ај да кажам што мислам за утакмицава....
1. Флер не се сложувам дека одбраната ни е тушка...затоа што навистина изгинеа на теренот, се фрлаа на блок на секој шут, а и не дозволија многу топки да ги поминат покрај нив. попуштија единствено во последните неколку минути...но, тоа беше втората постава од одбрана, со вториот голман, и плус на пријателска, па не смееме да им замериме!
2. прво што го приметив е дека Јуве одлично игра со долги топки, а што е уште позадаволително Мелберг и Зебина ги наоѓаа до сантиметар напаѓачите. од 3 гола, 2 беа постигнати токму со долги топки, што е супер, ако се знае дека понекогаш мора да се прескокнува средината...
3. Поулсен...не знам зошто навивачите беа против него...јас од почетокот сакав да дојде...најверојатно кај навивачите противењето било потикнато од италијанското во нив! но, по неколку слични додавања и партии како денес, ќе стане миленик на цела публика...уште кога нема да му даде простор на ибра, кака, роналдињо и сл.

4. маливе се супер! тој Роси одигра супер, и да не беше толку возбуден од фактот што игра, можеби и ќе направеше нешто повеќе. Маркиони исто така, покажа дека може сам да постигне гол (сеа, не успеа, ама утре ќе успее)
5.Трезеге и Амаури не можат да играат заедно???:nesvest: дали под тоа се подразбира да бидат и двајцата на иста топка, па едниот да даде гол??? или пак, при нафрлувања Трезеге иако може да ја удри да ја остави бидејќи Амаури е подобро поставен?? ако тоа не е доволен доказ дека можат да играат заедно, тогаш не знам што треба...
Се на се....Јуве има екипа која ветува титули оваа сезона. Едвај чекам да дојде 31 август
