- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Човек без верување е најсуров. Човек со погрешно верување е суров, но не толку како ништоверникот кој не најдувајќи смисла во било каков концепт освен насладата на грабањето не најдува никаква друга смисла во животот. Човекот со исправна верба е единствениот кој најдувајќи ја полната смисла на животот се смирил и може да живее со љубов и благороден однос кон светот.Мене ме интересира која религија според вас е најсурова од сите. Денес постојат повеќе религии од цркви и сите бараат свои верници и следбеници. Најинтересно е тоа што сите велат дека нивниот бог е добар и милослив. Сепак по слушањето на приказните и правилата не би се согласил со тоа. Морам да речам дека највлијателните религии се оние кои највеќе судат и осудуваат и се најсурови без разлика дали се работи за нивниот бог или за нивните свештеници.
Во еден друг пост направив споредба помеѓу библијата и книгата на сенките и бев критикуван дека тие две книги не можат ни да се споредуваат. Но запознаен сум малку и со содржината и на двете и се многу слични, со таа разлика што книгата на сенки која се смета за книга која ја користат ви вика (нешто како модерно вештерство ) е многу понесурова од библијата. Таму нема приказни каде се уништуваат цели градови и се потопуваат цели светови, туку се зборува за тоа дека кој што и да прави ќе му се врати без разлика дали е добро или лошо.
Ме интересира ваше мислења кои религии се насјурови и кои се нивните најголеми злодела?