Која религија е најсурова?

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Мене ме интересира која религија според вас е најсурова од сите. Денес постојат повеќе религии од цркви и сите бараат свои верници и следбеници. Најинтересно е тоа што сите велат дека нивниот бог е добар и милослив. Сепак по слушањето на приказните и правилата не би се согласил со тоа. Морам да речам дека највлијателните религии се оние кои највеќе судат и осудуваат и се најсурови без разлика дали се работи за нивниот бог или за нивните свештеници.
Во еден друг пост направив споредба помеѓу библијата и книгата на сенките и бев критикуван дека тие две книги не можат ни да се споредуваат. Но запознаен сум малку и со содржината и на двете и се многу слични, со таа разлика што книгата на сенки која се смета за книга која ја користат ви вика (нешто како модерно вештерство ) е многу понесурова од библијата. Таму нема приказни каде се уништуваат цели градови и се потопуваат цели светови, туку се зборува за тоа дека кој што и да прави ќе му се врати без разлика дали е добро или лошо.
Ме интересира ваше мислења кои религии се насјурови и кои се нивните најголеми злодела?
Човек без верување е најсуров. Човек со погрешно верување е суров, но не толку како ништоверникот кој не најдувајќи смисла во било каков концепт освен насладата на грабањето не најдува никаква друга смисла во животот. Човекот со исправна верба е единствениот кој најдувајќи ја полната смисла на животот се смирил и може да живее со љубов и благороден однос кон светот.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666

Знаеш, не мислам дека има многу луѓе кои не веруваат ама баш во ништо. Очајните кои изгубиле секаква надеж се една специфична категорија и само тие се ништоверци. Станува гадно во оној момент кога некој ќе реши да злоупотреби нечија вера, политичко убедување, идеализам. Такви „вампири“ кои живеат од верниците (во секоја смисла на зборот) ги има насекаде, во сите вери, народи, партии, секти...
Знам многу луѓе кои се декларираат како атеисти, агностици, анархисти и што се не, а кои се прекрасни луѓе - ни мравка не би згазиле.
Сите ние веруваме во нешто (на крајот на краиштата веруваме во себе). Не е до верата - до луѓето е.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Знаеш, не мислам дека има многу луѓе кои не веруваат ама баш во ништо.
Се сложувам но колку помалку верува толку е поблиску до ништоверноста и до нејзиниот разорен нихилизам. Колку повеќе верува толку е со поголема внимателност кон светот надворо од себе. Затоа и: 4 Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, 5 не прави што не е пристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, 6 не направда не се радува, а на вистина се радува, 7 се извинува, во се верува, на се се надева, се претрпува.

Очајните кои изгубиле секаква надеж се една специфична категорија и само тие се ништоверци. Станува гадно во оној момент кога некој ќе реши да злоупотреби нечија вера, политичко убедување, идеализам.
Е да, ама тогаш доаѓа до лажното сатанос правдање со „целите ги оправдуваат средствата“.

Такви „вампири“ кои живеат од верниците (во секоја смисла на зборот) ги има насекаде, во сите вери, народи, партии, секти...
Знам многу луѓе кои се декларираат како атеисти, агностици, анархисти и што се не, а кои се прекрасни луѓе - ни мравка не би згазиле.
Сите ние веруваме во нешто (на крајот на краиштата веруваме во себе). Не е до верата - до луѓето е.
Тоа со добрината на неверниците е од краток период и најчесто во периодот на постабилен живот. Во случај на потешки искушенија, отфрлања, изневерувања, непроменетата грешна природа ќе го искаже животинското, а до такви искушенија секако доаѓа за секој. Тогаш или човекот ќе се изохоли или ќе ја согледа потребата од најдување нешто надвор од себе за надминување на грешноста. И верниците грешат, но во онолку намален обем колку што нивната грешна природа се смирила, ја намалила гордоста, себичноста, со попримање на Бог во својата личност.
 
Зависи од воспитувањето, начинот на размислување. Ни еден од примерите што ги наведов (не се измислени) не живее во изобилство туку се соочува со исти животни проблеми како и повеќето. Тие не го обвинуваат Бога за невољите што ги имаат, ги прифаќаат како дел од животот.
Моралните вредности, стрпливоста, верноста и љубовта не се пренесуваат нужно преку верата.
И верниците, секоја чест за исклучоците, можат да направат страшни работи убедени во исправноста на нивните сфаќања (крстоносците од Западот тргнаа во срамниот поход со извикот Така сака Бог!!! - а за џихадот и да не правиме муабет)
 
Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Самиот факт дека луѓето се несовршени не дозволува генерализација на религиите или една од нив. Секаде постојат сурови и не сурови луѓе и на секого ќе му се суди според заслугите.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Самиот факт дека луѓето се несовршени не дозволува генерализација на религиите или една од нив. Секаде постојат сурови и не сурови луѓе и на секого ќе му се суди според заслугите.
Самиот факт дека луѓето се несовршени докажува дека Бог е несовршен.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Самиот факт дека луѓето се несовршени докажува дека Бог е несовршен.
Кажувањето дека светот и луѓето не се совршени претставува признание дека Светото Писмо е во право кога вели дека човекот го примил гревот кога се отклонил од совршениот Бог.

Зависи од воспитувањето, начинот на размислување. Ни еден од примерите што ги наведов (не се измислени) не живее во изобилство туку се соочува со исти животни проблеми како и повеќето.
Како што реков не за долго. Може 2-3-5 години, но со годините без вера нивните личности ќе се изохолат.

Тие не го обвинуваат Бога за невољите што ги имаат, ги прифаќаат како дел од животот.
Ако го обвинуваат Бог не би биле ни неверници ни верници би биле нешто како сатанисти.

Моралните вредности, стрпливоста, верноста и љубовта не се пренесуваат нужно преку верата.
Верата пренесла од своите поуки и во другите области, пример правото, обичаите, општествените морални правила и така натаму. Во секој случај главниот извор на вреднувањата е во верата.

И верниците, секоја чест за исклучоците, можат да направат страшни работи убедени во исправноста на нивните сфаќања (крстоносците од Западот тргнаа во срамниот поход со извикот Така сака Бог!!! - а за џихадот и да не правиме муабет)
Верата го зауздува злото кај човекот, и без верата човештвото не би отишло подалеку од времето на господарите и робовите (моќ, поседување). Христијанството воспитувајќи на љубов како спротивен принцип од стремежот за моќ го оплеменува општеството. Христијанството зборува за постоење на еден повисок принцип од оној кој е видлив за биолошките очи, принцип кој функционира, а се презема со ризик, љубовта. Злото во човекот избива и често и изместено ја толкува верата за да ги оправда своите стремежи за моќ. Тоа не е во името на верата, тоа е во името на човековата желба за поседување. Модерното време губејќи ја верата во Бог се повеќе го губи стремежот кон светото кон љубовта и се повеќе влегува само во потрагата на моќта, илузија на реалноста.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Тоа со добрината на неверниците е од краток период и најчесто во периодот на постабилен живот. Во случај на потешки искушенија, отфрлања, изневерувања, непроменетата грешна природа ќе го искаже животинското, а до такви искушенија секако доаѓа за секој. Тогаш или човекот ќе се изохоли или ќе ја согледа потребата од најдување нешто надвор од себе за надминување на грешноста. И верниците грешат, но во онолку намален обем колку што нивната грешна природа се смирила, ја намалила гордоста, себичноста, со попримање на Бог во својата личност.
Концептите за грев и искушенија важат само кај Абрахамските религии, особено кај Христијанството. Со други зборови, за да го прифаќаш светот преку призмата на искушение-грев, треба да бидеш дел од Јудеизам/Христијанство/Ислам. Со неприпаѓањето на една од овие групи религии, воопшто нема потреба да се замара човек со сопствените гревови.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Од трите големи, монотеистички религии исламот е секако најекстремен.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
:nenene: -Сега фино лепо земи ги сите три религии,проанализирај ги убаво од корен,погледни што направиле и што прават,раздумај се малку и докажи го со факти тоа што го тврдиш.:nesum:
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Од трите големи, монотеистички религии исламот е секако најекстремен.

Тоа го мислиш и пишуваш бидејќи не го познаваш СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ во ИСУС!
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Концептите за грев и искушенија важат само кај Абрахамските религии, особено кај Христијанството. Со други зборови, за да го прифаќаш светот преку призмата на искушение-грев, треба да бидеш дел од Јудеизам/Христијанство/Ислам. Со неприпаѓањето на една од овие групи религии, воопшто нема потреба да се замара човек со сопствените гревови.
Мислам дека имаш сосема погрешна претстава, едвај дали има некој идеолошки систем независно дали е верски или граѓански кој не разликува добро од лошо. Мислам дека ги има кои се обидуваат, но таквите се многу ретки и не сум сигурен дали се доследни, затоа што при целосна релативизација треба да ја изгубат смислата на постоењето. Самата нужност од одредување, самото одредување на работи кои не се исто, што значи не водат во ист правец, предизвикуваат различни ефекти, значи дека тие се во извесна мера и спротивставени. Постоењето на спротивставеноста бара нивно разликување и вреднување, во потрагата кон се повисоките вредности. Без тоа не би постоел ни развојот. Бог во однос на Себе ги губи одреденостите, разликите, спротивставувањата, па и знаењето за доброто и злото попримат друг однос. Меѓутоа Божјата сеопфатност во однос на одреденостите, деловите, поприма законитости кои се одредливи и имаат истоветност во суштината но разлика во формата отколку истото на Бог кон себе. Тие законитости се универзални и може да се дефинираат како однос на целината во односот на деловите.
 
Командантица

Како шТо ќе реЧем Ја!
Член од
15 февруари 2009
Мислења
105
Поени од реакции
1
мислам дека е исламската религија, само зависи во која држава и колку верниците ги почитуваат обичаите и се држат строго за нив..
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
мислам дека е исламската религија, само зависи во која држава и колку верниците ги почитуваат обичаите и се држат строго за нив..
СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ и МУСЛИМАН (ИСУС) и Неговите вистински следбеници никогаш никого не убиле ниту на сурови убиства се радувале!

А што е со нас останатите (почнувајќи од мене)?
Дали ние не си гледаме сеир, додека низ светот владее суровоста ?
Што лично ние сме направиле за религиите и светот да ја изгубат својата суровост и почнат да се доближуваат кон Животопријатното СОВРШЕНСТВО (ХРИСТОС)?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom