Познати кандидатите за градоначалник на Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Пред 5 години ВМРО беше поделена и имаше два кандидати во Охрид.Нанче како кандидат на НП изгуби многу тесно(некои викаа биле крадени гласови,па имаше протести...).Сега ВМРО оди со еден кандидат,а она будалетинка Петрески ќе загуби.

Не знам кој е будалетинката во случајов... Ако памтиш, имаше во Охрид втор круг на гласање, Петрески вс. Трендафилов. Еден на еден, како што и сега шпекулираш дека ќе е (дека меѓу нив двајца ќе се води битката), па Нанче изгуби... После мораше да протестира, пошо нормално, не е будала одма да признае пораз, па ги остави сите шо скокаа за него ко прле пред магаре во Охрид, и си се врати да води беговски живот во Скопје.
 
Нанче е сигурен победник во Охрид! Минатите избори не победи само затоа што членовите на ВМРО-ДПМНЕ му го свртеа грбот, т.е. повеќето гласаја за Петрески, а сега сите вмровци се обединети за Нанче.
 
Да,да ама кандидатот што го подржа ДПМНЕ во вториот круг го поддржа на Петрески.Сега немат поделена ВМРО.Како и да мое мислење е дека ќе победит Нанче...тесно,ама сепак ќе победит.:toe:
 
оф мори мајко:vozbud:


Warning - visiting this web site may harm your computer!



Suggestions:
Or you can continue to http://www.vmro-dpmne.org.mk/ at your own risk. For detailed information about the problems we found, visit Google's Safe Browsing diagnostic page for this site.

For more information about how to protect yourself from harmful software online, you can visit StopBadware.org.

If you are the owner of this web site, you can request a review of your site using Google's Webmaster Tools. More information about the review process is available in Google's Webmaster Help Center.
Advisory provided by
malware_logo.gif
 
Македонцки на пауза си???
Енивеј:

E4903209A021F84BA03316557715F8AB.jpg


Александар Петрески главом и брадом...:tapp:

Solid како што ти со во блиски роднински врски со еден од кандидатите кандидатите за градоначалник на охрид така е и Фантом во блиски роднински врски со момнеталниот градоначалник на охрид и официјален кандидат за следниве избори за градоначалник на охрид, па мислам дека треба малку почит да си покажете и култура и замерките кон едниот и другиот малку посуптилно да ги изкажете како што им доликува на образовани граѓани.
 
За да покажам јас почит кон Ацо Петрески требит првин тој да си покажит почит кон нас граѓаните на Охрид и да не прајт онакви глупости.А не цела МК да ни се смејт како имаме најглуп градоначалник...:toe:
 
На претходните избори ко успеа да победит Аце шо никој не го знаеше, овој пат мислам дека сигурно ќе тепат, пошо стварно ептен се покажа. Имат многу направено во градов. Од минатите градоначалници од Охрид, ама баш нисшто не видовме. Катастрофа беа.
 
За да покажам јас почит кон Ацо Петрески требит првин тој да си покажит почит кон нас граѓаните на Охрид и да не прајт онакви глупости.А не цела МК да ни се смејт како имаме најглуп градоначалник...:toe:

Како прво, најлесно е од ваква фотка да се направи сеир, а ако сакаш ќе се потрудам да ги најдам истите вакви фотки со шлем на Паско Кузман и Ерван Фуере... Ама нели, најлесно е да се плука по тој што ги исплати долговите на општината оставени од претходната гарнитура и привлече куп инвестиции.

Плус, огледај се малце на попаметните членови на форумов, како Гаго на пример. Ти имаш роднина кандидат за градоначалник, јас имам роднина кандидат за градоначалник. Треба сега овде очи да вадиме и да се колиме за тоа.

П.С. За најглуп градоначалник е прогласен Трифун, кој ај шо нишо не напрај за Скопје, туку и го дозапусти.
 
