). Знам што сум напишал. Обично во светот про-опозициските медиуми се вистинските критичари на власта и претставуваат глас на народот. Така да, не се вознемирувај премногу.
 
Абе добро...али сепак ова е добра прилика за кревање на рејтингот на медиумот како “независен“.. во очите на јавноста.

Голема е веројатноста токму овој текст да е нарачан од Владата :wink:
 
Абе добро...али сепак ова е добра прилика за кревање на рејтингот на медиумот како “независен“.. во очите на јавноста.

Голема е веројатноста токму овој текст да е нарачан од Владата :wink:

Некст он д Сајнц-Фикшн чанел. Говермент конспираси. :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom