Kultuzin те молам немој со провокации тука на форумов.
Се степале деца, голема работа. Детски работи се тоа, ништо страшно.
Немој ти сеа тука да провоцираш.
А Quark бе еднаш шо го тепаа на последна деветнаеска, а? Никој не се буни против тоа! А 1954 у Гостивар полицијата шо тепала, а?
Тука за глупости џева дигате. И македонци и Албанци тепале нели Дивајн?
Страшна работа. Ако некој ме изненадува со своите мислења на оваа тема, тоа си ти. А бидејќи ме спомна, се решив да те прашам дали читаш нешто тука или само реплицираш што ти дојде прво на памет?
Кој дел од тоа дека и едните и другите се тепаат бара иронија во твоите постови (кои впрочем не мораш така да ги пишуваш, за да не доаѓа до тоа дека некој не те сфаќа, па да го омаловажуваш дека е прост што не те сфатил)? Што ако сум кажала или мислам или тврдам така? Треба така глупаво да ми се обраќаш или и ти го правиш тоа за да се поднасмееш барем додека пишуваш пост?
Албанците треба да знаат Македонски, исто како што Македонците кои живеат во Албанија треба да знаат Албански...
Имаш нешто против?
Треба да се знае МЕРДИТА, и уште некој збор за да искажеш почит тоа се согласувам...
Мегутоа де факто Македонски треба да знаат сите грагани на оваа држава...
Апсолутно си во право и треба така да е! И точно знам дека има Албанци кои или не знаат или за инает нема да прозборат на Македонски јазик, па со тоа веднаш настанува проблем кај останатата напалена раја. Исто има и Македонци кои постојано провоцираат и кои од уста не можат да ги извадат гнасните епитети за Албанците. Но, тоа никој не го оспорува. Тоа е еден од проблемите кои некој попаметен треба да ги реши, за останатите да можат да одат слободно на училиште или да живеат општо. А не некој ќе ме убедува дека треба да се делат децата затоа што не може да се смират. Кај го има тоа бре ало! Како може деца да владеат со едно училиште и да нема сила која може да ги сопре? И тоа не сите деца ... одредени лоши исклучоци кои секогаш ги има од двете страни. Ама очигледно некому му одговара да ги подбоцнува, а инцидентите (или навиките, како сакате) да ги решава на најштетниот начин за цела околина, а и држава.
Туку вчера на вести мислам слушнав дека владата овој проблем решила да го тргне на страна, затоа што мисли дека попаметно е да ги решава другите. А има поголем проблем од овој или се глупи сите по ред? Како што спомна некој претходно, одат да се сликаат таму покрај темелите на новото ромско училиште, а ова го игнорираат и нејќат ни да го искоментираат? Башка, исфрлаат предлог да се дискутира за истото во парламентот? Хелоу!!!
Ем неколку денови само за ова се зборува по телевизии и се пишува по весници, ем никој ништо не презема. Ем деца се плашат и тепаат, ем ќе почне тоа да го чувствува и секој кој ниту директно не е засегнат со ситуацијата.
Туку едно ми е чудно ... јас не чувствувам од таа тензија која сите од страна ја прикажуваат, ама ништо. Добро, не учам таму, ама во толкав мал град, од вести да дознаам што се случува, нешто не штима. Значи, не го негирам проблемот, само сакам да кажам дека сум сигурна како намерно не се решава и се остава да се комплицира и преувеличува, само за преку медиуми да се всади уште повеќе омразата помеѓу Македонците и Албанците.