Добро ај нема да се расправаме овде.На 22-ти март ќе си кажиме ние охриѓаните мислење за работата на досегашниов градоначалник...за отплатените долгови,за купот инвеститори...за медот и млекото по охридските фонтани...
поз:wink:
 
Како прво, најлесно е од ваква фотка да се направи сеир, а ако сакаш ќе се потрудам да ги најдам истите вакви фотки со шлем на Паско Кузман и Ерван Фуере... Ама нели, најлесно е да се плука по тој што ги исплати долговите на општината оставени од претходната гарнитура и привлече куп инвестиции.

Плус, огледај се малце на попаметните членови на форумов, како Гаго на пример. Ти имаш роднина кандидат за градоначалник, јас имам роднина кандидат за градоначалник. Треба сега овде очи да вадиме и да се колиме за тоа.

П.С. За најглуп градоначалник е прогласен Трифун, кој ај шо нишо не напрај за Скопје, туку и го дозапусти.

Де покажи сликите со Фуере и Паско...(што не постојат)...

Мада што Паско ти е дефинитивно неточен (шета со 3 часовници на раката, едниот за минатото, другиот за сегашноста третиот за иднината), Фуере нема да го коментирам, ништо подобар, ама овој вашиов градоначалник е жива легенда...Работите што ми ги кажуваа за него не се за верување. Такви глупости ни третоодделенец нема да истропа. Еднаш го запознав, луѓе, Фатмир од Шутка зборува подобро и поповрзано од овој човек. Не верувате? Не тропам глупости јас, се е тоа документирано...Слушнете...


Да тргнеме сето ова настрана, Охрид го немав посетено неколку години, кога наминав пред пар месеци, неможев да поверувам. Автентичниот изглед, препознатливоста, душата на Охрид буквално ја нема. Секоја стара куќа со изглед на Охрид, секоја куќа која ја правеше сликата за Охрид - ја нема. Ми кажуваат локалната мафија изградила сомнителни згради на секое ќоше. И буквално е така, нема место во центарот каде не се гради зграда. Се урнала шупа - креваат зграда. Исекле дрва - кренале зграда. Охрид веќе го нема оној познат шмек со стари куќи градби, локали со позната охридска архитектура. Џунглата на асфалтот го има безобличено овој град со градежната мафија (ми ги кажуваа кои се, не ги памтам сите, Лоте, Моте, еден друг, па последно и Љацот), а нормално ова им го овозможува кој друг ако не - врвниот кадар на СДС - сегашниот градоначалник Петрески. Ако читавте добро весници до пред некој ден - Министерството за Транспорт и Врски го поништи ДУП-от направен од градоначалничево од страна на урбаната мафија која го унакази Охрид, пришто тој дал согласност да се гради на земјиште кое е богато со археолошки ископини...

Летово разговарав со претставници од една амбасада во Македонија кои апсолутно беа шокирани од менувањето на ликот на Охрид, и како што претпоставувате, УНЕСКО веќе некое време размислува да го тргне Охрид од списокот на зашититени светски локалитети...И со право. Погледнете ја охридската ривиера во шеесетите, погледнете ја денес.

3 рампи, 2 градини и 1 споменик не прават добар градоначалник. Охрид како бисер на Македонија има потреба од човек кој е пред се граѓанин на светот, кој зборува неколку странски јазици и кој знае како треба да изгледа еден вековен и историски град како Охрид, какви туристи доаѓаат и што треба да видат во него...

А Охрид стана шаренило од кич, шунд и што уште не. Се видено срање од запад го ставивме на излозите во Охрид. А странците упорно одат по турската чаршија, Самоиуловите и останатите места каде нема модерно-комунистички зданија насред 200 годишни стари куќи.

Не ги познавам другите кандидати, меѓутоа оваа карикатурава од градоначалник мора да се смени. Каков Трифун, со сите перипетии во Скопје овој може вода на Трифун да му носи. Трифун е ѓубре светско, ама има однесување, говор и знае како да те купи. Те краде со слатки зборови. И добро што ќе му дојде крајот и нему.

