Гледам дека сте почнале да анализирате па ај и јас стандардно да ги изанализирам. За почеток добро е шо можевме да го гледаме мечот за разлика од претходните и се надевам дека ќе ги гледаме и следните. Нема да го рецитирам цел тим оти сите се прошетаја на терен и ќе пишувам само за оние кои заслужија.
1. Јакинта.

Секоја чест, прв напаѓач според мене сезонава и Амаури и Трезеге можат да му бидат резерви.
2. Поулсен, неможам а да не го спомнам после онаа асистенција. Очекувам многу од чоекот. Презадоволен ќе бидам ако продолжи со онаква игра поарен и од три алонсовци ќе биди. накратко Браво за Секо. (не вервам дека го напишав ова)
3. Занети. Типот е на моменти неприметен ама си ја брка работата в средина токму таков играч или како Брацо му треба на секој тим. Мислам дека ќе биди екстра џокер.
4. Амаури. Добар за финиш добар со топка, едно време ко проба да се ослободи од неколкумина ме изненади. Комплетен напаѓач. Мислам дека можи да биди далеку подобар и од Трезеге.
5. Роси, видов малку од него имаше неколку добри обиди ама некако ми е нестабилен и без идеја. Мислам дека не е за во јуве. Мислам дека треба да оди до Сиена да поучи малку.
6. Екдал. Детево само трчкаше низ терен и невидов ништо корисно од него. Се надевам ќе се подобри.
7. Сисоко. Точно е дека ако помини топката не врви чоекот покрај него. Ама едно време почнада ме нервира. Немаше осет за додавање и едно време слабо ги прекинвашеакциите. Очекувам да се подобри.
8. Мелберг. Незнам шо го фалите толку. Неколку пати можевме да извисиме поради него. Некако е мноооогу спор. Мислам дека ова е лошо засилување.
9. Кнежевич. Некако нестабилно ми делуваше ама имаше едно ЕКСТРА одземање (спречи контра. Со лизгачки старт му ја изби топката) Очекувам да се подобри. Има потенцијал и искрено мислам дека тој ќе биди партнерот на Киелини во одбраната.
10. Зебина. Добар е има желба за игра, борбен е , има одлични додавања и тешко се поминва покрај него.
И за крај. конечно да го објавам составот кој очекувам дека претежно ќе го носи товарот преку сезонава.
Голман : Ај Погодете Кој
Одбрана : Зебина-Кнежевич(Легротаље)-Киелини-Григера(ДеЧеље)
За кнежевич кажав шо мислам. Иако од почеток ќе го гледаме Мелберг на таа позиција очекувам со тек на време да го видиме Кнежевич. Мислам дека можи да биди добар ЦД. НА левата страна знам дека ви е чудно ова шо го напишав, ама како изговор ќе го искористам еден меч кога самиот Раниери призна дека Григера можел да игра и Лево. Мислам дека еден ден ќе му пукни филмот со Милинаро и дека ќе комбинира. Иако повеќе се надевам на ДеЧеље мислам дека ќе го користи Григера во потешки утакмици.
Средина : Каморанези-Поулсен-Сисоко(Занети)-Недвед(Џовинко)
Овде има најмногу закомбинирање ама очекувам претежно товарот да го носат игрчите кои ги напишав. Очекува повремено да го гледаме Џовинко и Занети да го заменва сисоко. Искрено незнам дали да сметам на Тиаго или евентуално Аквилани и затоа не ги пишам. Маркиони ќе си биди замена за Каморанези а Брацо олараундмен и ќе пополнува дупки по потреба. Исто морам да го спомнам и Маркизио. Очекувам детево да се наметни како стандарденпрвотимец и да ми го расипи составов.
Напад: Јакинта-Амаури
Очекувам некој да почни давика за ова. Ама искрено мислам дека ќе го гледаме овај напад. 1. не дека на Јакинта му тргна на пријателскиве туку дека лани цела сезона со скоро смешна минутажа беше беспрекорен. 2. За трезеге искрено очекувам дека ќе биди продаден (фала му, ама се тече се се менува). Дел Пјеро. Нема туку така да се изгуби, ќе започни да игра во систем на ротација ама претежно ќе биди џокер од клупа (исто и за него мислам дека е време за свежа крв).