Се на се земено добар натпревар...Висока победа на бјанконерите, од 4-0, обезбедувајќи си мирен реванш за 2 недели..Задоволен сум од сите..Мала анализа на играчите на натпреваров..Нормално, од мој аспект...
- Буфон -
Немаше многу работа овој натпревар, но тоа што беше негово си го направи...
- Киелини - На висина на задачата, впрочем секогаш е стандард..
- Легротаље - Добра утакмица за него, ме бендиса искрено, плус беше во листата на стрелците и мислам дека добиваме малку по малку соработник на Киелини..
- Григера - Времето што го играше, се трудеше трчаше, учествуваше и во акцијата за првиот гол, мислам дека колку толку солидна претстава ни приреди вечерва...
- Молинаро - За чудо, не искикса многу овој натпревар (Дај Боже да се подобрува од ден за ден, баш ќе ми биде мило
)
- Брацо, дефинитивно најслабо одигра овој натпревар..И тоа кога играше во одбраната..Кога беше во средниот ред пред повредата на Григера, се трудеше, имаше добри пасови, добро ја контролираше топката,но кога се врати во одбраната мислам некако како да стагнира неговата форма во овој натпревар..
- Поулсен, добар беше, многу ми се допаѓа што е веројатно и негов стил на игра неговите нафрлено прецизни топки до напаѓачите..Од сите такви нафрлања само едно му беше блокирано, сите други беа успешни..Плус имаше и одличен удар кон голот на Артмедиа од околу 20 метра, кој беше скротен од голманот на Петржалка..
- Сисоко-стандард, мала забелешка, мислам или така ми се чинеше овој натпревар како да го мрзеше да трча..Ама на висина си ја одработи задачата..Браво..
- Каморанези - многу добра утакмица на Камо..Секаде го имаше, борбен, напати и преборбен,правеше стартови кои можеа да бидат санкционирани со жолти картони, но помина..Тој ја почна серијата на голови..Форца Камоо!
- Дел Пиеро - Зарем има зборови што можат да ја опишат оваа ЛЕГЕНДА НА КЛУБОТ?Фала ти Пинту за се што правиш за Јуве....Голот беше најубав на натпреварот..Ремек дело...Дел Пиеро е срцето на Јувентус..Човек без кого Јуве не може да функционира...
- Јакинта - имаше неколку шанси,претежно сите надвор од шеснаесеттик, силни и прецизни удари, но не успеа да се впиши во листата на стрелците...
- Трезеге - Имаше шанси, но ете денес не го послужи среќата, а некои од нив беа стварно од тешка позиција кои тешко беше да се претворат во гол (како таа на Амаури нафрлената - премногу висока, можеше да ја дофати со главата, ама не можеше да и даде правец на топката)..Како и да е Трезе е многу солиден играч, и секој тим би посакал таков да има во нападот...
- Амаури - малку изигра, еден продор добар имаше, и нафрлањето кон Трезеге...Тоа е впечатливо за него, од неговиот пет минутен учинок во денешниот натпревар..
Едно нешто е што ме бендиса во играта на Јувентус, е тоа што не го потценија противникот, дури првото полувреме ме зачуди нивната сконцентрираност, како финале во ЛШ да играат...Впрочем, затоа реванш натпреварот ќе им биде тренинг и увертира за почетокот на Сериа А сезоната, и походот кон Скудетото...Горд сум што сум навивач на овој клуб, што сум бјанконеро..Зошто стварно, сепак, не е мала работа да бидеш бјанконеро!