А за Ацета, после 22 март нека се кандидира како претседник на некое полјопривредно претпријатие, сточара некоја...Таков човек не смее да биде претставник на толку важен град како Охрид.
 
А зошто бе мајка му стара ги кажувате негативните страни (што незнам ни колку се точни). Дај кажете нешто и од позитивните страни, што се МНОГУ повеќе. Кажете дека од кога тој е градоначалник на Охрид, градов е убедливо најукрасен град во цела МАкедонија (што привлекува многу туристи за НГ празници), кажете колку тротоари и патеки се поплочени, колку улици се асфалтирани и осветлени, каде е централната прослава за Водици? Зошто? Кој друг градоначалник бил до олку близок со народот (ова го кажува и ВМРО-вец).
Кој градоначалник во Македонија има направено повеќе од Аце?? Трифун??:pos2:
И шо фајде имате вие скопјани од доброто ораторство на Трифун, кога вие е уништен цел град. Добриот градоначалник се гледа по она што направил, а не дали знае или незнае да зборува.
А вие скопјани многу сте загрижени од посетеноста на странските туристи во Охрид??:pos2::pos2:
Да ве потсетам на една тема од пред неколку месеци :http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=25194&highlight=%ED%E5%E8%E4%E0%EC%E5
 
За да покажам јас почит кон Ацо Петрески требит првин тој да си покажит почит кон нас граѓаните на Охрид и да не прајт онакви глупости.А не цела МК да ни се смејт како имаме најглуп градоначалник...:toe:

Богами, навистина имате најглуп градоначелник во Македонија...абе чоеков не знај 2 збора да скрсти ко шо треба ... прост е ко некој овчар од планина...елоквенција на ниво на некој кој нема ни основно образование...да не прам муабет дека Охрид е катастрофа ( во урбанистичка смисла )...јас сум од Прилеп ама последниве 10 месеци сум на привремен престој во Охрид и факт е дека Охрид воопшто не доликува на град каков шо треба да биди , следствено на неговото културно и историско значење...во последниве години Прилеп за разлика од Охрид е велеград ( не дека и порано не беше така ама сега е ептен изразено тоа )...иначе немам појма кој е тој Нанче но кој и да е сигурен сум дека ќе биди многу поасолен градоначелник од моменталниов

А зошто бе мајка му стара ги кажувате негативните страни (што незнам ни колку се точни). Дај кажете нешто и од позитивните страни, што се МНОГУ повеќе. Кажете дека од кога тој е градоначалник на Охрид, градов е убедливо најукрасен град во цела МАкедонија (што привлекува многу туристи за НГ празници), кажете колку тротоари и патеки се поплочени, колку улици се асфалтирани и осветлени, каде е централната прослава за Водици? Зошто? Кој друг градоначалник бил до олку близок со народот (ова го кажува и ВМРО-вец).
Кој градоначалник во Македонија има направено повеќе од Аце?? Трифун??:pos2:
И шо фајде имате вие скопјани од доброто ораторство на Трифун, кога вие е уништен цел град. Добриот градоначалник се гледа по она што направил, а не дали знае или незнае да зборува.
А вие скопјани многу сте загрижени од посетеноста на странските туристи во Охрид??:pos2::pos2:
Да ве потсетам на една тема од пред неколку месеци :http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=25194&highlight=%ED%E5%E8%E4%E0%EC%E5

Велиш било поплочено, асфалтирано и чисто ??? ... Не е ни приближно така...јас кај шо живеам моментално ( на Туристичка до Тим Маркет ) , тротоарот е катастрофа...еден голем дел воопшто не е асфалтиран ( кога врне треба со чамец да одам за да влезам во зградата ) , а да не зборувам за купиштата ѓубре шо се кај паркингот до пазарот...ако ова е вака како шо е во строгиот центар на градот , можам да замислам како е на периферијата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom